Дали може вака да се постапува со цајкан во Македонија?

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Пред некоја недела возејќи се со такси накај едно село не застана полиција и инспекција од Скопје. И сега инспекторот рече да излеземе сите од кола и да застанеме на страна ( што по малку делуваше како апсење ) и да извадиме лични карти или нешто за идентификација. И сега доаѓа полицаецот и мене прв ме прашува име, презиме, адреса...А јас пак го прашувам него зошто ќе ме запишува ( мислам дека имам право да знам барем тоа ) а тој почна да вика како мислиш сум најголемиот криминалец и почна да се заканува дека ќе ми ставил лисици и ќе ме носел во станица дека дури и да сум бил малолетен имал право да ме држи 1 ден. И тука таксистот што не возеше почна да се расправа со него да не не малтретира нас дека сме биле малолетни деца и дека не сме направиле ништо. Но овој сељакот полицаец го тргна човекот на страна и мене и четворицата другари не запиша и се јави во станица да прашува дали сме дале точни информации, и после тој разговор рече дека не не пуштал да одиме додека не дошол некој родител. Им кажа на тие во станица да се јават кај сите дома и да ни ги викнат родителите да дојдат. Кога пристигна татко ми целиот исплашен не знае што се дешава и зошто не викаат во полиција почна и тој да се расправа со нив и конечно после 2 часа малтретирање не пуштија сите да си одиме. Мислам дека поради вакво малтретирање без никаква потреба треба веднаш да се пријави тој полицаец или да се преземат некој други мерки.:toe:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
На братучед кој живее веднаш до мене, ми му упадна цела станица едно утро околу 5 часот. Ко божем некој го пријавил дека поседува оружје без дозвола. И вујко ми одма викна новинари.
Утредента читам у весник:
Во Полициска акција беше запленет еден пиштол...на вода.:vozbud:
Се пукнав од смеење.
Ама се зезнаа што не ја тужеа полицијата отпосле.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Пред некоја недела возејќи се со такси накај едно село не застана полиција и инспекција од Скопје. И сега инспекторот рече да излеземе сите од кола и да застанеме на страна ( што по малку делуваше како апсење ) и да извадиме лични карти или нешто за идентификација. И сега доаѓа полицаецот и мене прв ме прашува име, презиме, адреса...А јас пак го прашувам него зошто ќе ме запишува ( мислам дека имам право да знам барем тоа ) а тој почна да вика како мислиш сум најголемиот криминалец и почна да се заканува дека ќе ми ставил лисици и ќе ме носел во станица дека дури и да сум бил малолетен имал право да ме држи 1 ден. И тука таксистот што не возеше почна да се расправа со него да не не малтретира нас дека сме биле малолетни деца и дека не сме направиле ништо. Но овој сељакот полицаец го тргна човекот на страна и мене и четворицата другари не запиша и се јави во станица да прашува дали сме дале точни информации, и после тој разговор рече дека не не пуштал да одиме додека не дошол некој родител. Им кажа на тие во станица да се јават кај сите дома и да ни ги викнат родителите да дојдат. Кога пристигна татко ми целиот исплашен не знае што се дешава и зошто не викаат во полиција почна и тој да се расправа со нив и конечно после 2 часа малтретирање не пуштија сите да си одиме. Мислам дека поради вакво малтретирање без никаква потреба треба веднаш да се пријави тој полицаец или да се преземат некој други мерки.:toe:

Ako si nemal 18 godini jas bi ti opnal i kotek!
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Дефинитивно многу голем дел од плицајците се беспоможни и многу улашени кога им станува збор дека зборуваат ос правник кој многу добро ги зне нивните ингеренции и законите, бидејќи ретко кој полицаец дали ради интелектуално ниво, дали ради безволност, не ги знае законите доволно добро за да може да се разбере со еден добар правник. Тие ретките што тоа го можат обично брзо завршуваат со повисок чин одколку полицаец/сообраќаец оперативец на улица.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
Тоа не е нов закон, само е дополнет стариот уште лани во јануари мислам дека беше.
Неискусни возачи како што ги кажав се "возачи почетници" до 2 возачко години искуство. Над 2 години веќе си само возач :)

Законот си е Закон за безбедност во сообраќајот.
Еве дел ...

"Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на
моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката
дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

Член 240
(1) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите "А",
"Б" и "Ц", односно од поткатегориите "А1" и "Ц1" не смее да управува со
возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно
со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за
сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100
километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40
километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да
врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на
издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со
него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е
изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно
возило.
(3) Возачот од ставот 1 на овој член кој поседува возачка дозвола од "А"
категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема
од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од
"Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е
поголема од 75 киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)
до (4) на овој член.

Тоа е тоа.
ПОГЛУП ЗАКОН АМИННННННННННННННН...
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
abe ponekogas i policajcite preteruvaat,neznaat so baraat
no mislam deka vo pomalite gradovi policajcite se pokulturni i poubavo se odnesuvaat,nemaat nikakvi ispadi barem taka jas mislam. a vo pogolemite gradovi kade sto ima i dosta albanci kako so se skopje kumanovo tetovo gostivar itn. znaat da pravat dosta problemi policajcite za nisto
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Во Македонија секако и секаде мооже да се поставува цајкан,бидејќи сега ние сме на власт и затоа ке кажам дека цајкан може да се стави скогаш,секаде и на секое место.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Имате право да барате да се легитимира, всушност полицијата е должна да се легитимира со својот број, шифра, а на барање на граѓаните и со цело име и презиме, а во врска со испрашувањето не сте должни да одговарате на поставените прашања, можете ако сакате, можете да барате адвокат, можете да молчите, но не сте должни. Во врска со снимањето не сум сигурна дали може да ви забрани да го снимате, меѓутоа насилно да ве спречи не смее, бидејки полицијата не смее да применува сила, мислам дека може да се одземе апаратот со кој снимате и да се користи тоа против вас на суд, меѓутоа доколку вие сакате да го искористите снименото на суд не можете бидејки е снимано на незаконски начин.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Имам едно прашање,дали имам право истото да го прашам на СООБРАЌАЕЦ,пошто овие сообраќајците ми се крајно некултурни и кога ме застануват се однесуват како спрема криминалец. Ако одбие да ми даде легитимација или одбие да ми каже цело име и презиме,каде треба да пријавам?
И дали можам да пријавам сообраќаец заради некултурно однесување?
 
Член од
28 април 2010
Мислења
89
Поени од реакции
30
ehe ste mrdnale li vo stranstvo da vidite sto e policija?ke vikate;;zlatna makedonija;; abe deca;)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....полицијата во Р.Македонија е огледало на се останато во државата....имав прилика на еден ден да бидам во кожата на сообраќаен полицаец....и до тој ден не бев свесен колку МОРОНИ возат автомобили и кој воопшто им дал дозвола....
....точно е дека меѓу припадниците на полицијата има некултурни, агресивни и непрофесионални припадници (како и во сите останати професии)....но не можете сите полицајци да ги ставате во иста категорија поради грешките на некои поединци......

....има една поговорка која ја отсликува реалноста во Р. Македонија

РИБАТА СМРДИ ОД ГЛАВАТА, НО СИТЕ ЈА ЧИСТАТ ОД ОПАШКАТА
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
културните полицијски службеници се за културен народ..за овакви какви сме, не е лошо да се вратат тие старите МИлицајци со пендраците во раце..имаше ред и дисциплина, можеше без проблем и без страв и до Љубљана да стопираш и да преспиваш попат, сеа до Плетвар трипати ќе те ограбат..многу демократија не е за нас, едноставно ние демократијата ја свативме како се да треба да ни биде дозволено, и се да можеме да правиме, е нема така..
 
B

Black Guard

Гостин
Хмм, интересно... Мене во 12 по полнок ми упадна полиција дома ( притоа кршејки ја капијата од споредната врата и со клоца ја шутираа вратата од летната куја) со единствена цел ЗАПЛАШУВАЊЕ, по не така деталната истрага се утврди дека наводно ме пријавил "некој" за гласна музика но по извршената "контрола" утврдиле дека немало гласна музика, но најбитното - целиот случај не бил заведен во книгата.
Сакам да кажам, некои полицајци кај нас се културни, фини и си ја вршат работата, но некои ( особено од П.Ц. Битпазар ) се поранешни криминалци и тешко дека си ја вршат работата
Зошто не одговори соодветно?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.790
Поени од реакции
15.695
другар ми беше сопран од сред колона, во близина на Гостивар. Нормално револтиран му побара податоци на полицаецот. Тогаш немаше казнени поени, па полицаецот му прати во суд пријава за брзо возење. иако ја плати казната 2 години стално го викаа, системот не евидентирал, за неодамно го викнаа во суд сега за судските трошоци, иако навреме платил за казна , да не зборуваме што прекршокот е непостоечки, ако возеле сите брзо требало ПРВИОТ од колоната да го сопре, а не по Бугарска метода од сред колона да вади некој што не му се допаѓа ( не е од таму)... Од друга страна пак потполно поштени и квалитетни полицајци настрадуваат ако казнат некој големџија, и не само кај нас; имаше не така дамно во Хрватска судија со многу голема вредност на алкохолизираност им се закануваше на полицајците дека ге ги избрка од работа... а всушност за негово добро е, пијан може и да загине... ако беше Хрватска демократска фржава судскиот совет ќе го суспендираше судијата, односно сам ќе се повлечеше
 

Kajgana Shop

На врв Bottom