Дали мислите дека религијата е манипулативна алатка на човечката свест?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
smihajlo,

не се тоа никакви „нови барања„, туку ти сам на себе му га запетљаваш во теми кои не ги познаваш па не мојш да излезеш од калта во која сам не себе си му га заглавувал...

И, што благе везе има робовладетелството со морално-етичките начела, кои не ги знаеш? Да не си убеден дека робовладетелството навистина е укинато па никој не ти кажал дека се‘ уште постои?...:sneaky:
Робовладетелството е укинато со резолуцијата на човековите права во ОН. Нормално дека во одредени делови на светот сеуште постои, но за разлика од порано денес е општо прифатено како најголемо зло.

Ова зло некогаш религијата го одобрувала иако е етички-морално погрешно.

Како што кажав основниот услов го задоволив, после тоа ги задоволив и новите услови и после тоа избаци трети услови.

Можам и овие да ги задоволам ами ти до утре ќе редиш нови барања.

Јас имав едно прашање и тоа не го одговори.

Еве ти пример како изгледа од моја страна.

Те прашувам да ми дадеш доказ за бог.

Еве да речеме некако ми даваш(иако сеуште немаш дадено)

После ова те прашувам кај се родил, колку години има, кои му биле први зборови, на колку години првпат ебел итн итн.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Робовладетелството е укинато со резолуцијата на човековите права во ОН. Нормално дека во одредени делови на светот сеуште постои, но за разлика од порано денес е општо прифатено како најголемо зло.

Ова зло некогаш религијата го одобрувала иако е етички-морално погрешно.
На „папир„, многу нешта се укинат и формално-правно „не постојат„.

Реалното живеење (у)кажува на поинаква состојба, но ти секако, не живееш во реалноста па затоа „најголемото зло„, иако ти е пред учи, не можеш да го видиш...[DOUBLEPOST=1496002135][/DOUBLEPOST]
Како што кажав основниот услов го задоволив, после тоа ги задоволив и новите услови и после тоа избаци трети услови.

Можам и овие да ги задоволам ами ти до утре ќе редиш нови барања.
Не си ласкај...[DOUBLEPOST=1496002224][/DOUBLEPOST]
Те прашувам да ми дадеш доказ за бог.

Еве да речеме некако ми даваш(иако сеуште немаш дадено)
Еве ти два очигледни докази за Божјото постоење:

- Светот околу тебе, со сите нешта во Светот и
- ти самиот, како вкупно битие.

Доволно за твој почеток, нели...[DOUBLEPOST=1496002318][/DOUBLEPOST]
После ова те прашувам кај се родил, колку години има, кои му биле први зборови, на колку години првпат ебел итн итн.
Ова приглупо барање, како да не сум го прочитал...

Врати се на претходните два очебијни докази и почни да ги истражуваш па еден убав ден, све ќе ти стане појасно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
@smihajlo Залудно си го губиш времето, човекот е изгубен во простор и време, ќе ти враќа додека е жив со истите 2-3 излитени фрази бидејќи толку и може да врати, конкретно не добиваш ништо, оти не ни може да даде доказ, ти гарантирам дека дури и самиот се сомнева во богот што го проповеда.

@MIKI1 оди легни си, стави ја библијата под перница и можеби ќе ти се јави на сон госпо, па ќе може подетално да го опишеш, вака ништо не правиме ќе мора да те оставиме сам на темава, немаш ништо конкретно со што може да се дискутира, капак на се ти беше рамната земја, од тој момент мислам дека рејтингот ти падна дури и пониско од тој на другар ти Зоте.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397


[USER=12074]@MIKI1
оди легни си, стави ја библијата под перница и можеби ќе ти се јави на сон госпо, па ќе може подетално да го опишеш, вака ништо не правиме ќе мора да те оставиме сам на темава, немаш ништо конкретно со што може да се дискутира, капак на се ти беше рамната земја, од тој момент мислам дека рејтингот ти падна дури и пониско од тој на другар ти Зоте.[/USER]


Кеплер,

тебе ко ќе ти се јави Господ, поточно, кога ти ќе излезеш пред Бога, веќе ќе ти биде предоцна...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Мики тоа само ти ако му направиш таква слика за мене ко ќе појдиш таму :D
Ти давам мувлет некое време да прочиташ, истражиш, да го побараш госпо и да направиш еден убав стокмен доказ со видео, аудио и пишани материјали за постоењето на госпо, може дури и од типот на госпо се јави на ќутук во дворот на Спасе од Вашерејца, ликот на госпо се јави на лампион, госпо прати облаци над Муртино за да не се менува библиското име и ги поплави доматите, па внимателно ќе ги разгледаме после заедно сите тука да видиме дали се веродостојни или монтирани од странски служби ;)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
На „папир„, многу нешта се укинат и формално-правно „не постојат„.

Реалното живеење (у)кажува на поинаква состојба, но ти секако, не живееш во реалноста па затоа „најголемото зло„, иако ти е пред учи, не можеш да го видиш...[DOUBLEPOST=1496002135][/DOUBLEPOST]

Не си ласкај...[DOUBLEPOST=1496002224][/DOUBLEPOST]

Еве ти два очигледни докази за Божјото постоење:

- Светот околу тебе, со сите нешта во Светот и
- ти самиот, како вкупно битие.

Доволно за твој почеток, нели...[DOUBLEPOST=1496002318][/DOUBLEPOST]

Ова приглупо барање, како да не сум го прочитал...

Врати се на претходните два очебијни докази и почни да ги истражуваш па еден убав ден, све ќе ти стане појасно.
Не знам од кај ги поврза овие работи со Бог.

Светот околу мене е доказ само за самиот себе, а исто и јас. По оваа логика светот околу мене е доказ и за Светото Шпагети Чудовиште и за Дедо Мраз и сите останати митски суштества.

Како што кажав немам проблем да ВЕРУВАШ дека е како што велиш ама тоа не е ДОКАЗ. Ова ти е лично ВЕРУВАЊЕ/СТАВ.

Реално дури и да постои Бог ние како смртници никогаш не би можеле да докажеме постоење на такво семоќно, сеприсутно, сезнално суштество.

П.С Ова ми е поентата за агностицизмот. Незнаеме дали Бог постои и тоа не можеме да докажеме па која е поентата да се замараме со такво нешто.

По оваа логика треба и на Зевс да му се молиме и на останатите милион богови пошто светот околу нас е доказ и за нивното постоење.

П.С2 :pos:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики тоа само ти ако му направиш таква слика за мене ко ќе појдиш таму :D
Ти давам мувлет некое време да прочиташ, истражиш, да го побараш госпо и да направиш еден убав стокмен доказ со видео, аудио и пишани материјали за постоењето на госпо, може дури и од типот на госпо се јави на ќутук во дворот на Спасе од Вашерејца, ликот на госпо се јави на лампион, госпо прати облаци над Муртино за да не се менува библиското име и ги поплави доматите, па внимателно ќе ги разгледаме после заедно сите тука да видиме дали се веродостојни или монтирани од странски служби ;)
Кеплер,

за тебе, све че напраам-„специјално„...по прилепски.[DOUBLEPOST=1496249092][/DOUBLEPOST]
Не знам од кај ги поврза овие работи со Бог.
Убо шо признаваш дека не знаеш, оти да знаеше, до сега ќе дадеше одговор барем на елементарно едноставните прашања кои ти ги поставив.

Не се секирај, кога ќе пораснеш, самото ќе ти се каже.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Кеплер,

за тебе, све че напраам-„специјално„...по прилепски.[DOUBLEPOST=1496249092][/DOUBLEPOST]

Убо шо признаваш дека не знаеш, оти да знаеше, до сега ќе дадеше одговор барем на елементарно едноставните прашања кои ти ги поставив.

Не се секирај, кога ќе пораснеш, самото ќе ти се каже.
И со ова ништо ново не кажа.

Јас признавам дека не знам, а ти се правиш дека знаеш. Ова ми е всушност најголемиот проблем со религијата и религиозните фанатици.

Океј е да веруваш во Светото шпагети чудовиште ама не знам која е потребата личното мислење да го набиваш на други како непобиена вистина.

До пред 1000 години примитивните религии верувале дека грмотевиците и други природни појави се казна од Бог или негова лутина.

Денес свесни сме за тоа како настануваат до одредена мера можеме да ги предвидиме, а во иднина најверојатно ќе можеме и да ги контролираме.

Во врска со настанокот на светот имаме некои сознанија кои се нецелосни и има доста простор за научно истражување, но тоа не значи дека некоја виша сила(Бог) е заслужен за тоа.(Иако и тоа е една можност за која нема докази)

Како што најдовме одговори за тоа зошто удира гром како функционира струјата и ред други појави кои биле асоцирани со Богови така со време ќе најдеме одговори и за прашањата за кои денес немаме целосна слика.

П.С Прочитај го мојов потпис и замисли се

"It is a capital mistake to theorize before one has data. Insensibly one begins to twist facts to suit theories, instead of theories to suit facts."

Еве и превод.

Голема грешка е да теоризираме без да имаме податоци. Неосетно ги извртуваме фактите за да ни одговараат на теориите, наместо теориите да одговараат на фактите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И со ова ништо ново не кажа.
Јас признавам дека не знам, а ти се правиш дека знаеш. Ова ми е всушност најголемиот проблем со религијата и религиозните фанатици.
smihajlo,

можеш да ме квалификуваш како што сакаш и да живееш со илузијата дека точно си ме квалификувал. За разлика од тебе, јас давам одговори на твоите прашања а ти не можеш да дадеш одговор на елементарно едноставни прашања, поставени од моја страна, иако самиот се петљаш со теми од кои произлегоа моите прашања до тебе.

Така, јас ти понудив 2 очигледни докази за Божјото постоење, а ти ми велиш дека не знаеш која е врската меѓу нивното очебијно постоење со Бога...

Не можам понатаму да ти помагам-не си научил граматика, а сакаш да пишуваш романи.

Не ојт то така...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Така, јас ти понудив 2 очигледни докази за Божјото постоење, а ти ми велиш дека не знаеш која е врската меѓу нивното очебијно постоење со Бога...
Да беа очигледни сите ќе беа верници
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
smihajlo,

можеш да ме квалификуваш како што сакаш и да живееш со илузијата дека точно си ме квалификувал. За разлика од тебе, јас давам одговори на твоите прашања а ти не можеш да дадеш одговор на елементарно едноставни прашања, поставени од моја страна, иако самиот се петљаш со теми од кои произлегоа моите прашања до тебе.

Така, јас ти понудив 2 очигледни докази за Божјото постоење, а ти ми велиш дека не знаеш која е врската меѓу нивното очебијно постоење со Бога...

Не можам понатаму да ти помагам-не си научил граматика, а сакаш да пишуваш романи.

Не ојт то така...
Ти не ми даде очигледни докази ми даде квази псевдо мислење кое нема врска со терминот доказ.

Според твојот „доказ“ јас и се околу мене е доказ за постоењето на Бог.

Од ова логички следува дека Светото Шпагети Чудовиште е мој творец и на се околу мене.

Очигледно имаш потешкотии да ги разликуваш термините верба и доказ.

Она што религијата го проповеда и на што се базира е верба. Доколку Бог би бил докажан тогаш би немало потреба да веруваме во Бог пошто он би бил факт.

П.С Не те квалификувам никако туку ти укажувам дека недостатокот на докази и информации за светот ти се дупка во идејата за постоење на Бог.

По твојава логика доказ за 2+2=5 сум јас и постоењето на се околу мене.

Ако прочиташ некоја книга за логика ќе ти стане повеке од јасно дека не можеш резултатот да го користиш како доказ за претпоставката.(Во случајот погоре 2 + 2 = 5 е претпоставката)

Во твојот случај твојата претпоставка е дека Бог постои и сакаш во обратен правец да донесеш заклучок.

Ова ти се вика грешка во логичко резонирање.

Проблемот е што ти не се водиш по разум и логика туку по слепи верувања кои ги нарекуваш докази.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ти не ми даде очигледни докази ми даде квази псевдо мислење кое нема врска со терминот доказ.
Ај да ти повторам, оти може така полесно ќе видиш:

- прв очигледен доказ; Светот околу тебе,
- втор очигледен доказ; ти самиот.

За проблеми со видот, постојат други решенија.[DOUBLEPOST=1496347053][/DOUBLEPOST]
Проблемот е што ти не се водиш по разум и логика туку по слепи верувања кои ги нарекуваш докази.
Проблемот е во тоа што ти не се водиш од очигледните нешта и од својот разум, туку од идеолошките предрасуди, кои некој ти ги дошепнал и кои ти го помрачуваат умот.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ај да ти повторам, оти може така полесно ќе видиш:

- прв очигледен доказ; Светот околу тебе,
- втор очигледен доказ; ти самиот.

За проблеми со видот, постојат други решенија.
Па истово ќе ти го каже и секој муслиман, дека светот околу тебе и ти самиот сте доказ за Алах. Овој ,,аргумент" дека светот и човекот се креации и според тоа мора да имаат креатор бидејќи се комплексни е одамна побиен, бидејќи истото може да се примени и за креаторот. Ако се што е комплексно и интелегентно мора да има креатор, тогаш и Бог како комплексно и интелегентно битие би морало да има креатор. Ако Господ немора да биде создаден а воедно е комплексно битие, тогаш зошто универзумот или човекот мора да имаат? Логиката е кристално јасна, ,,аргументите" за неопходност од креатор ако важат за универзумот и човекот, ќе важат и за господ, ако не важат за господ, тогаш немора да важат ни за човекот и универзумот.
Проблемот е во тоа што ти не се водиш од очигледните нешта и од својот разум, туку од идеолошките предрасуди, кои некој ти ги дошепнал и кои ти го помрачуваат умот.
Токму ова важи за тебе, ти си тој што се раководи од црковни идеолошки предрасуди што ти го помрачуваат умот и поради кои си слеп за очигледните нешта.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па истово ќе ти го каже и секој муслиман, дека светот околу тебе и ти самиот сте доказ за Алах. Овој ,,аргумент" дека светот и човекот се креации и според тоа мора да имаат креатор бидејќи се комплексни е одамна побиен, бидејќи истото може да се примени и за креаторот. Ако се што е комплексно и интелегентно мора да има креатор, тогаш и Бог како комплексно и интелегентно битие би морало да има креатор. Ако Господ немора да биде создаден а воедно е комплексно битие, тогаш зошто универзумот или човекот мора да имаат? Логиката е кристално јасна, ,,аргументите" за неопходност од креатор ако важат за универзумот и човекот, ќе важат и за господ, ако не важат за господ, тогаш немора да важат ни за човекот и универзумот.

Токму ова важи за тебе, ти си тој што се раководи од црковни идеолошки предрасуди што ти го помрачуваат умот и поради кои си слеп за очигледните нешта.
Кај се виде себе си во дискусијава? Или, ги одговори сите прашања кои ти ги поставив па сега преоѓаш во одговарање на нова доза од прашања?...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom