Дали мислите дека религијата е манипулативна алатка на човечката свест?

Член од
25 јули 2013
Мислења
10
Поени од реакции
1
A znae nekoj da mi kaze sto e toa svest?
Kade se naogja kaj covekot???
Koga ke mi odgobvorite na ovie prasanja kje vi pustam i topla voda koga se banjate...a i chokoladce ke vi kupam ako ste pametni!
Svest e ona najvnatresnoto kaj covekot ona sto go vodi niz zivotot, energija bez koja nemozeme a se naoga vnatre vo nas i ne vodi.
Taa se naoga nadvor okolu covekot.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Горе доле може да се каже истото за сите поголеми религии(Христијанство, Ислам, Јудаизам)

Вербата во бог би требало да е нешто лично што самиот го пронаоѓаш, а религиите по дифолт наметнуваат норми од раѓање и пробуваат да ти ги набутаат во грло.

Од поодамна религите се помалку за бог, а повеќе за тоа на кој му е поголем. Мене лично она што ми пречи кај организираната религија е што фанатиците т.е испраните мозоци, пошто така се индоктринирани од раѓање својата верба пробуваат да ја наметнат на трети особи иако за тоа нема докази.

Јас неам проблем некој да си го мафта п*нисот по дома ама кога ќе почне пред мене и пред моите деца да го прави тоа е тогаш имаме проблем.

П.С Религиите сами по себе не се ниту лоши ниту добри, за мене проблемот лежи во специјалниот третман што го добиваат во опшеството и што во повеќето религии имаш анти-критичка мисла.

Или со други зборови немам докази ама сигурно е вака и ако не се согласуваш ќе ти ја отсечеме главата.

Овде исклучок се некои источни религии(повеќе филозофии) како будизмот каде самиот буда рекол „немој да ми веруваш сам дојди до вистината“.[DOUBLEPOST=1494812804][/DOUBLEPOST]
Во Македонија имаш феномен на традиционални-христијани. Значи одат двапати годишно во црква, следат некои адети од баба-прабаба и едната половина не знае дека библијата постои, а другата знае ама ја нема прочитано.
.
Лебати, кој, кога и како ти наметнал миљон религии од времето кога беше во пелени?...[DOUBLEPOST=1494869804][/DOUBLEPOST]
Јас Мики мислам дека без разлика која религија, секоја религија има некој скриен начин за да пере мозоци. Зошто? Верувам дека порано причината била „За да го води неучениот и несвесен народ во мир и хармонија и да го еволуира колективно“, НО ДЕНЕС, во ова модерно време таа причина е преиначена за да се добиваат материјални добра како парите и да се заблудува свесниот народ со : приказни, турски серии, споменици етц и на тој начин некој во позадина да си игра стратегиски игри со светот додека сите други се фокусирани на небитните работи.

За жал, има такви кои го вклучиле малку мозокот и сфатиле дека слободната волја на размислување е редефинирана..

Поздрав!
И доаѓаме до најбитното; ако манипуалторот се мајтапи со манупилираниот и од манипулиранот вади корист, а на крајот (од животот) и двајцата ќе бидат покопани, дај троа подобјасни ја смислата од манипулацијата...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Лебати, кој, кога и како ти наметнал миљон религии од времето кога беше во пелени?...[DOUBLEPOST=1494869804][/DOUBLEPOST]

И доаѓаме до најбитното; ако манипуалторот се мајтапи со манупилираниот и од манипулиранот вади корист, а на крајот (од животот) и двајцата ќе бидат покопани, дај троа подобјасни ја смислата од манипулацијата...
Родителите(моите и на сите останати). Можеби наметнато звучи остро ама реалноста е таа. 90% од луѓето од мали нозе се „тренирани“ на овој или на оној начин.

Еве ќе ти споделам што мислам поилустративно со пример.

Правеле експеримент со мајмуни во затворена просторија и банани на врвот на скалата. Секогаш кога некој мајмун ќе посегнел по банана ги тепале сите. Со време ги менувале мајмуните и секогаш кога некој нов мајмун ќе посегнел по банана останатите мајмуни го тепале.

Со време немало ниту еден од почетните мајмуни, а останале мајмуни го тепале секој нов мајмун кој ќе посегнел по банана без да знаат зошто.

Реално на ист начин се „дресираат“ и луѓето.

Друга работа што треба да земеш во предвид е дека без разлика колку е нешто апсурдно ако ти го пренесле родителите(без разлика колку се они свесни за последиците) можеби сите луѓе без исклучок би го прифатиле како свое, пошто баш они се особите во кои имаме максимална доверба и воедно личностите кои имаат најголемо влијание во период кога го градиме нашиот карактер т.е рана младост.

Според мене ова е суштината зошто корените на религијата се толку длабоки и истрајни.

П.С Јас лично поштувам само религиозни луѓе кои сами стигнале до заклучокот дека бог постои, а не поради тоа што некој им кажал дека таа е вистината.

За жал ваквите луѓе се ретки пошто за дојде некој на ова рамниште треба прво целосно да го отфрли бог/идејата за бог т.е да ја испразни чашата што мислам дека многу малку луѓе се способни за вакво нешто.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Во денешно време политиката е далеку поефективна алатка за гореспоменатата цел!
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Во денешно време политиката е далеку поефективна алатка за гореспоменатата цел!
Во суштина се работи за истото кога зборуваме за манипулација. Во двата случаеви се работи или за страв или за аспирации кои најверојатно се ирационални.

Целта е менување на фокусот од она што се случува сега кон нешто што се случило порано се со цел да се испровоцираат емоции или нешто што би требало да се случи во иднина, а најверојатно никогаш нема да се случи пошто реално немаме никаква контрола и глупаво би било да инвестираме време и енергија во нешто за кое немаме апсолутно никакво знаење.

Ова е исто како да имаш одредена сума на пари и да ги инвестираш на берза не зошто си направил сам некое релвантно истражување туку зошто некој ти кажал нешто ама нема никакви докази, а ти вели да му веруваш.(Или народски превод: Брат стај 1000-че на Јуве сигурно ќе фатиш)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
... јас мислам дека постои нешто таму, нешто необјасливо, но дека постои- постои !, сакаш именувај го Господ, сакаш сила на природата и сите сме свесни за тоа кој повеќе кој помалку, верските објекти и луѓето кои се посветени таму да работаат не ја преставуваа таа сила читај Господ, кој е насекаде, секогаш и во секое време, а не само во тие храмови, почитување во себе и коректно однесување за деновите кои би требало да се празнува или пости тоа е само едно самопочитување прво кон себе па потоа кон таа Сила...

...човекот се уште не еволуира до тој степен да биде идеален како телесно така и духовно, па како има злоупотреба на нештата во било која сфера така и тука во религијата, но секој на одереден начин ќе си го ,,плати,, во одредено време,односно непочитување и богохулење секому секогаш ќе биде соодветно ,,вратено,, од таа Сила или Господ ...
...не постои човек од било која вера кој не се плаши од таа Сила, односно знае за нејзината моќ (читај Господ) а тоа го докажува со фактот на негово повикување и молење се разбира само кога е најтешко, односно кога здравјето или животот е во прашање на самиот себе или најблизок свој....сите тогаш велат, Господе те молам спаси- помогни, помогни сега! ветувајќи дека ќе пали свеќа ќе носи зејтин или ќе донира за верскиот храм!!!

... пред многу години и во убави моменти, за време на семеен ручек, во прошетка, и во било кој среќен момент во животот се повикувала таа Сила (читај Господ) заблагодарувајќи се за тие моменти, денес тоа веќе не се прави повикување на таа Сила ( Господ) се случува само во тешки моменти кога се нема решение, излез, здравје и опасност по живот...
манипулирањето со таа Сила секогаш ја има во секоја религија и најчесто насочена кон човечкиот најсилен двигател наречно Страв, човекот е тој ако знае да го претвори тој Страв во почитување тогаш не ќе биде манипулиран од никого, па ниту дури од самиот себе ... (y)
Една слика - 1000 зборови.
Две - 2000.
:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Родителите(моите и на сите останати). Можеби наметнато звучи остро ама реалноста е таа. 90% од луѓето од мали нозе се „тренирани“ на овој или на оној начин.

Еве ќе ти споделам што мислам поилустративно со пример.
.
smihajlo,

болдот е обична флоскула, која од многу зборови, не кажува ништо конкретно, а тоа примерот со мајмунот е тотолно опромашен и несоодветен за муабетов, оти овде муабетиме како разумни битија а не како безумни мајмуни.

Обиди се пак, може ќе ти успее, а може ќе ќариш уште некој „лајк„ од форумџииве.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854

Злочко(y)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
smihajlo,

болдот е обична флоскула, која од многу зборови, не кажува ништо конкретно, а тоа примерот со мајмунот е тотолно опромашен и несоодветен за муабетов, оти овде муабетиме како разумни битија а не како безумни мајмуни.

Обиди се пак, може ќе ти успее, а може ќе ќариш уште некој „лајк„ од форумџииве.
Не знам што не ти е јасно во болдот демек не е реалноста таа дека родителите те воспитуваат по нивната слика која е кај некои повеќе кај некои помалку створена од нивната религија?

Мене како мал не ме прашаа дали сакам да бидам религиозен(во мојов случај христијанство).

Не ме прашаа дали сакам да одам во црква, дали сакам да верувам во бог, не ми дадоа избор да пробам некоја друга религија или недај боже да спомнеш дека сакаш муслиман да бидеш(ова како пример за нашиов регион)

И најстрашно е што повеќето верници и сами не се информирани за нивната религија.(или барем така е случајот со поголемиот процент од луѓето, искрено во МК не верувам никој освен поповите да ја прочитал библијата, а со оглед како се однесуваат и они не се баш некоја слика за понизност и простување)

Приказната со мајмунот беше алегорија мислам дека и амеба со IQ < 50 ќе го сфатеше тоа па ќе претпоставам дека се правиш на Тошо.

Иако библијата е слатка приказна светот е многу постар од 6000 години, а луѓето и мајмуните не се толку различни.

Можеби манипулациите над луѓето се малку пософистицирани од мојов пример ама основата е иста страв и дезинформации.

Бам удрило гром - Бог е лут
Поплава - Бог е лут
Педофил силувал дете - Бог е лут(уствари чекај, мистериозни се патиштата на семоќниот)

П.С Во библијата има некои убави работи како на пример:

Сакај го ближниот, почитувај ги родителите, не кради, не лажи, не љубомори.

Со идењето на Исус имаш понизност и сакај го непријателот.(Овие работи се кажани 2000 години пред нивното време т.е безвременски)

Ама за жал имаш и милион гадни работи како свети војни, третирање на жените на исто ниво со робови, во еден период дозвола за робовладетелство, убивање на вештерки, геј луѓе итн

Геноцид на цела планета(големата поплава).

Од една страна има совршен план ама од друга страна тука згрешил малце па се корегирал:)pos::tapp:)

Малку несериозно за семоќен, сезнаен, сеприсутен бог ако ме прашуваш мене.

Искрено не ми е проблем да верувам во едно вакво битие ама организираната религија е најверојатно најголем булшит што постои.

На светов имаш еден мал милион религии и која е шансата баш мојата да биде онаа вистинската.

Поверојатно е да добијам на бинго. И нормално што е со луѓето кои живеат во свирипичино некаде во Амазонската Џунгла кои никогаш не слушнале за бог?

Нели семоќниот ги сака сите подеднакво?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
smihajlo,

болдот е обична флоскула, која од многу зборови, не кажува ништо конкретно, а тоа примерот со мајмунот е тотолно опромашен и несоодветен за муабетов, оти овде муабетиме како разумни битија а не како безумни мајмуни.

Обиди се пак, може ќе ти успее, а може ќе ќариш уште некој „лајк„ од форумџииве.
Изменето од модератор.....
До кај си со доказот за госпо? Ти дадов мувлет бааги време, најде доказ за госпо или уште време ти треба?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Изменето од модератор.....
До кај си со доказот за госпо? Ти дадов мувлет бааги време, најде доказ за госпо или уште време ти треба?
Кеплер,

само ти кажи ми како треба да „изгледа„ доказот и ја‘ веднага ќе ти го посочам..[DOUBLEPOST=1495042139][/DOUBLEPOST]
Не знам што не ти е јасно во болдот демек не е реалноста таа дека родителите те воспитуваат по нивната слика која е кај некои повеќе кај некои помалку створена од нивната религија?

Мене како мал не ме прашаа дали сакам да бидам религиозен(во мојов случај христијанство).

Не ме прашаа дали сакам да одам во црква, дали сакам да верувам во бог, не ми дадоа избор да пробам некоја друга религија или недај боже да спомнеш дека сакаш муслиман да бидеш(ова како пример за нашиов регион)

И најстрашно е што повеќето верници и сами не се информирани за нивната религија.(или барем така е случајот со поголемиот процент од луѓето, искрено во МК не верувам никој освен поповите да ја прочитал библијата, а со оглед како се однесуваат и они не се баш некоја слика за понизност и простување)

Приказната со мајмунот беше алегорија мислам дека и амеба со IQ < 50 ќе го сфатеше тоа па ќе претпоставам дека се правиш на Тошо.

Иако библијата е слатка приказна светот е многу постар од 6000 години, а луѓето и мајмуните не се толку различни.

Можеби манипулациите над луѓето се малку пософистицирани од мојов пример ама основата е иста страв и дезинформации.

Бам удрило гром - Бог е лут
Поплава - Бог е лут
Педофил силувал дете - Бог е лут(уствари чекај, мистериозни се патиштата на семоќниот)

П.С Во библијата има некои убави работи како на пример:

Сакај го ближниот, почитувај ги родителите, не кради, не лажи, не љубомори.

Со идењето на Исус имаш понизност и сакај го непријателот.(Овие работи се кажани 2000 години пред нивното време т.е безвременски)

Ама за жал имаш и милион гадни работи како свети војни, третирање на жените на исто ниво со робови, во еден период дозвола за робовладетелство, убивање на вештерки, геј луѓе итн

Геноцид на цела планета(големата поплава).

Од една страна има совршен план ама од друга страна тука згрешил малце па се корегирал:)pos::tapp:)

Малку несериозно за семоќен, сезнаен, сеприсутен бог ако ме прашуваш мене.

Искрено не ми е проблем да верувам во едно вакво битие ама организираната религија е најверојатно најголем булшит што постои.

На светов имаш еден мал милион религии и која е шансата баш мојата да биде онаа вистинската.

Поверојатно е да добијам на бинго. И нормално што е со луѓето кои живеат во свирипичино некаде во Амазонската Џунгла кои никогаш не слушнале за бог?

Нели семоќниот ги сака сите подеднакво?
И?...Што е содржината од километарскиов пост? Кога беше мал те тепаа секој ден и ти велеа дека мораш да бидеш рисјанин?...

Трауми од твоето детство?...
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Кеплер,

само ти кажи ми како треба да „изгледа„ доказот и ја‘ веднага ќе ти го посочам..[DOUBLEPOST=1495042139][/DOUBLEPOST]

И?...Што е содржината од километарскиов пост? Кога беше мал те тепаа секој ден и ти велеа дека мораш да бидеш рисјанин?...

Трауми од твоето детство?...
Океј ако не ти се дискутира можеше да кажеш така. Прво правило чим немаш аргументи преминуваш на лични навреди.

Поздрав и продолжи со итрите досетки можеби ќе ќариш некој лајк.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Океј ако не ти се дискутира можеше да кажеш така. Прво правило чим немаш аргументи преминуваш на лични навреди.

Поздрав и продолжи со итрите досетки можеби ќе ќариш некој лајк.
Не ми се дискутира?...Подметнуеш свој став џоа е мое однесување? Па кој се повикува на експерименти со мајмуни на теми наменети за разумни битија?...Сакаш од погрешен пример да извлечеш точен заклучок?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Religijata e shit. Licna vera e nesto drugo no ne ona institucionalno posto ako ima nesto sigurno ne e kako sto vikaat religiite imeno nasite ke se spasat a vasite u pekol i obratno toa e non sens.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кога ќе го најдеш „сенсот„, ќе престане да биде „нон сенс„, освен ако мислиш дека сите религии можат истовремено да бидат и вистинити и невистинити, една во однос на друга.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom