Дали и колку често посетувате музеј?

Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Видов дека има една отворена тема иста како оваа, но од далечната 2008, па затоа си реков да отворам нова со надеж дека ќе биде нешто поактивна од таа.

Колку често посетувате музеј? Дали ги следите актуелните настани што се поврзани со уметноста на македонско ниво?
Доколку не ја посетувате често оваа установа, можете ли да ги наведете причините поради кои е тоа така (дали е во прашање локација, финансии, време, немање интерес и др.)?
Кои се музеите кои најчесто ги посетувате? Дали има некои работи кои ви фалат при посетата? Дали постојат работи за кои мислите дека доколку се овозможени ќе има поголема посетеност?
Дали разговарате за музеи/посетувате музеи со вашите деца? Дали ви е битно вашите деца да имаат познавања од Уметноста? Дали и колку често училишната програма на вашите деца организира “екскурзии“ во музејот (се разбира за ова не можеме да зборуваме моментално, со оглед на состојбата, прашањето се однесува на годините пред вирусот).

Овие нека бидат некои почетни прашања кои ќе ја стартуваат дискусијата. Понатаму верувам дека ќе се развијат и други.

Ќе почнам јас. Не се сеќавам некогаш од училиште да сме го посетиле Народниот музеј во Велес, ниту пак гледам дека тоа се практикува и денес. Единствено што можам да кажам е дека сме имале еднодневни екскурзии во Музејот на македонската борба за самостојност и во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Ама сепак, тоа биле екскурзии кои ги организирале наставниците по историја. Моите родители не биле од никогаш склони кон Уметноста, па поради тоа музеите не биле дестинација за неделната прошетка. Не познавам ниту другари чии родители тоа го практикувале.
Што од еден аспект е малку тажно. Гоењето на љубовта кон Уметноста според мене треба да почнува од мали нозе. Тоа, не само што визуелно ќе го збогати мозочето на детето, туку ќе го изостри своето око, ќе умее да забележува во своето гледање и ќе ги зголеми спектрите на својот видик.

Што се однесува на сегашноста, со оглед на тоа дека повеќето време бев надвор од Македонија, ги посетував музеите каде што престојувам, а кога бев дома, времето сакав да го трошам на надокнадување со пријателите и домашните. И нема да верувате, но се' уште го немам посетено Народниот музеј во Велес! Тоа секако ќе се смени со следното доаѓање, бидејќи веќе ми е срам.
Претпочитам да одам во музеј сама. Не сакам да дискутирам додека ги гледам делата со некој друг. Сакам да ги искусам сама, во своите мисли. И сакам да останам на една слика ако треба и 10 минути, а не да сум под притисок да брзам бидејќи пријателот/ката веќе прошарала низ сликите.
Ја обожувам тишината која владее во него. Кога се слуша дури и дишењето на кустосите. Мразам кога ќе се погоди во просторијата да има луѓе кои зборуваат (гласно и без осет). Еднаш ми се случи да има баби и дедовци во галеријата, па две од нив гласно си зборуваа што зготвиле за ручек и дали сопругот на едната јадел печурки или не. Тоа ми е скрајно некоректно и ме ежи.

п.с. Ве молам, ве молам не се брецајте на темава. Нека има дебата со аргументи. Нека остане чиста. :)
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Ќе речев Ja, wohl! посетуваме, но 8 месеци сум во градов, а тука има маестрален Музеј, преполн со Германска и Италијанска уметност и мене не ми е ни еднаш посетен, а се токмам со месеци.

Веќе сите дела кои се во него ми се видени на интернет, битно во живо не го посетив. Хм, има и еден Ѕид преграден со стакло во Арт Нуво стил, или Австриски Југендстил, таму сакав да правам и фотка, но се уште не.

Немам време, не е изговор, но со хаосот од моите смени - навечер до 20 часот, сабајле во 5 aufstehen, се до 14ет часот, јасно ми е зошто не сум нашол време.
Автоматски споено мислење:

Битно за Уметност секогаш имам време без разлика од условите. Зрпање во слики од 15ти век, со огромна резолуција на нет, и по 30ет минути ми е омилена активност, зум ин енд аут по сто пати.

Уметноста има терапетска компонента. Кај луѓе болни од Деменција можи да ги ублажи симптомите.
Автоматски споено мислење:

Омилен стил - сеуште Арт Деко.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Исто ко тебе Витче, ни моите не се склони кон уметност, па никогаш ме немаат однесено во музеј, ниту пак некој од другарите се љубители на уметност.

Не се сеќавам ко дете да сум бил во којзнае колку музеи, освен неколку училишни екскурзии низ Македонија на кои ко низ магла се сеќавам дека имаше некои стари пиштоли и сабји од старо време.

Интересно искуство ми беше пред неколку години посетата на музејот "Никола Незлобински" во Струга. Штета што музејот не беше во најдобра состојба и имаше некоја миризба (можеби некоја хемикалија за одржување на експонатите, не знам) и слаба осветленост, а поседува добра збирка на препарирани животни.

А прва самостојна посета на изложба ми беше пред месец дена :noze:.
Се работеше за изложбата на Васко Ташковски во Даут Пашин Амам. Едно деденце кое има создадено огромен број неверојатни надреалистични светови со прекрасни бои. Преубаво визуелно искуство.

Како едно искуство што не беше ништо како што јас го замислував беше и посетата на Музејот на мачките во Котор. Можеби имав големи очекувања зашто беше спомнат низ некои туристички страници како нешто што не треба да се пропушти, а ја би рекол слободно пропуштете го.

После тоа шетајќи низ сокаците на Котор забележав и музеј посветен на рускиот писател Михаил Булгаков, ама за жал немав доволно време за посета. Ми остана како желба тој музеј, ако некогаш се вратам во градот.
 
Немањето време е според мене тотално разбирлива причина. Па сепак, посетувањето музеј не е како одење на кафе. Бара доста концентрација и чисти мисли. Не е нешто што го правиш приморано.

А за Арт Деко... неодамна на инстаграм заследив една антикварница што се наоѓала на излез од Охрид, бар така ми кажаа тие. Точно каде е не знам. Ама боже работите што ги имаат....... мислам дека е опасно да отидам таму бидејќи може никогаш да не испаднам.. Инаку имаат многу уникатни парчиња мебел во тој стил. Очиве ми плачат кога ги гледам :love:

Знаеш ли колку ми е криво што не бев дома за да ја посетам изложбата на Ташковски! :( Не знам кога повторно пак ќе ги соберат на едно место сите негови дела.. а пробав да си ја задоволам душичкава гледајќи слики на интернет...ама не е тоа тоа... Ташковски е македонскиот Бош! :love: Кога ќе имам свое катче што ќе го викам дом, дефинитивно ќе имам некоја негова репродукција.
 
Мислам дека не беа сите негови дела туку само мал дел (околу 150), а имал создадено околу 800-900 дела.
Сепак, не ме држи за збор за цифриве зашто со бројките сум скаран.

Како што рече не е тоа-тоа да се видат сликите на интернет, посебно неговите слики што имаат мал милион детали, ама ако сакаш може да ти пуштам тоа што сликнав. Едно 70-80 слики може сум направил. :D

П.С. Имаа издадено и каталог со дел од неговите слики, ама нажалост јас кога бев им беше распродаден првиот тираж.
После издадоа и втор, ама не ми одговорија на фејс што цена е, а не ми се одеше пак само за ко ќе стигнам да ми кажат некоја голема сума. :oops:
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Немањето време е според мене тотално разбирлива причина. Па сепак, посетувањето музеј не е како одење на кафе. Бара доста концентрација и чисти мисли. Не е нешто што го правиш приморано.
Она што ми се допаѓа е што самиот град каде што сум е како отворен Музеј, статуи, фонтани, градби во Грчки стил, луѓето се убави, југот на Германија е навистина нешто посебно. Ми се допаѓа колку и се посветиле на Уметноста во минатото. Самиот живот им бил уметност. Денес веќе не. Но сеуште имаат почит.
Има и Масонски Пирамиди и Грчки Свинги (полу мачки/лавици полу жени) од црвен камен.

А за Арт Деко... неодамна на инстаграм заследив една антикварница што се наоѓала на излез од Охрид, бар така ми кажаа тие. Точно каде е не знам. Ама боже работите што ги имаат....... мислам дека е опасно да отидам таму бидејќи може никогаш да не испаднам.. Инаку имаат многу уникатни парчиња мебел во тој стил. Очиве ми плачат кога ги гледам :love:
Замисли сценарио - година 1923та, Њујорк, на 80ти спрат, се наоѓаш во соба преполна со таков перфектен афтентичен мебел, стилот е толку Арт Деко што дури и пенкалата на бирото се во тој стил. На ѕидот виси некое ремек дел од Тамара де Лемпицка (Марија Горска).
Америка пред војните со Светот е комплетно друга приказна. Вистинската цивилизација.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Мислам дека не беа сите негови дела туку само мал дел (околу 150), а имал создадено околу 800-900 дела.
Сепак, не ме држи за збор за цифриве зашто со бројките сум скаран.
Околу 1.000 слики во маслена техника, над 3.500 акварели, над 1.000 цртежи, графики, сценографии и над 12.000 секојдневно дисциплинирано изработувани идејни скици. Има објавено 5 монографии и 1 книга со автобиографски записи.

Стилот на Ташковски е толку препознатлив, што доволно е само да ја погледнеш сликата и веќе ќе знаеш дека е негово дело. Спојот на природата и се она што е околу нас со надреализмот и фантазијата го прави посебен и препознатлив.
Човечево ме фасцинира, мал и тивок како појава, ама преголем во своите слики, творештво и непресушен извор на информации.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.416
Поени од реакции
4.248
Експлицитно едини музеј за уметност што го имам посетено ИКАД е лувр. Не може да кажам со здрав разум дека сум љубител на огромен број стилови на уметност, особено не оние произлезени во последниве 150 години(модернизам, кубизам, деко, апстракт,суреализам итн).
Еднашка бев дури и на уметничка изложба на пријател, ама нај искрено...не осетив привлечност кон црнобелиот стил.
Сега цела субкултура се има сторено, главно хипстери и ел џиби ти заедница ја едноставно перам раце од нив.
Тип на музеи што сакам да посетувам, природонаучни, археолошки, технолошки итн.
Во такви како за холокаустот нема да идам-бев во штабот на гестапо во берлин, видов и знам доволно(и нејќам повеќе). Имам идено во етно, во пашин амам, природонаучен кај нас.
Во странство куп други. Повеќе сакам геолошки, биолошки или археолошки и историски знаменитоси да посетувам.
20190417_130552.jpg
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
ама ако сакаш може да ти пуштам тоа што сликнав. Едно 70-80 слики може сум направил. :D
Ummmm duuuuh!! :love:

Инаку во право сте за бројот на делата, само мислам дека во едно интервју кое не се сеќавам каде го прочитав веќе, рече дека оваа негова изложба досега била најопсежна.. и самиот кажа дека не знае кога пак ќе се створи прилика за иста таква, што многу многу ме тажи :(

Експлицитно едини музеј за уметност што го имам посетено ИКАД е лувр. Не може да кажам со здрав разум дека сум љубител на огромен број стилови на уметност, особено не оние произлезени во последниве 150 години(модернизам, кубизам, деко, апстракт,суреализам итн).
Еднашка бев дури и на уметничка изложба на пријател, ама нај искрено...не осетив привлечност кон црнобелиот стил.
Сега цела субкултура се има сторено, главно хипстери и ел џиби ти заедница ја едноставно перам раце од нив.
Тип на музеи што сакам да посетувам, природонаучни, археолошки, технолошки итн.
Во такви како за холокаустот нема да идам-бев во штабот на гестапо во берлин, видов и знам доволно(и нејќам повеќе). Имам идено во етно, во пашин амам, природонаучен кај нас.
Во странство куп други. Повеќе сакам геолошки, биолошки или археолошки и историски знаменитоси да посетувам.
Прегледај го приврзокот 321343
Јас сѐ уште не сум имала прилика да ги посетам реномираните музеи.. но со тек на време ќе дојде и тоа. Знам дека пред да одам ќе треба психички да се спремам за 200+ луѓе што се шетаат по просториите (очигледно е и на сликава).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Заборавив да спомнам дека ја кога бев на изложбата на Ташковски за викенд, мислам недела беше, позитивно ме изненади кога видов дека дојдоа неколку родители со мали деца, а имаше и една група на неколку жени со мали дечиња (не сум сигурен дали им беа мајки или можеби учителки во прво одделение) и ги застануваа децата да ги потпрашуваат за сликите. Ајде сега ти кажи што гледаш на сликава? Какви се боите (топли или ладни)? Што ти се допаѓа на сликава?
И такви некои едноставни прашања и делење интересни информации со нив што ми се виде многу симпатично.

Не знам дали некое од децата ќе стане љубител на уметност и колку често ги водат на изложби, ама браво за жените.
 
Колку убаво! Не сум многу запознаена со дејностите на Националната галерија на Македонија, но дефинитивно мислам дека е добро таквите институции да организираат повеќе работилници со малите. Има толку многу интересни можности преку кои може да влезат во светот на Уметноста!
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
Последно бев во куќата на Татарчеви во Ресен. Многу силна енергија има на такви места.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom