Дали може да се освои секој, значи, не тој/таа што чувствува исто како вас (тоа е лесно и едноставно), туку тој/таа кој/а буквално не ве забележува? Може ли да се сменат чувствата кај другите и како? Со голема упорност, со оддалечување, со постојано "дудлање" и инсистирање или?
А како би постапиле ако вас ве сака некој што ама ич не ве засега? Би му дозволиле да проба да ви го промени мислењето или крајно го избегнувате откако приметувате што му е целта? Важна ви е таа прва слика која ја добивате за некого или си давате време на двајцата за некакви корекции?
Може и конкретни примери секако (доколку сте ги имале) ... можеби некому и некогаш ќе му бидат од корист ...:helou: