Дали и колку често посетувате музеј?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.586
Поени од реакции
38.731
Последен пат бев на тој во стара железничка, совршено место да го доживееш старо Скопје.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.642
Поени од реакции
13.093
Трет(ц)јаковскаја галерија (Москва) > Ермитаж (Петроград).
Вториов е енорно здание, иако тематски распоредено, човек пребрзо се заситува со тој кичаст раскош. Првото е права уживанција на слики. Ајвазовски ми е тука прв на листата.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Многу ретко, за жал. Освен школски екскурзии низ државава кои не ги ни паметам доволно, самоиницијативно не сум имала голема можност за посета на музеи.

Пред неколку години точно недела дена пред доделувањето на Нобеловата награда имав шанса да го посетам The Nobel Prize Museum во Gamla Stan - Стокхолм и да купам по некоја дребулија од продавничката во близина.

12.jpg

15.jpg

16.jpg
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Трет(ц)јаковскаја галерија (Москва) > Ермитаж (Петроград).
Вториов е енорно здание, иако тематски распоредено, човек пребрзо се заситува со тој кичаст раскош. Првото е права уживанција на слики. Ајвазовски ми е тука прв на листата.
Ајвазовски :love: неговите марини даваат екстазен спокој.... Многу би сакала да ги доживеам во живо.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Штета е што повеќето немаме навика да посетуваме тукашни музеи.
Кај нас, последно што бев во Музеј на македонската борба во Скопје и бев изненаден од амбиентот и како истиот го осмислиле. Си поминав ептен забавно. Го препорачувам на секој да го посети барем еднаш, ене го кај е.
Музејот на современа уметност исто во Скопје, според мене ја има најмагичната локација. Малце околината е запуштена и треба да се среди во таа насока, а од "музејски" аспект, нема да му се допаѓа на секого.

Низ светот од музеи, можеби еден од најубавите кои сум го посетил бил CosmoCaixa во Барселона. Музеј во кој главен акцент е ставен на науката, ја опфаќа еволуцијата на земјата и човештвото и има прилично голем скроен екосистем на амазонска прашума каде што можат да се најдат пирани, крокодили и останати змајеви и животињи кои неретко се шетаат околу тебе. Интересно е што самиот музеј има еден тон интерактивни препарати кои ти ја доловуваат поентата од практичен аспект и колку и да не те интересира наука, ќе се осеќаш како мало дете што му купиле хепи мил. Исто така, огромен музеј, треба да му се одвои барем еден ден за прошетка.
Можеби најпознатиот музеј во Барселона е MACBA, museum of contemporary art. Истовремено, просторот околу музејот на локалците им е измислен за скејтање, ѓоа плочник кај нас, само што тука доаѓаат од цел свет. Чудни се овие современиве музеи, дефинитивно не се за секого. Амбиентално е прекрасен, а егзибициите и активностите се ептен забегани. Функционира на принципот влагање од соба во соба и секоја соба си има своја егзибиција или активност, неретко и интерактивна. Доста чуден и на моменти језив музеј.
Исто во Барселона, Музејот на Пикасо е одлично скроен. Сместен е во убаво дотерана куќа полна со зеленила. Нема што друго да се каже, кој го интересира уметноста и Пикасо, ќе си помине забавно.

Берлин според мене е метрополата на музеите. Каде и да се влезе нема утка. Ако некогаш идете во Берлин, појдете до Topography of terror, башка и гага влез :icon_mrgr:. Мал е, за еден саат го поминуваш цел.
Понатака, Naturkunde, или како и да е. Интересен и голем музеј, мада вакви природнонаучни музеи ги има во секој град и не носат некоја посебна специфика.

Во Египет Egyptian Museum во Каиро е драма, со единствена маана што на многу луѓе им се слошува шетајќи го, иако е добро климатизиран.
Еден поинаков и специфичен музеј е Долината на кралевите во Луксор. Музеј затемелен врз вистинските археолошки ископетини, в сред пустина. Ако некогаш патот ве носи во Египет, самиот древен Луксор нуди еден тон интересни музеи.

Нема што многу да се збори за Louvre. Маестрално организиран и изграден музеј и за истиот треба да се одвојат неколку дена. Има егзибиции од секоја доба, за сечиј вкус, за секоја возраст. Кај делот на Мона Лиза е хаотично, премногу туристи и гужва. Целосно се ицрпува убавината шетајќи сам низ музејските ходници и одаи.

Во Назаре, Португалија, како малечок и компактен мини музеј би го издвоил Big Wave Museum Nazare. Вметнат во самите простории на светилникот, ги објаснува причините за настанувањето на најголемите бранови во светот, што некогаш достигнуваат и до 30 метри, има изложено сурф даски на најпознатите сурфери од целиот свет и има прекрасен видик кон океанскиот хоризонт и околните плажи. Влез беше 1 евро.

Животна желба ми е да појдам во Alcatraz East или било кој крими музеј низ светов.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.749
Поени од реакции
10.416
Последен пат пред околу 6-7 години во средно. Белведере во Виена. Да, сакам да одам на такви места-ми дава некој спокој. Ама ме нервираат мајки со деца, а и генерално не сакам гужви. Сакам да сум сам во него, со вино, Erik Satie во позадина. Инаку планирам во неколку градови да посетам неколку музеи, не светски познати де ама колку да ја видам разликата со горе споменатиот.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.475
Поени од реакции
16.086
Освен градскиот музеј во Куманово, го имам посетено во рамките на факултетот музејот на ВМРО и на холокаустот. Премногу сум импресиониран од вториот музеј. Голема желба имам и наскоро ке го посетам музејот на Југославија во Белград.
 
J

joli1

Гостин
Јас за себе би рекол дека љубовта кон историјата е причината за мојата љубов кон музеите.

Имав среќа у основно што имав класна по историја која што љубеше историја, па кога одевме во музеи често знаеше да ме земе на страна и да ми објаснува за одредени работи за музеите кои што ги посетувавме. Убави спомени.

Најомилен наш музеј сигурно ми е тој во Битола, музејот на Мустафа Кемал Ататурк, а верувајте ми дека не се случило да одам у Битола, а да не наминам во тој музеј. Имате препорака од мене.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.970
Поени од реакции
55.017
Пред скоро 4 години бев у Штудгарт на гости и покрај Мерцедес Бенц арената истотака позната и како Готлеб-Дајмлер стадион, се наоѓа музејот на Мерцедес. Едно огромно здание каде се собрани сите битни и култни возила од компанијата Дајмлер.

За љубителите на коли е стварно рај, преголемо е, и ти треба доста време само да го прошеташ и да ги видиш сите возила почнувајќи од првиот Мерцедес и завршувајќи со последното чудо. А ако случајно сакаш да слушаш предавања и подетално да се занимаваш со возилата и нивната историја, ќе окапеш. Период од 100 и кусур години.
Истотака имаше и симулација на возење на тркачки возила почнувајќи од најстарите, завршувајќи со Формула.

Еден цел спрат има резервиран и за фудбалскиот клуб Штутгард, битни моменти и ствари од нивната историја.

20181011_125739.jpg
20181011_130442.jpg
20181011_132659.jpg

Бордо колата е на Принцезата Дијана а ова другово е на Папата Јован Павле II.
20181011_133940.jpg

Реплика на автобусот во кој се возела репрезентацијата на Западна Германија на светсткото првенство 1974та каде станале светски шампиони. Може да се влезе внатре во бусот.
20181011_134009.jpg
20181011_134348.jpg
20181011_134117.jpg
Многу е јако вака бар малце да искусиш атмосфера од еден многу битен историски момент за спортска Германија. Бекенбауер и компанија се движеле низ бусов (не у истиот де, добро).

Ова ако не се лажам е првиот електричен Мерцедес.
20181011_135008.jpg

Дел од спратот резервиран за ФК Штутгарт.
20181011_135345.jpg

Униформата на братот Раиконен.
20181011_140426.jpg

Формулата на господинот Мика Хакинен
20181011_140349.jpg


И уште многу многу други возила, пожарникарски комбиња, воени камиони, брза помош. Буквално сите производи и возила од Мерцедес.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Пред скоро 4 години бев у Штудгарт на гости и покрај Мерцедес Бенц арената истотака позната и како Готлеб-Дајмлер стадион, се наоѓа музејот на Мерцедес. Едно огромно здание каде се собрани сите битни и култни возила од компанијата Дајмлер.

За љубителите на коли е стварно рај, преголемо е, и ти треба доста време само да го прошеташ и да ги видиш сите возила почнувајќи од првиот Мерцедес и завршувајќи со последното чудо. А ако случајно сакаш да слушаш предавања и подетално да се занимаваш со возилата и нивната историја, ќе окапеш. Период од 100 и кусур години.
Истотака имаше и симулација на возење на тркачки возила почнувајќи од најстарите, завршувајќи со Формула.

Еден цел спрат има резервиран и за фудбалскиот клуб Штутгард, битни моменти и ствари од нивната историја.

Прегледај го приврзокот 321644
Прегледај го приврзокот 321645
Прегледај го приврзокот 321646

Бордо колата е на Принцезата Дијана а ова другово е на Папата Јован Павле II.
Прегледај го приврзокот 321647

Реплика на автобусот во кој се возела репрезентацијата на Западна Германија на светсткото првенство 1974та каде станале светски шампиони. Може да се влезе внатре во бусот.
Прегледај го приврзокот 321648
Прегледај го приврзокот 321649
Прегледај го приврзокот 321650
Многу е јако вака бар малце да искусиш атмосфера од еден многу битен историски момент за спортска Германија. Бекенбауер и компанија се движеле низ бусов (не у истиот де, добро).

Ова ако не се лажам е првиот електричен Мерцедес.
Прегледај го приврзокот 321651

Дел од спратот резервиран за ФК Штутгарт.
Прегледај го приврзокот 321652

Униформата на братот Раиконен.
Прегледај го приврзокот 321653

Формулата на господинот Мика Хакинен
Прегледај го приврзокот 321654


И уште многу многу други возила, пожарникарски комбиња, воени камиони, брза помош. Буквално сите производи и возила од Мерцедес.
Униформата не ќе да е на Кими, не знам зошто опнале негова слика. Едино ако течело некое слајд шоу. Вакви униформи носеа после разделбата со Мекларен, ако добро гледам, од Розберг ќе да е :)
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.970
Поени од реакции
55.017
Униформата не ќе да е на Кими, не знам зошто опнале негова слика. Едино ако течело некое слајд шоу. Вакви униформи носеа после разделбата со Мекларен, ако добро гледам, од Розберг ќе да е :)
У право си, на Розберг е, пишува на неа.
Сигурно било слајд шоу, помислив дека е на Кими ради сликата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.211
Поени од реакции
78.776
По музеи, сум идел и сум дремел, многу повеќе од ваљда сите тука, а помалку од тие што работат по музеи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Повеќе сакам неконвенционални или тематски музеи, отколку оние класичните со уметнички дела. На пример имам посетено музеј на илузии а би сакал да посетам и музеј на восочни фигури. Исто ме привлекуваат музеи на спортски клубови како и на брендови (како овој на Мерцедес постиран погоре).

Од музеи што ги имам посетено би го издвоил тој на Никола Тесла во Белград. А од тие за кои ми е криво што не ги посетив е музејот на Салвадор Дали во Фигуерес. Пред три години бев во близина, во Барселона, но имаше многу други места за посета а времето и ресурсите беа ограничени, па остана за некоја наредна прилика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom