Дали народот во Македонија живее достоинствен живот?

  • Креатор на темата joli1
  • Време на започнување

Дали граѓаните на Република Македонија живеат достоинствен живот?


  • Вкупно гласачи
    124

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Од автомобилите кај нас на патиштата веќе изчезнаа марките Застава, Лада, Москвич, Рено четворка, Цитроен Спачек, Голф кец, Голф двојка, Пеглица... И тоа кај нас се смета за достоинствен живот... Па што сакаат луѓево коли произведени во крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите се уште да траат??? Па тоа луѓе што се родени почетокот на 80-тите не траат, а не пак колите...

Сега имаме најмногу голфој четворка, петка... Кај нас човек да вози голф 4, голф 5, луѓето ќе го сметаат за прилично богат човек... А во Германија голфојте четворки, петки ги гмечи хидраулична преса со маса од едно 400 тони, или пак евентуално се ставаат комплет цели во машина за рециклирање со 2 валјаци пречник од 70cm со боцки што вртат во спротивен правец...

Во Јапонија ретко се наоѓаат на патиштата Голфој , и што стварно се за жалење Jaпонците а??? А и општо во Јапонија на патиштата и паркинзите ретко се наоѓаат Германските премиум брендови на автомобили... Значи навистина сиромашно живеат Јапонците??? Па се знае што марки на возила најмногу се возат таму. Еве ја листата:

1. Тојота
2. Нисан
3. Хонда
4. Мазда
5. Мицубиши
6. Субару
7. Лексус
8. Инфинити

Во Шведска абе освен Волво и СААБ друга марка ретко ќе видиш по патиштата... А и Сканија во Шведска е најпродаваната марка на Камиони/Шлепери...

Во Јужна Кореја патиштата се преполни со Хјундаи и Киа...

Во Холандија најпродавана марка на камиони/шлепери е DAF...

Италија е преполна nа патиштата со Фиат, Алфа Ромео и Ланчија... Ама и со комбиња/камиони/шлепери IVECO...

Ден денеска да опстоеше во Крагуевац марката Застава, ама и да правеше втора/трета генерација на 101, 128, Југо, Мини кобе Застава 850 и мов модел на комбе застава 950, Фичо башка и нови модели Застава 102, Застава 129 па ќе видевте како ќе одеш продажбата на тие модели. Абе како алва...
Ех кога ќе се сетам на 90тите, по улиците возилата беа 80-90% домашно производство. Иначе опстанокот на домашното производство е директно поврзан со опстанокот бившата држава. На жалост се се исели од бивша Југа, од инжињери и доктори, до обичен работник. Тие инжињери сигурно работат некаде по бел свет, можеби дизајнираат коли? Ако тие коли се увезуваат тука, на некој начин и тоа е домашно производство? Неверојатно е какви се ефекти има тој процес наречен бреин-дреин, навидум е неприметлив, но има ефекти полоши и од војна.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не би се сложил со болдираното.

Буквално референдумот беше бојкотиран од мнозинството, што е јасен доказ(и правен, и патриотски и каков сакаш) дека народот немаше намера да го смени името.
Народот немаше намера да го смени името, ама народот и не се потресе нешто премногу ни за да го задржи, hence зошто од сите опции се одеше на бојкот, оти најмногу ни прилега на нашата колективна нарав, да седиме и ништо да не правиме. Уствари ајвар правевме. После тоа на истите тие што го сменаа името, народот на избори повторно им даде доверба како потврда на нивните дотогашни политики, вклучително и промената на името. Дека народот овде нешто плански и со умисла прави за колективното добро и доброто на државата, не би се согласил. Да беше свесен за последиците ќе излезеше масовно и на референдумот за територијалната поделба, а не излезе. Исто, масовно ќе го бојкотираше и пописот.

Народот овде е инертен. За да излезе од глувчешката дупка во која што се крие, треба некој да му фрли сиренце и ќе се фати на стапицата. По тој принцип политичките партии овде владеат, а сиренцето е аналогија на партиските вработувања, тендери, услуги кои што партиите им ги нудат на гласачите за возврат на нивниот глас. Народ на кој што достоинството му е важно, овие работи не ги прави. Затоа, во контекст на темава, не можеме да говориме за достоинствен народ, а со тоа ни за достоинствено живеење. Народот овде живее онака како што самиот одбрал да биде воден.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Парите не се проблем во Македонија.
  • Имаш еден куп пари, одиш да ги трошиш во East Gate Mall, ти се поплавува Поршето оти си влегол во некоја фуш градба
  • Си го запишал детето во школо, му паѓа плафонот на глава затоа што тендерот бил даден на безвезална фирма без надзор и со кратење на квалитет
  • Се разболуваш плаќаш 50.000€ за да си играат на тебе експериментален глушец со непризнаени методи.
  • Купуваш стан од 300метри квадратни со поглед кон мадињата на Букефал. го дишеш најгнасниот воздух на планета земја после Мумбаи
Квалитетот на живот е проблем

Луѓе добро ситуирани бегаат од овде не заради поголема заработка туку затоа што сакаат да проживеат во добро организиран систем кој нема да им прави опструкции и ќе им овозможи чесен и фер пазар на труд преку кој ќе плаќаат даноци спрема државата која пак од друга страна ќе им овозможи систем кој функционира.
Проблемот е што тешко се влегува во тој систем, почнување од нула во земји који никогаш нема да ги доживуваш како свои. Едно време се веруваше дека Македонија ќе стане како нив. Се разбира со тоа иде сакањето спрема својата држава, патриотизмот.
Тоа више го нема, сега имаш апатија и гнев и нема враќање назад. Цели генерации се задоени со тој мајндсет и во иднина ќе се случува само додатно урнисување така да имал или немал пари во оваа држава многу и не ти менува.
Да парите ќе ти понудат полагоден живот меѓутоа цената која ќе треба да ја плаќаш е преголема.
Накратко кажано животот овде е бајаги скап и станува се поскап од ден во ден, недела во недела, месец во месец и година во година, а квалитетот на животот и квалитетот на услугите е се помал/полош... Се иселуваат и луѓе со празен стомак, но и се повеќе луѓе со мозок... кои многу добро увиделе дека овде нема иднина ни за себеси, а уште помалку за своите деца или внуци... Луѓето сакаат функционален систем и чиста сметка, колку ќе платиш толку и да клатиш што би се рекло, а не криминал, корупција и подјебавање !
 
J

joli1

Гостин
...напротив, тебе човек тука да те прочита околу ова проблематика ќе помисли дека носиш розови очила и НЕ ја гледаш сопствената околина, ете комшивчето кое само таткото работа, а тој одвај ги пркна своите 10 години си сака смартфон за роденден, но не можеш да го излазеш со тие 100-150 евра ајфон, туку си знае што сака, така да дедото ја дал целата пензија да тато додаде уште толку за да му е исполни желбата за „ептен потребен“ смартфон на детето, а тоа е над 500 евра,

...дали има потреба да коментирам за славење на матура, полуматура, четврт матура и колку таму се троши само за „гледајте не', чудете се“, а детето ништо посебно паметно што завршило, голема работа, нели? родендените, имендени, славите и што уште не веќе се се слават по домата каде ќе се исчука 10 јајца за една торта што сите ќе ја јадат, туку се закажува во игротеки со договорен и наплатен перфоманс, а кафаните и рестораните се преполни со секакви поводи, па дури присуствував на роденден на мачка, ејјјј мачка, ќе ми се налутеше пет сопственикот да не присуствував, па дури и жива музика викнал :facepalm:

... јебига, дали ти си знаел што е хамбургер, лименка , сладолед и што ја знам секој ден да се купува, а да не се ручува дома, па нормално дека нема да стигнат толку пари како порано што било чоколадо за роденден, а може само за Нова година, секој ден леб и манџа за ручек за сите.


..јесте, да, ама не секој втор месец или секоја година, твоето ранче можеби износено од твојот постар брат и патиките ако не биле скинати, а не како сега секој месец патики, облека без веза треба не треба, и секоја школска година све ново без разлика што минатогодишните ранчиња се исправни и сеуште употребливи, така да немој со тие куршуми, сега све е збеснато, се троши на големо и што треба и што не треба, се натпреваруваме со комшиите и со роднините, секоја вредност е изгубена, кредити до гуша за глупости.

... помини по одморите на средните училишта, скоро пола ученици со надпросечна телесна тежина за нивна возраст, деформишани во телото со залапани буреци, хамбургери, сокови, лименки мислиш крај на свет ќе биде, па пикаат резерви во мешето, може и студентите да ги ѕирнеш да видиш што јадат и што пијат, еееееее џин тоник бре за време на пауза од вежби, цигари во ранец, не можат да издржат три часа настава, после пола час губат концентрација те гледаат со очите како жалосна сова, аман немој барем мене да ми кажуваш, причам ти причу, сто ги имам јас да ти ги пишам!

...а што мислиш ти, дека Монако е нешто посебно, ако одиш едно три, четири пати и те како ќе смениш мислење дека „Монако“ не е нешто пак уауу, јест да е важно местото, но не повеќе од друштвото кое го прави и самиот одмор кул!
Тетке, ако некој не гледа низ розеви наочари тоа сум јас.

Тоа што родителите на твоето комшивче му купиле телефон кој што не можат да го дозволат, се со цел да му удоволат, не значи дека мнозинството народ така живее, ниту пак мнозинството млади луѓе. Вината слободно можеш да ја тражиш кај родителот кој што не знае да му каже НЕ на сопственото дете.

Славење матура е традиција на младите луѓе низ целиот свет, не се слави матура само тука. Колку се троши за матура зависи само од родителите, не од децата, пак ќе ти кажам, ако родителот не знае да му каже НЕ на сопственото дете и да му даде до знаење колку му се финансиските можности, тогаш вината не е кај детето туку кај родителот.

Ниедно дете не сака да биде ускратено, ниту пак некој родител сака нешто на неговото дете да му биде ускратено, нешто што останатите деца го имаат.

Сакаш ли да ти кажувам за мои вршњаци кои што не отидоа на матура поради тоа што нивните немаа пари ниту за јадењето, а не за облека?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не ни знаат што е тоа одмор, а не пак море?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не одеа на екскурзии (ни во странство, ниту пак во Македонија) поради финансиски причини?

Уживај, не ми кажувај само за моменталната ситуација во школи затоа што школо завршив 2018/2019-та година, добро знам што се случува, десетина постови на форумов имам пишувано на таа тема, ама ете, уште еднаш ќе ти кажам.

Квалитетот на образованието во државните училишта е толку смешен што е жалосно, елементарно неписмени деца завршуваа со 5.00, мнозинството професорки беа влезени во менопауза, вработени преку партија, полни со трауми од детство па затоа вербално ги малтретираа учениците, фаворизираа само одредени деца, најчесто деца на политичари или добросуитирани фамилии, предавањето им се состоеше од систем на отвори таа и таа страна, прочитај, пиши ги прашањата у тетратка и одговори ги и ете го крај на часот, а ако се побуниш, тогаш идеш кај психолог, директорка, јадеш писмени опомени затоа што ,,авторитетот" си им го донел во прашање.

Најпаметните деца што ги имам запознаено, некои беа и мои соученици и другари, одбиваа да учат по таков систем, беа казнувани со писмени опомени при прво побунување, во школо одеа само поради тоа што мораа, а добар дел од нив и улицата ги проголта затоа што квази професорките не знаеја за ништо да ги заинтересираат ниту да ги задржат во школо.

Носат џин тоник и цигариња затоа што у маркетот у близина у школото не те прашуваат за лична карта за да купиш алкохол, ниту пак саатот кога купуваш ги интересира, а за цигариња увек имаш дуќанче пред школо кај што се шиткаат рефус цигариња, па затоа имаш епидемија на пушачи кај младината, у школски двор за време на голем одмор имаш повеќе пушачи него непушачи.

Не ги ни кривам, како да не одиш со џин тоник или пак да не пушиш у школо у WC кога 45 минути трпиш жена у менопауза што ти се дере затоа што маж и не ја ебел сабајлето?

Па јас лично, како и моите другарчиња, без два грама вутра не се појавувавме у школо, обавезно ќе се напафкавме пред школо за да ги преживиме првите два часа, па потоа на голем одмор уште еднаш, па после уште еднаш измеѓу часови за да не станеш и не им ги скинеш ушите на некои утрипани професорчиња влезени преку партија што ти глумат некаков авторитет, а поима си немаат, не само од живот, туку и од предметот што го предаваат.

Професор кој што го гласавме за најдобар професор во цело школо, и ние и родителите, му беа одземени мнозинството часови и беа доделени на друг професор која што влезе преку партија.

Па концентрација и фокус треба да им задржи професорот, сигурно професорката што ја оговара колешката (честа појава) нема да ме заинтересира за предметот кој што го предава, поготово кога го предава на начин прочитај у книга, одговори ги прашањата што се во книга и крај на часот.

Има добри професори, не викам не, али истите ниту се наградувани ниту пак можат до израз да излезат поради купишта вакви неспособни професори.

Пак ќе ти кажам, каква и да е младината, таква е само поради вас постарите како и поради системот што вие ни го оставивте, поточно, само поради гомната што вие ни ги оставивте. Да впериш прст спрема младината, кога вас со децении у глава ве ебат политички партии, ве лажат, ве крадат, ве протнаа низ груба транзиција без збор да изустите е парадоксално, жално и погрешно.

И за крај, пошто имам чувство ко мене лично да ме набедуваш или пак пишуваш нешто за мене (невистини), ќе ти кажам вака, јас работам од мои 13 години, цел период на школо дур бев работав (физичка работа) и идев у школо, екскурзии, матури, се сам си имав платено, денар од дома немам земено, а сметки дома со години плаќам поради сопствен ќејф и желба да помогнам дома, се што носам на мене сам си го имам купено, а од моите никогаш не сум тражел ништо освен кров над глава и доручек/ручек.

Денес, иако без факултет сеуште, но сепак полн со работно искуство, работам работа која што е многу добро платена, заработувам далеку повеќе од мнозинството луѓе во мојов град, заработувам повеќе и од професорите кои што мајка ми секој втор ден ја викаа во школо на разговор поради тоа што ,,авторитетот" сум им го носел во прашање поради моите критики упатени кон нивната способност за водење настава, но спремен сум у секој момент чим ми се пружи прилика и кошуљава за на работа што ја носам да ја фрлам и да киднам во друга држава, макар и чистел WC-иња, затоа што од работа не се срамам.

Биди ми поздравена.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Многу површно се гледа на работите. Секогаш треба работите да се анализираат и да се споредуваат. Денешните деца уште во основно имаат компјутери, таблети, смартфони, интернет... точно, а ние кога бевме на нивна возраст во минатиот век тоа го немавме т.е. максимум имавме нинтенда или од оние гемчиња на кои се играше тетрис... Денешните деца имаат многу повеќе играчки одошто имавме ние на времето кога бевме деца... Денешните деца имаат многу повеќе топки, секакви и баскети и фудбалски, него ли ние на времето кога се радувавме макар и на едно мало топче од пазар ако ни го купат родителите или дедовците и бабите... Денешните деца имаат далеку многу повеќе облека и обувки за да се модираат одошто ние кога бевме на нивни години... Денешните деца и воопшто денешната популација е многу подебела/погојазна, него ли популацијата во минатиот век, денеска деца од основно школо личат како средношколци или факултетски студенти, а па средношколците личат како да имаат над 30 год. Порано одделенијата/класовите беа по 35-36 деца јас кога бев основно, па и средно, макс. имаше двајца или тројца дебели деца, останатите бевме ко од Етиопија, а денеска ретко да видиш основец или средношколец костур, сите се ко говеда, така да се изразам. И сега според сите овие анализи и споредби некои ќе речат тогаш бевме сиромашна држава и народ, а сега сме богата и модерна европска држава и народ, што нема врска.
Како резултат на развојот на технологијата денеска животот е олеснет, модерните технолошки алатки се достапни за широките народни маси, па и за децата, денеска има многу повеќе маркети, продавници и трговски центри како и производи и конзумеризмот на истите е многу подостапен и пообемен. Денеска влагаш у некој рандом маалски маркет имаш избор на производи од неколку десетици марки, порано имаше едвај по една или две врсти на леб, јогурт, млеко, зејтин и.т.н. Но сепак платите се генерално мали/недоволни за човек да може да живее не луксузно и раскошно туку онака средно, ама од денешна временска перспектива гледано, а не да живее ко во 80ти или 90ти кога потребите на луѓето биле помали, животот поедноставен, трошковите помали, а и конзумеризмот помалку обемен !
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Динамични се работиве, па одговорот на темава би бил: голем дел од народот живееше колку толку достоинствен живот, а за некој месец денешната состојба ќе му изгледа како да живеел во луксуз. Тие што трпат денес не е лошо да си побараат јамболии додека се поефтини, оти нема да може да си платат ни за храна, а не пак за струја/греење.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Е*ати животот и напредокот ако во 21 век и тоа во 2022/23 год. од термо-печка/и треба да се премине на шпорет на дрва (за греење на домот), или од електричен шпорет да се премине на готвење исто така на оган/дрва, или од сијалици на свеќи... Океј луѓето во рурални средини можат покомотно да си ги тераат овие работи, но не ми е јасно како луѓе/домаќинства во урбаните средини ќе го прават сето ова, па цело маало ќе биде во облак од чад ако сите куќи се греат и готват на дрва, прст пред око нема да се гледа, а политичарите ни говорат за некаква екологија и преоѓање од горење на дрва на користење на незагадливи извори на енергија како што е струјата т.е. греење и готвење на електрични уреди, ама струја јок... :tapp:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Тетке, ако некој не гледа низ розеви наочари тоа сум јас.
...веднаш добиваш негативни, затоа што никаде не пишувам ниту насочувам за да добиеш ти дојам за „тетке“, а и јас не те именував со никакво друго име или епитет, не дека е лошо тоа „тетка“, но начинот како го кажуваш ме спушташ на левел кој сакаш да го почнеш со вреѓање како се лигават некои други тука што не знаат друго што да напишат, а те сметам за малку посериозен, иако спомнуваш на некои теми за конзумирање на „трева“, сепак тоа го сметам за доба на твоја луда младост!
Славење матура е традиција на младите луѓе низ целиот свет, не се слави матура само тука. Колку се троши за матура зависи само од родителите, не од децата, пак ќе ти кажам, ако родителот не знае да му каже НЕ на сопственото дете и да му даде до знаење колку му се финансиските можности, тогаш вината не е кај детето туку кај родителот.
...пишуваме за славење прваче, четврт матура, полуматура, а не само за „матура“ што се слави во цел свет, но не како кај нас сега со претерување во облека, кафани и прослави на цела фамилија и пошироко!
Сакаш ли да ти кажувам за мои вршњаци кои што не отидоа на матура поради тоа што нивните немаа пари ниту за јадењето, а не за облека?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не ни знаат што е тоа одмор, а не пак море?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не одеа на екскурзии (ни во странство, ниту пак во Македонија) поради финансиски причини?
...сакам! само така ќе ти докажам дека не си во право, повели пиши ми на ЛП!
Квалитетот на образованието во државните училишта е толку смешен што е жалосно, елементарно неписмени деца завршуваа со 5.00, мнозинството професорки беа влезени во менопауза, вработени преку партија, полни со трауми од детство па затоа вербално ги малтретираа учениците, фаворизираа само одредени деца, најчесто деца на политичари или добросуитирани фамилии, предавањето им се состоеше од систем на отвори таа и таа страна, прочитај, пиши ги прашањата у тетратка и одговори ги и ете го крај на часот, а ако се побуниш, тогаш идеш кај психолог, директорка, јадеш писмени опомени затоа што ,,авторитетот" си им го донел во прашање.
Најпаметните деца што ги имам запознаено, некои беа и мои соученици и другари, одбиваа да учат по таков систем, беа казнувани со писмени опомени при прво побунување, во школо одеа само поради тоа што мораа, а добар дел од нив и улицата ги проголта затоа што квази професорките не знаеја за ништо да ги заинтересираат ниту да ги задржат во школо.

Носат џин тоник и цигариња затоа што у маркетот у близина у школото не те прашуваат за лична карта за да купиш алкохол, ниту пак саатот кога купуваш ги интересира, а за цигариња увек имаш дуќанче пред школо кај што се шиткаат рефус цигариња, па затоа имаш епидемија на пушачи кај младината, у школски двор за време на голем одмор имаш повеќе пушачи него непушачи.

Не ги ни кривам, како да не одиш со џин тоник или пак да не пушиш у школо у WC кога 45 минути трпиш жена у менопауза што ти се дере затоа што маж и не ја ебел сабајлето?

Па јас лично, како и моите другарчиња, без два грама вутра не се појавувавме у школо, обавезно ќе се напафкавме пред школо за да ги преживиме првите два часа, па потоа на голем одмор уште еднаш, па после уште еднаш измеѓу часови за да не станеш и не им ги скинеш ушите на некои утрипани професорчиња влезени преку партија што ти глумат некаков авторитет, а поима си немаат, не само од живот, туку и од предметот што го предаваат.

Професор кој што го гласавме за најдобар професор во цело школо, и ние и родителите, му беа одземени мнозинството часови и беа доделени на друг професор која што влезе преку партија.

Па концентрација и фокус треба да им задржи професорот, сигурно професорката што ја оговара колешката (честа појава) нема да ме заинтересира за предметот кој што го предава, поготово кога го предава на начин прочитај у книга, одговори ги прашањата што се во книга и крај на часот.

Има добри професори, не викам не, али истите ниту се наградувани ниту пак можат до израз да излезат поради купишта вакви неспособни професори.
... тука нешто си во право, но малку во извртена форма, затоа што партиските вработување како што ги опишуваш се случува уназад 5 - 7 години, но не и порано, а таквите фаворизирани ученици биле ретки двајца тројца во класот, а тоа незаинтересираноста на одредени професори дури не се поврзани со партиски вработување затоа што тие работаат од многу порано кога такви биле уште од вработување, какви ученици такви и професори и обратно! ако не е тајна во кое средно си учел што имаш такво лошо искуство?
Пак ќе ти кажам, каква и да е младината, таква е само поради вас постарите како и поради системот што вие ни го оставивте, поточно, само поради гомната што вие ни ги оставивте. Да впериш прст спрема младината, кога вас со децении у глава ве ебат политички партии, ве лажат, ве крадат, ве протнаа низ груба транзиција без збор да изустите е парадоксално, жално и погрешно.
... младината каква е само според како ги воспитале родителите, знаеш прво родителот го формира детето му дава основно воспитување во тие 7 години, а училиштата и сите тие „постари“ се задолжени само за образование да се надгради младината со знаење, но самото однесување на младината зависи само и само од сопствените родители или старатели каде ги поминале првите години од своето раѓање какви луѓе се оформени, затоа што воспитањето покасно не може никако да се поправи, пренесе или било што, таа индивидуа останува така, ретко многу ретко може некои фактори или околината да го „поправат“!
И за крај, пошто имам чувство ко мене лично да ме набедуваш или пак пишуваш нешто за мене (невистини), ќе ти кажам вака, јас работам од мои 13 години, цел период на школо дур бев работав (физичка работа) и идев у школо, екскурзии, матури, се сам си имав платено, денар од дома немам земено, а сметки дома со години плаќам поради сопствен ќејф и желба да помогнам дома, се што носам на мене сам си го имам купено, а од моите никогаш не сум тражел ништо освен кров над глава и доручек/ручек.
... работење од 13 години на дете е незаконски и казнливо, но можеби таква ти била ситуацијата и животниот тек, но кај тебе ете што те читам барем на форумов, а никогаш за ништо не те набедив на тој начин како насочуваш, ама ете не те оправдувам за некои работи, а тоа е што си толку „запознат“ со забранети силни супстанции или како пишуваш ти дека си применувал “трева' или што и да е,

Денес, иако без факултет сеуште, но сепак полн со работно искуство, работам работа која што е многу добро платена, заработувам далеку повеќе од мнозинството луѓе во мојов град, заработувам повеќе и од професорите кои што мајка ми секој втор ден ја викаа во школо на разговор поради тоа што ,,авторитетот" сум им го носел во прашање поради моите критики упатени кон нивната способност за водење настава, но спремен сум у секој момент чим ми се пружи прилика и кошуљава за на работа што ја носам да ја фрлам и да киднам во друга држава, макар и чистел WC-иња, затоа што од работа не се срамам.
...денес е срамота да немаш факултет, не во смисол како било порано, туку можеш многу лесно да се здобиеш со таква диплома од високо образование и секој ама буквално секој, завршува некој факултет, а уште се неписмени не се снаоѓаат лесно со читање и пишување, а имаат диплома, така да во таа област во ЛП, ако сакаш можам да ти помогнам и да ти дадам совет што и како да направиш, само изрази желба и по некој денар да имаш при полагање!
...инаку од работа никој не треба да се срами, а по тоа се познава духовната сила на индивидуата, па и да чисти вециња и скали, ама да биде чесен и воспитан, а да беа такви сите авторитети во државава по институции со таков сопствен пример, сите потоа под него ќе работат све и свешто, па и веце да бришат ако нема хигиеничар без збор да кажат.
...инаку интересно е да многу поинаку го перцепирате женското пишување тука на форум, ете и ти веднаш поинаку реагираш и се лутиш, освен од особи, нели што лично ги познаваш од Фб, а овде демек не се познавате, ама биди сигурен дека погрешно ме проценуваш и воопшто не сум таква како ме замислуваш, ама мушки член да ти напише било што воопшто не се лутиш иако можеби е злобен, ама ете женско да напише било какво мислење...веднаш буууууум! краток фитил!:pipi:
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
...веднаш добиваш негативни, затоа што никаде не пишувам ниту насочувам за да добиеш ти дојам за „тетке“, а и јас не те именував со никакво друго име или епитет, не дека е лошо тоа „тетка“, но начинот како го кажуваш ме спушташ на левел кој сакаш да го почнеш со вреѓање како се лигават некои други тука што не знаат друго што да напишат, а те сметам за малку посериозен, иако спомнуваш на некои теми за конзумирање на „трева“, сепак тоа го сметам за доба на твоја луда младост!
види, бијонс да те викам е смешно, а тетке не е никаков негативен епитет, барем не го пишав со таква намера.

конзумирање марихуана, барем во мојот случај, никогаш не ме правело несериозен.


...пишуваме за славење прваче, четврт матура, полуматура, а не само за „матура“ што се слави во цел свет, но не како кај нас сега со претерување во облека, кафани и прослави на цела фамилија и пошироко!
и полуматура се слави секаде скоро низ светот, за четврт матура уште не сум имал прилика да видам дека некој слави, но не би ме чудело дури и да слават.

доколку финансиите им го дозволуваат тоа и родителите на родителска се согласат и сметаат дека е правилно, зашто па да не.

... тука нешто си во право, но малку во извртена форма, затоа што партиските вработување како што ги опишуваш се случува уназад 5 - 7 години, но не и порано, а таквите фаворизирани ученици биле ретки двајца тројца во класот, а тоа незаинтересираноста на одредени професори дури не се поврзани со партиски вработување затоа што тие работаат од многу порано кога такви биле уште од вработување, какви ученици такви и професори и обратно! ако не е тајна во кое средно си учел што имаш такво лошо искуство?

... младината каква е само според како ги воспитале родителите, знаеш прво родителот го формира детето му дава основно воспитување во тие 7 години, а училиштата и сите тие „постари“ се задолжени само за образование да се надгради младината со знаење, но самото однесување на младината зависи само и само од сопствените родители или старатели каде ги поминале првите години од своето раѓање какви луѓе се оформени, затоа што воспитањето покасно не може никако да се поправи, пренесе или било што, таа индивидуа останува така, ретко многу ретко може некои фактори или околината да го „поправат“!
партиските вработувања се случуваа далеку пред 5-7 години, да бидеме реални, а кај сум учел нема да кажам за да си ја зачувам анонимноста на форумов.

ова го зборувам затоа што добро знам уште од основно што се случуваше и како луѓе влагаа на работни места, како и кој ги вработувал и од кои причини, пак ќе кажам, ниту порано (бар ја дур бев у основно) ниту пак сега е можно да се вработиш како професор без да имаш политички конекции или пари за да си го платиш работното место.

може некој период после независноста да не било така, ама со сигурност знам дека деценија и пол на тој начин се вработуваат професори, лично ми имаат признаено професори на кој начин се имаат вработено со моабет дека колку и да си квалитетен нема да го добиеш работното место ако не платиш (5.000 евра) или не те препорача и не ти среди некој од партија.

нема врска, добар професор се познава по тоа што знае како да ја привлече пажњата и како да ги заинтересира децата за тоа што го предава, баш на тој начин се издвојуваат добрите и лошите професори.

иако некои професори не сум ги сакал поради нивниот карактер или политичка ориентација, сепак секогаш сум ги почитувал поради способноста да го заинтересираат целиот клас за тоа што го предаваат, вклучувајќи ги и мангупите од задњата клупа.

точно, младината е онаква како што ги воспитале дома родителите, но и каков што е системот, надворешните влијанија поготово во адолесценцијата како и во пубертет се далеку повлијателни него било каков збор на било кој родител спрема сопственото дете.

немој да мислиш дека у некој од западните држави родителите посветуваат повеќе влијание на сопствените деца или пак ги воспитуваат подобро, па нивните деца од таа причина се покултурни и пообразовани.

... работење од 13 години на дете е незаконски и казнливо, но можеби таква ти била ситуацијата и животниот тек, но кај тебе ете што те читам барем на форумов, а никогаш за ништо не те набедив на тој начин како насочуваш, ама ете не те оправдувам за некои работи, а тоа е што си толку „запознат“ со забранети силни супстанции или како пишуваш ти дека си применувал “трева' или што и да е,
работење од 13 години е казниво да, но кој ќе те казни?

од друга страна, сум работал од сопствена желба, никој не ме терал, јас ги терав моите да ми дозволат и сам си најдов работа прашувајќи по дуќани и пекари, на почеток бев платен колку што ќе ми дадеше газдата, а потоа бев на дневница и на крај на плата. од дете сум сакал сопствени пари.

не го гледам проблемот да си запознаен со забранети супстанци, затоа што сметам дека човекова природа е да истражува други видови на свест преку употребување (не злоупотребување) на супстанци, дури ми е и смешно одредени супстанци како марихуана, па дури и некои други да се класифицираат како тешки дроги кога пола народ ни е на бензодиазепини и ракија од сабајле.

треба информирање, а не стигматизирање на супстанци, не само за легалните туку и за илегалните, па можеби тогаш луѓето ќе сфатат дека бензодиазепините предизвикуваат психофизичка тешка зависност и тешка апстиненцијална криза, како и голем број долготрајни нус појави како резултат на долготрајно конзумирање.

и да, колку што сум искрен во врска со нив на форумов - толку сум и искрен и во живо, доколку ме прашаш во живо ќе ти кажам дека сум конзумирал, секој има право да си прави со сопственото тело и себеси што сака, се додека не загрозува туѓ живот.

...денес е срамота да немаш факултет, не во смисол како било порано, туку можеш многу лесно да се здобиеш со таква диплома од високо образование и секој ама буквално секој, завршува некој факултет, а уште се неписмени не се снаоѓаат лесно со читање и пишување, а имаат диплома, така да во таа област во ЛП, ако сакаш можам да ти помогнам и да ти дадам совет што и како да направиш, само изрази желба и по некој денар да имаш при полагање!
...инаку од работа никој не треба да се срами, а по тоа се познава духовната сила на индивидуата, па и да чисти вециња и скали, ама да биде чесен и воспитан, а да беа такви сите авторитети во државава по институции со таков сопствен пример, сите потоа под него ќе работат све и свешто, па и веце да бришат ако нема хигиеничар без збор да кажат.
...инаку интересно е да многу поинаку го перцепирате женското пишување тука на форум, ете и ти веднаш поинаку реагираш и се лутиш, освен од особи, нели што лично ги познаваш од Фб, а овде демек не се познавате, ама биди сигурен дека погрешно ме проценуваш и воопшто не сум таква како ме замислуваш, ама мушки член да ти напише било што воопшто не се лутиш иако можеби е злобен, ама ете женско да напише било какво мислење...веднаш буууууум! краток фитил!:pipi:
точно, тука се сложуваме, денес е срамота да немаш факултет од само една причина, а тоа е колку лесно и без никакво знаење денес се земаат дипломи.

јас сакав да УЧАМ на факултет, а не да идам на факултет за диплома, можеби тоа и е причината поради која што не запишав факултет неколку години после завршување на школото.

немам ја против никакво женско пишување на форумов, ниту поразлично го перцепирам од пишувањата на машките форумаши, проблемот е во твојот начин на пишување кое прави сите да сметаат дека лично им пишуваш на нив и ги клеветиш, наместо дека учествуваш во дискусија.

на ФБ имам само една личност од форумов, на инстаграм уште по некоја личност, и немам исти ставови со нив, дури и си ги имаме носено меѓусебно ставовите во прашање, како и тоа што не се согласуваме буквално за се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom