Дали личната телесна автономија треба да биде неприкосновена?

Член од
9 јули 2022
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво народе,

Веќе некое време ми се вртка една малку широчка тематика низ главата за која што би сакал да го прочитам вашето мислење. (TL:DR најдолу)

И кај нас и секаде во светот - правото на телесна автономија е ограничено во одредена мера од државата. Не е неприкосновено. Тоа државата го прави најчесто во име на здравјето и безбедноста на јавноста или заштита на правата на други лица кои се засегнати, но сметам дека често и го прави тоа ограничување заради сопствените бирократски, политички, идеолошки или финансиски неопходности, предрасуди, или проста неукост и небрежност.

Темата може да биде опширна па ќе се обидам да дадам неколку примери кои се надевам ќе постават една рамка на дискусијата, но сигурен сум дека некој аспект на оваа тема кој не би ми текнал мене - ќе ви текне вам!

За почетен пример
, прометот со сопствените органи е забранет. Вие немате право да ги продадете своите "backup" органи као бубрег или белодробно крило или очна чашка, нити пак да подарите свој витален орган, по своја воља и цена на живот - за да го спасите животот на сопствено дете. Дали ова правило трпи некакви измени спред вас, и ако да, кои и зошто?

До каде може со своето тело да прави секој што сака ако никому друг не штети? Дали смее да се самоубие? А што ако се работи за личност која е во подоцнежна фаза на тешка и мачна болест? Дали тогаш е во ред да се забрани крај на страдањето?

Еден друг момент е исто и прашањето на принудна вакцинација.Ако вие имате неприкосновена телесна автономија, што тоа би значело во поглед на вашата имунолошка одговорност кон пошироката заедница?

Ковидот имаше историски гледано ниска стапка на смртност во споредба со Шпанската Инфлуенца од 1918 која што уби 10% од заразените 500.000.000 луѓе или Црната Смрт од 14ти век која уби барем 1/3 од населението на Европа. Но што ако следната пандемија има смртна стапка од 20%? Од 30?% Од 50%? Дали тогаш ќе биде оправдано задолжително вакцинирање и дали ќе треба кривично да одговара секој кој нема тоа да сака да го направи?

Има и примери кои не се прашање на живот или смрт а се поврзани со телесната автономија, ајде да се запрашаме малку за општата култура - тоа како ние гледаме на прашањето на телесната автономија и личната слобода на себе-изменување. Многумина меѓу нас, верувам дека можеби несвесно, но сепак би ги дискриминирале оние кои очигледно го видоизмениле своето тело до точка на непропустлива невообичаеност.

Ама последиците можат да се по страшни отколку само да бидете избегнуван/а , ако одеднаш се одлучите да се појавите на работа со големи и јасно видливи тетоважи на вратот, дланките, лицето или очите, или можеби секоја недела ставате по еден нов пирсинг, работодавецот може да ви даде отказ, или полицијата да ве профилира при секоја сообраќајна или угостителска контрола, претпоставувајќи дека е по веројатно да сте нарко зависник или криминалец отколку некој кој ги нема тие тн. "body modifications".

Дали вие треба да смеете себеси да си наштетува по сопствена слободна воља и ако да, до која мера и од кои причини?

На пример, не е кривично дело да сте алкохоличар, нити пак некој ќе ве уапси бидејќи фрижидерот ви полн со пиво, иако алкохолот убива иљадници секоја година во Македонија - директно преку болести како цироза, мозочен удар и инфаркт и индиректно невини лица преку сообраќајќи. Тоа ваше право, да ја нарушите вашата свест пијанејќи се, право кое не ви е одземено и покрај сите овие негативни последици по целото општество.

А пак од друга страна е забрането да конзумирате по сопствена слободна воља билка која што никогаш никого не убила, која нашите предци ја употребувале илјадници години, која не води до губење на инхибициите на вољата врз однесувањето, нити пак врз невро контролата на мускулатурата, нити кон зависност до точка на смртоносни апстиненцијални кризи, нити неодговорна промискуитетност, нити насилство.

Дали овој очигледен и непореклив дупли аршин ја поткопува моралната рамка врз која се заснова правото на државата да ја наметнува својата воља врз граѓанинот? Ако да, зошто тоа го толерираме? Мижи-демократија сме или имаме право да ги менуваме правилата според кои едни со други се ставаме зад решетки? Зошто создаваме свет во кој страшно ги казнуваме оние кои никому не наштетиле освен можеби себеси и тоа по сопствена воља?

Што со абортусот? Колку и кога смее државата да ја ограничува телесната автономија на жената? Зошто?
Кои граници сметате дека се неопходни, а кои дека сепак треба да ги обмислиме малку по конструктивно?

И за на крај, дали за вас ова прашање е достојно за внимание и активизам, или пак во контекст на бројните проблеми кои нагрнале врз нас, ова е маргинално?

Ви благодарам што прочитавте,

Т.р.п.е.

(TL:DR - Право на промет со своите органи, право на себе-еутаназија, право да се одбие вакцинација, право на заштита од дискриминација доколку имате тн. "body modifications", право на внесување опојни супстанци по сопствена воља, колку и кои од овие права Државата би требало според вас да ги ограничи? )
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558

Колку ли ќе вреди еден човечки живот(и така секојдневно вртоглаво му паѓа цената)кога би постоела легална продажба на човечки органи?
На што би личел светот, на кланица?
Конкуренција огромна со толкава сиромаштија.
Пет пари ќе вреди животот, а можеби ни толку.
Право на себе еутаназија има во неколку држави, незнам кои беа и не ми е битно, но мислам дека треба да има(морници ме лазат)...тешка тема..вауу:vozbud:
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...затоа што човекот не функционира само како тело
...затоа што овчарот(читај државата) неможе да го жртвува целото стадо овци за да "спаси" една :)
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
(TL:DR - Право на промет со своите органи, право на себе-еутаназија, право да се одбие вакцинација, право на заштита од дискриминација доколку имате тн. "body modifications", право на внесување опојни супстанци по сопствена воља, колку и кои од овие права Државата би требало според вас да ги ограничи? )
Се додека сам си плаќаш сакатенњето а јас не морам да ти го финансирам здраството само напред.

Али да се дрогираш легално а од мој данок да те лечат, не доаѓа во предвид.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.298
Поени од реакции
4.699
До каде може со своето тело да прави секој што сака ако никому друг не штети? Дали смее да се самоубие? А што ако се работи за личност која е во подоцнежна фаза на тешка и мачна болест? Дали тогаш е во ред да се забрани крај на страдањето?
„Има уште максимално 5-6 месеци да живее“, оваа реченица ме придружува сеуште.
Најверојатно ќе ме следи цел живот.
На почетокот болеста се покажа притаено, но набрзо го нападна целото телото.
Со секој поминат месец треба сѐ повеќе стручна помош.
Една силна и горда личност, сè повеќе исчезнуваше.
Чувствувајќи го тоа, не сакаше повеќе да живее.
...
Потпомогнатото самоубиство е легално во Австрија од 2022 година,
но законот е полн со бирократски пречки.
Двајца независни лекари даваат мислење, по лични разговори и проверка на медицинската документација. По 3 (ТРИ) месеци, нотар ќе ги завери овие извештаи при посета на лице место. Потоа доверливо лице добива шифра што треба да се предаде на одредена аптека. Аптекарот го нарачува лекот и го дава само на ова лице. Оној што умира мора самостојно да го земе.
Целата процедура трае предолго.
...
Неизлечиво болните се несфатливи за другите луѓе.
„Лежам, а во мене само страв и болка“, велеше.
Се обидувам да ја разберам желба за смрт,
разговорот станува сè потежок.
Имам нејасна претстава за тоа какво е тоа чувство,
за мене тоа е несфатлива димензија.
Очај, болеста се повеќе влијае и на говорот.
Срцето се стега...
Една мисла ме мачеше:
„Не е до мене, до неа е... НЕЈЗИНАТА ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА“.
Морам да го сторам тоа за неа, од љубов.
За мене, незамислив стрес.
Од некаде ми дојде мисла:
„Можеби е доволно само да знае дека има нешто што може да направи,
за да стави крај на својот живот.“
Телото е изнемоштено, одлуката е на мене.
И таа желба, ПОСЛЕДНАТА, не ја исполнив.
Не од страв од државата,
во такви моменти останува само стравот пред Бога...
...
ПС: Мое лично мислење, (што не значи дека е морално, етичко или законски)
е дека секој еден ЧОВЕК треба да може сам да одлучи за СВОЈОТ живот...
Иако е против Бога.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom