Ако секој си гледаше само за себе, тогаш никој немаше да ни да се подзамисли дали да протестира или ништо слично за општото добро, освен ако не е премногу лично засегнат.
Разочарувања неизбежно има, некогаш повеќе, некад помалце.
Погрешно размислуваш ако сметаш дека треба да го избегнуваме разочарувањето. Не, туку ај да бидеме искрени со себе колку што можеме. Ако не се плашиш од разочарувањето и не пробуваш да го избегнеш, бар си поискрен со себе. И после знаеш дека таа разочараност нема после да ти произлезе како нервоза, гнев итн у тотално други ситуации, дека баш затоа што си дозволил да те обземе разочарувањето тогаш, потоа има целосно место за среќата, кога ќе ѝ дое времето. Ако си уметничка душа, имаш и причина плус да не бегаш од разочарувањето, зошто тагата е подлабока од среќата.
Слабо некако си го анализирала
Скот Пек...
"...Зар не е прекрасно да сакате да го ослободите својот комшија од маките или да му помогнете да види светлост. Всушност, сите вакви обиди да преобратите или излечите не се ниту наивни, ниту неефективни, туку прилично егоцентрични и себични. Ме боли кога пријателот пати. Кога би можел да направам нешто да се ослободам од маката, би се осеќал подобро. Мојот најосновен мотив кога се обидувам да го излечам е да јас се чувствувам подобро..."...The Different Drum
Борбите за слобода се од општ карактер, но зар соодветните водачи и самите не го искусиле ропството? Зар сопственото незадоволство не е внатрешната причина за започнување на многу повисока цел- да, да се помогне на сите кои ги делат истите маки. Револуциите што се кревале...се е исто. Одредени поединци пробале да променат работи во општеството кои не им се допаѓале.
И да сакаме да ги избегнеме разочарувањата, не можеме. Врежано ни е во гените и покрај се, да се надеваме и очекуваме. На нешто помалку, на нешто повеќе. Она во кое ни се положени најголемите експектации може најмногу да не разочара, ама тоа не значи дека треба да бидеме песимисти. Моментот е, како ќе се соочиме со конкретната ситуација.
Вообичаено после разочарувањето следи период на депресија. Период кога се обидуваш да бидеш Мерсо на Ками, да се убедиш себе си дека се ти е сеедно, а всушност не е. Секој има доживеано такви моменти, и секој ќе се согласи дека тоа се само празни тапкања во место, додека другите живеат и напредуваат. Едноставно, не вреди. Не вреди да ги уништиш другите можности што те чекаат или да ги пропуштиш новите шанси што се создаваат, само затоа што премногу мислиш на минатото. Тоа не може да се промени, луѓето не можеш да ги промениш (а и нема потреба), можеш само да ги избираш оние кои ти пријат со својата близина(освен својата крв).
Што се однесува до уметникот...зар тоа што е надарен со таков талент значи дека треба да ја сака тагата? Точно е дека најубавите дела настануваат кога тагата ја постигнува својата кулминација. Кога е уметникот тажен, преку самата креација и создавање на делото, тој всушност се ослободува од неа, како негативна, за да на крајот почувствува конечно олеснување и внатрешно задоволство.