Дали музиката е дел од вашиот живот?

  • Креатор на темата викацот
  • Време на започнување
В

викацот

Гостин
решив да отворам ваква тема бидејки јас без музика неможам да живеам
па затоа решив и вас да ве прашам дали и на вас музиката ви е дел од животот
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
:vozbud::vozbud::vozbud:Еееееехххххххх и тоа како... Слушам музика, свирам клавир. ОК, можеби професијата која си ја одредив нема врска со музика, но пак си ја сакам музиката. 7 години нижо музичко, натпревари, семинари и приватни часови не се малку. Сакам да слушам музика, особено онаа што е милозвучна (класика, етно, њу-ејџ) како и забавни жанрови кои се пуштаат по радијата, сакам да свирам на клавир (особено руските романтичари, а и да си ја развивам техниката со барокни инвенции колку и да се досадни), сакам да споделувам мислења околу музиката. Особено за последново тука секогаш ми е КАЈГАНА ФОРУМ:back:.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
да можам да кажам дека е дел од мојот живот.
дневно свирам по 2-3 саати така да.. :)
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
решив да отворам ваква тема бидејки јас без музика неможам да живеам
па затоа решив и вас да ве прашам дали и на вас музиката ви е дел од животот
Си пробал дал можеш без музика да живееш??? :pos:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Доста се правите паметни јас мислам дека супер му е темава, сега ако има некоја слична или дупла тоа е работа на модераторите а не на обичните членови. Значи може слободно само да си дискутирате а не да се правете паметни.

Да не цепам оф топик еве и јас да се изјаснам на темава...
Се разбира дека не можам да замислам ден без музика, едноставно до некаде и јас сум приварзан кон музиката (свирам гитара во слободно време) и можам да кажам дека музиката има големо влијание на моите чувства во текот на денот.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Секако. Мислам дека не постои човек кој мрази музика.
Денот ми започнува, трае и завршува со неа. Не можам да поминам ниту еден ден без омилените мелодии. Ме исполнува на секој начин, ја применувам да се изразам и духовно (моите чувства кон некого) и телесно (танцувам).
Воедно и пишувам песни од време-на време.
Не знам како би опстоила без неа, се би станало толку монотоно.
Дефинитивно еден од најважните фактори во мојот живот.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Аудиофил без музика не иде..

Нема ден да пројде без минимум 4 саати музика, едноставно не функционирам без нејзе..
Според расположението таква музика си пуштам, или ако сакам да индуцирам одредено расположение..
Почнувајки од рок метал.. па се до хардкор панк и драм ен бејс..
Такада во принцип.. НЕ.. неможам да живеам без музика, би скренал ваљда..
 
В

викацот

Гостин
едно големо благодарам до марко и "Stre3T Danc@" за подршката на темава ама ете се наоѓаат по некои ај да не речам изроди на кои се им смета

Си пробал дал можеш без музика да живееш??? :pos:
СУМ ПРОБАЛ И НЕМОЖАМ
А АКО УСПЕАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ МУЗИКА ТЕБЕ ПРВ КЕ ТЕ ИЗВЕСТАМ
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Па како не, како не... за мене музиката впрочем е СЕ на светот и животот мој е безначаен ако нема музика во него.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
едно големо благодарам до марко и "Stre3T Danc@" за подршката на темава ама ете се наоѓаат по некои ај да не речам изроди на кои се им смета



СУМ ПРОБАЛ И НЕМОЖАМ
А АКО УСПЕАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ МУЗИКА ТЕБЕ ПРВ КЕ ТЕ ИЗВЕСТАМ
Чудно како се уште си останал жив.:uvo:

Чудно што очекуваш сите да ти ја сакаат темата, ама јебига имат секакви изроди. :pos:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Слободно можам да кажам дека ја ставам пред СЕ :smir:
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
И тоа како...значи во денот ако не слушам бар малку музика, дефинитивно ќе ми биде за никаде расположението. Мора да кажам дека сум љубител на добриот рок и одличните ретро песни. Тоа е музиката која ја слушам во најголем дел од времето. Е сега, нормално сум отворен и да слушнам нешто ново, нешто поразлично, како што се се подобрите нови алтернативни рок бендови. Исто така, обожавам да зборувам со луѓето околу мене за нешто што тие слушат во моментов, да размениме мислења, да слушнеме уште нешто добро. Едноставно, се будам со музика, низ денот зборуваме за музика и слушаме музика, а навечер завршувам со музика, без разлика дали е тоа некаде или пак пред спиење.
Нема ништо лошо во тоа да се слуша музика, дури и е многу добра за човекот, за разлика од шпанските серии кои го затупавуваат, а богами и спортската прогноза која го нервира човекот понекогаш :kez: музиката може да ти се најде во секоја ситуација, кога си тажен, среќен, расположен, депресивен, или било што друго.
Е сега, тоа што во нашите краишта се повеќе навлегува нешто што некои самопрогласени ѕвезди мислат дека е музика, а е далеку од тоа...тоа е лоша ситуација, но веројатно и за во друга тема:helou:
Поздрав, и слушајте музика, ама пред се, добра музика!
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Музиката има доста голема улога..не сум ниту пејач ниту свирам инструмент, едноставно морам постојано да слушам музика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom