Дали на Хрватска и се заканува банкрот?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Хрватска е 10-та на листа на земји со најголеми шанси за банкрот

2012 - 10:59 |
Хрватска го зазема 10 место на листа на земји кои имаат најголеми шанси за банкрот, ако се суди според листата која ја состави „Бизнис Инсајдер“.
Тој финансиски портал проучи вкупно 59 земји и врз основа на вредностите на нивните ЦДС (Credit dafault swaps) постави листа на која Хрватска зазема незавидно високо место.
Всушност се работи за цената на трошоците на задолжувањата кои поради својата висина може да го загрозат враќањето на постоечкиот долг на некоја држава и така да ја внесе во банкрот. Првото место секако го зазема Грција со 7015,10 базни поени.
Наспроти толку високите вредности на ЦДС, трошоците на грчкото задолжување во последните шест месеци сепак паднаа на 12,4 отсто. Следува Аргентина со 1.183 индексни поени. Таа земја прилично ја разлути Европската унија по национализацијата на домашната нафтена компанија УПФ која до пред неколку месеци беше во сопственост на шпанската компанија Репсол.
Чесите не се загрижени од банкрот
Високото трето место го држи Кипар со 906,16 поени, а по Кипар следи Украина на 4 место по веројатност за банкрот на листата на „Бизнис Инсајдер“. Веднаш до Украина се смести Португалија, уште еден европски пациент според мислењето на светските финансиски институции. Интересно е дека Шпанија, чиј можен банкарски банкрот се заканува за распад на целата еврозона, според „Бизнис Инсајдер“ е едно место подалеку од банкрот во однос на Хрватска.
Унгарија е за едно место поблиска до банкротот на Хрватска. Трошокот на нејзиното задолжување изнесува 608,61 базен поен, што е 5 базни поени повеќе од Хрватска. На 12 место веднаш зад Шпанија, е Италија чија веројатност за банкрот е поголема од Либан. Единствена утешителна работа која може да се прочита на листата кога е во прашање Хрватска, е дека трошокот на хрватското задолжување во последните половина година паднал 1,9 отсто. Литванија пак го зазема 19 место, Словачка е на 23 место, Полска на 25 место, а далеку на долниот дел на таблицата е Чешка со многу мали изгледи за банкрот.
Последното место на листата со ЦДС од само 52,7 базни поени го зазема Норвешка на која банкрот може да и се закани, дури ако сите 58 земји пред неа би прогласиле банкрот. Интересно е дека САД, наспроти своите значителни економски проблеми е веднаш до Норвешка кога се работи за банкрот.
Загрозен е и Дубаи
Зад него се Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Австралија и Финска. Германија исто така е на дното на таблицата, но помала закана од банкрот од неа имаат Нов Зеланд и Хонг Конг. Интересно е дека Бусинесс Инсидер Дубаи или Абу Даби ги става како посебни ентитети на таблицата. Пребогатиот Дубаи кој огромни пари вложи во се полошиот градежен сектор, се наоѓа многу високо на листата, т.е. само 5 места е подалеку од Хрватска.
Јутарњи лист, Загреб
Само ме интересира што мислите за ова, дали Хрватска е новата Грција?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Држава со добар туризам нема толку лесно да банкротира :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.861
И Србија е катастрофа ми изгледа , гледам динарот им паѓа секој ден , невработеноста им расте ли им расте , бдп-то им падна, геноцидарците се вратија на власт итн.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Јас ова одамна го кажував дури имаше и една тема компарација за македонија и Хрватска итн, но тогаш многу ''експерти" од овој форум се смееја ама времето покажува дека сум бил во право кга е прашањето хрватската економија во последниве години Хрватската економија добар дел беше во рецесија, јавниот и надворешниот долг растат стапката на ддв во Хрватска е покачена и изнесува 25% која во следниот период ке има влијание на намалување на јавната потрошувачка која ќе има сериозен удар врз бдп на Хрватска. Инаку глупи се тие тези дека ако имаш море дека имаш и добра економија затоа што најдобар дел од парите од туризмот одат на странци кој се сопственици ан хотели вили итн , кој после си ги вракаат во матичната држава. А дека морето и туризмот не се сигурнио двигатели и мотор на економијата се докажува со фактот дека Портогалија, Хрватска, Грција Италија без разлика што имаат море и туризам се во сериозни кризи, а Пример една Германија или Полска кој немаат море за развивање на туризам итн газат напред во економска смисла. Не може државата и економијата да има поголем бенефит од еден хотел од една компанија која произведува производи до додадена вредност и користи повисоко ниво на технологии и иновации. Не треба да објаснувам колку зема келнерот во хотелот а колку зема високо обуцен и специјализиран работнинк.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Па и Грција беше со прекрасен туризам, па на кое дереџе е живее од кредити.
Да ама неможе само од туризмот, ако се потпомогне барем 10-15 % и во другите области ке излезе од банкрот :)
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Уште еден текст на Латас/Сител/Вечер како сите ќе пропаднат, банкротираат, изумрат од глад, као демек кај нас рози цветаат!
Не знам дали уште не му е јасно дека луѓево тука не пијат нафта, гледаат, читаат, шетаат по светов, не може да лаже веќе раја туку така. Знаеме сите во каква боранија држава ние живееме!
Хрватска дур е милениче на Ватикан и усукана во задникот на Папата не пропаѓа толку лесно!
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ова споредбите на држави со кризата и банкротите е од типот Штеријо Наков,Хари Костов,Трифун Костовски,Минчо Јорданов многу тешко им одел бизнисот имале многу потешкотии во ова кризно време но пак Елвис од Шутка со домаќинско работење гајле немал бизнисот му цветал задоволен бил.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Па во еу е,а се што е таму е пред банкрот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сето ова укажува дека треба да се направи реорганизација на светските финансии.
Ниту Хрватска, ниту било која друга земја не треба да банкротира, бидејќи од тоа никој ќе нема корист,
Со , реорганизација на светските финансии, треба да се овозможи сите земји, многу повеќе да се задолжуваат и со тоа да се зголемат инвестициите, вработувањето и општата благосостојба.
Системот од Бретонвудс, беше добро решение за свое време, се додека Никсон не го укина во 1971. Треба да се бара ново решение, можеби не по држави, туку по региони или слично.
Ако се продолжи со ваков хаос, не само што ќе банкротираат држави туку ќе дојде до нарушување на демократијата во многу земји. Погледнете какви партии доаѓаат на власт во земјите који се во криза
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288

алчноста и нечесноста го поведе светот напред - нема враќање назад од ова верувај........изгледа некој ниту сака да се воведи ред со задолжувањата........изгледа некој сака да си игра поробувач во ова време кога војните и крвопролевањата се забранети во Европа

издавање кредити и пари без покритие и тоа со милијарди евра,здрав разум може да се посомнева дека ова е случајно......
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На Сител телевизија пак им досадно изгледа. Сите пропаѓаат само Македонија оди напред. Глупости во боја.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
И Словенија влегува во банкрот. Чим Грција не преживеа, сигурно и Хрватска ќе доживее банкрот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom