Дали многу често се разочарувате?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали многу често се разочарувате?


  • Вкупно гласачи
    53
B

BrunoFresh

Гостин
Да, често се разочарувам и трае во зависност од што сум се разочарал.
Јас сум и таков по карактер. Ако некое дејствије што требало да се исполни, и ако не се исполни од одредени причини, јас се разочарувам се додека не е со сема исполнето како што е планирано. Но ако ете стварно не е возможно да се исполни или ете нема услови, тогаш разочаран сум подолго време се додека не исчезни тоа од мене.
А за работи кои се моментално искажани или направени, односно ненадејни работи, тогаш можам да се разочарам онака во мал дел од мене, но за брзо изчезнува, па најбрзо дури и за 2 мин.

А кога сме кај луѓето, е тогаш во мене постои оној круг од неколку души што се бројат на прсти на кои можам да му верувам кои неможат да ме разочараат. :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Се разочарувам понекогаш, повеќе се трудам да останам имуна, но сепак не сум толку отпорна колку што посакувам да сум па ме држи некое време депресивно расположение.
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
О да, постојано. Тоа е поради огромните очекувања кои ги имам од себеси и од останатите околу мене. Плус, имам многу меланхоничен карактер и ако не се оствари нешто што долго сум го очекувала, ме пукаат депресии.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Се разочарувам понекогаш од некои постапки на одредени луѓе ...
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Ако секој си гледаше само за себе, тогаш никој немаше да ни да се подзамисли дали да протестира или ништо слично за општото добро, освен ако не е премногу лично засегнат.
Разочарувања неизбежно има, некогаш повеќе, некад помалце.
Погрешно размислуваш ако сметаш дека треба да го избегнуваме разочарувањето. Не, туку ај да бидеме искрени со себе колку што можеме. Ако не се плашиш од разочарувањето и не пробуваш да го избегнеш, бар си поискрен со себе. И после знаеш дека таа разочараност нема после да ти произлезе како нервоза, гнев итн у тотално други ситуации, дека баш затоа што си дозволил да те обземе разочарувањето тогаш, потоа има целосно место за среќата, кога ќе ѝ дое времето. Ако си уметничка душа, имаш и причина плус да не бегаш од разочарувањето, зошто тагата е подлабока од среќата.
Слабо некако си го анализирала Скот Пек...

"...Зар не е прекрасно да сакате да го ослободите својот комшија од маките или да му помогнете да види светлост. Всушност, сите вакви обиди да преобратите или излечите не се ниту наивни, ниту неефективни, туку прилично егоцентрични и себични. Ме боли кога пријателот пати. Кога би можел да направам нешто да се ослободам од маката, би се осеќал подобро. Мојот најосновен мотив кога се обидувам да го излечам е да јас се чувствувам подобро..."...The Different Drum

Борбите за слобода се од општ карактер, но зар соодветните водачи и самите не го искусиле ропството? Зар сопственото незадоволство не е внатрешната причина за започнување на многу повисока цел- да, да се помогне на сите кои ги делат истите маки. Револуциите што се кревале...се е исто. Одредени поединци пробале да променат работи во општеството кои не им се допаѓале.
И да сакаме да ги избегнеме разочарувањата, не можеме. Врежано ни е во гените и покрај се, да се надеваме и очекуваме. На нешто помалку, на нешто повеќе. Она во кое ни се положени најголемите експектации може најмногу да не разочара, ама тоа не значи дека треба да бидеме песимисти. Моментот е, како ќе се соочиме со конкретната ситуација.
Вообичаено после разочарувањето следи период на депресија. Период кога се обидуваш да бидеш Мерсо на Ками, да се убедиш себе си дека се ти е сеедно, а всушност не е. Секој има доживеано такви моменти, и секој ќе се согласи дека тоа се само празни тапкања во место, додека другите живеат и напредуваат. Едноставно, не вреди. Не вреди да ги уништиш другите можности што те чекаат или да ги пропуштиш новите шанси што се создаваат, само затоа што премногу мислиш на минатото. Тоа не може да се промени, луѓето не можеш да ги промениш (а и нема потреба), можеш само да ги избираш оние кои ти пријат со својата близина(освен својата крв).

Што се однесува до уметникот...зар тоа што е надарен со таков талент значи дека треба да ја сака тагата? Точно е дека најубавите дела настануваат кога тагата ја постигнува својата кулминација. Кога е уметникот тажен, преку самата креација и создавање на делото, тој всушност се ослободува од неа, како негативна, за да на крајот почувствува конечно олеснување и внатрешно задоволство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom