Наутро се будам, го вклучувам својот компјутер,влукучувам медиа плее. Си редам омилени песни во плејлиста за поубаво расположение и така ми започнува скоро секој ден. Го подготвувам кафенцето, вклучувам google chrome,влегувам во виртуелниот свет, а во позадина оди некоја омилена песна, во меѓувреме кројам план за денешниот ден. Посегнувам по мобилниот вртам како и обично на мојата девојка а во позадина често има некоја песна. Додека сите овие работи ги направам веќе е време за на работа. Секогаш во мојата јакна во едниот џеб се наоѓаат моите омилени слушалки. Скопје е полн со метеж како и секој вообичаен работен ден па затоа најчесто слушам Chillout музика додека се возам до работа. Навечер кога си легнувам да спијам обавезно си пуштам на мојот мобилен некоја тивка и мелодична музика за едноставно поубаво и полесно да заспијам. Во меѓу време се присетувам настаните кои оставиле одредени траги во мојот живот, или пак едноставно се препуштам на фантазиите... и заспивам... Како и да е, музиката е составен дел од нашиот живот. Таа едноставно е присутна тука, во нашиот живот како некоја си сенка која не ја гледаш, а сепак те следи. Секоја болка и тага, секоја среќа и радост се пренесени во мелодијата, стиховите и изведбата на песната. Музиката е присутна во човечкиот живот уште од своето раѓање. Своите мајки пред заспивање со цел да ни искажат колку не сакаат, своите чуства ги искажуваат преку песната со која не успиваат. Сите прослави, веселби, родендени не поминале без музика. И до ден денес кога ќе слушнам некоја си мелодија од детството, веднаш ме навратува на времето во кое сум растел и ме потсетува на настаните од тој период. Многумина во својата тага или радост ја слушаат песната која ги потсетува на личноста која ги повредила или усреќила многу. Секоја мелодија, стих и изведба на некоја песна си е посебна приказна за себе. Секој човек си се пронаоѓа во некоја си песна. Музиката... Едноставно нешто кое не спојува сите. Традиција со век и векови која се шири насекаде низ целиот свет. Сите свои чуства се насочуваат кон нејзино создавање. Сета своја креативна идеја и мисла се насочува кон нејзино усовшување и создавање на некои си нови стилови. Сенка која не следи насекаде. Волшебен часовник кој ќе не врати во времето во кое што сакаме. Терапија која ќе ни ја влоши или подобри душевната состојба. Се раѓаш... Те прославуваат со музика. Умираш... Те исплакуваат низ неа.