Џабе ме цитирате кога не сте ме сфатиле како што треба.
Со тоа не сакам да ви кажам дека се фура другаров, туку сакам да кажам дека човекот си има мерак за телефони и е изгорен по технологија. Приватно си чепка и телефони и се. Си се разбира човекот.
Тоа што зема 10.000ден. не го спречува да си купи нов скап телефон и да си ја исполни душата со она што го сака.
10.000 денари зема поради тоа што не е лешинар да седи дома како пола од нацијава и само да се жали како немало пари и како не можело овде да се успее.
Прво работеше во старечки дом, а сега работи како келнер и е доста вреден. Професии на кои голем дел од младите луѓе се смејат и се подбиваат, а камо ли пак да се нафатат и да ги работат.
Тоа како го користи телефонот, само он си знае. Тоа не е моја работа. Парите си се негови и си ги троши како сака.
Ама сигурен сум 101% дека не му е за к*рчење. Тоа е до човекот а не до можностите
Јас сум работел и за 100 евра.
Сум бил и во канал за коли и сум работел и втора работа истиот ден.
Секогаш сум имал појак телефон. Никогаш не сум сакал да се фалам, туку сум ги купувал само од сопствен мерак и од вистинска потреба.
Секогаш ми стигале пари за се. И за излегувања и за девојка. Буквално за се.
Е тие што кукаат само и се жалат како нешто не можело, е тоа ти е брат право Македонче!
Без оглед дали е телефон, велосипед, компјутер, автомобил итн. кога нешто многу го сакаш, имаш милијарда начини за да го земеш.
Особено со сите овие поволности за земање на рати денес...
Галакси С7 на 48 рати доаѓа по 700денари рата, а не по 50 евра како што викаа некои членови погоре.
И кога се зема кредит треба да се биде совесен, и вистински да си го отплаќаш редовно. Тие што глават по кредити, земаат милијарда работи месечно и лошо си го распоредуваат семејниот буџет. Затоа и глават.
Какви извршители, какви бакрачи со 700ден. рата за С7-ца