Дали им верувате на гатачките (гатање)?

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Гатачки вражарки, тоа се се глупости.
Нити сум бил кај нив, нити сум им верувал, а и нема ни да им верувам.
Според мене тоа се најголемите измамнички што постојат. Земете ја како пример Сабина на Едо што гаташе :facepalm:
Какви глупости им кажуваше на луѓето тоа чудо...Ама не е она глупа. Таа си праи пари, глупи се луѓето што и се јавуваа и одеа кај неа.
Имав една комшика одеше на гатачки, бајачки вражарки, какви ли се не глупости и кажуваше и оваа си се лажеше, а ништо од тоа вистинито немаше и не се оствари.
Мој совет, ако ве интересира пари дали ќе имате...фатете работете и ќе ги имате.
Љубов дали ќе имате....ќе си ја најдете самите со тек на време.
Здравје дали ќе имате....оставете на Бог да одлучи.
Сигурно некоја тетка со 500 алки на рацете нема да знае колку ќе живеете, колку пари ќе имате во иднина, кој/а ќе ви биде маж/жена итн.
Mnogu retki se oniekoi imaat vistinska mokj, duri i nekoj bey specijalcna mokj ye da pogod mnogu raboti tocni!Na pr nekoj ti gleda idninata i ti kayuva rabota. ti ke ja svatis taa rabota kako vistina i mokta na potsvesta ke ja transformira vo tvojot zivot!
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Мајка ми пред 10-15 години знам дека идеше неколку пати со тетка ми, мислам дека беше поради тоа што тетка ми немаше деца после многу обиди, а јас отсекогаш сум бил скептик за вакви работи. Само не знам зошто во последно време нешто како да ме тера да идам на гатачка, баш да видам што се ке ме излаже :D
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Морам сега Џони Браво да го цитирам : I have two words for you mister: NO!
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Ми се чини дека некои од форумџииве многу гледаат medium, ghost whisperer и the listener... :D
 
B

Borg_Drone

Гостин
Минатиот семестар кога одев на предавања, една циганка-гатачка пред влезот на мојот универзитет ме сопре и ми побара да ја честам кафе а за возврат ми нудеше да ми ја претскаже мојата иднина.Ми спомна само еден детал од мојата иднина; дека ќе сум бил многу среќен и тоа ми го кажала само поради тоа што замислете сакала да покаже „знак на добра волја“.Јас се разбира, првин добив впечаток од нејзиниот вокабулар дека оваа некоја мутирана верзија на Ромка беше, некоја пообразована манипулантка нешто по моделот на Амди Бајрам, кој лежеше во затвор за криминал.............Додуша не сакав да навлегувам во понатамошен разговор со неа и само фино и културно и одговорив дека „нема потреба да ми ја предвидува иднината и дека нема потреба од тоа да ми претскажува на кое поле јас ќе бидам среќен, среќата на крајот пак нели самата по себе ќе си дојде, „ако ми е пишано“ нели“.....Ако „ми е пишано“ тогаш тоа самото по себе ќе си дојде и нема потреба од читање сказни и пеење приспивни песнички.

Тука ќе ја видите најголемата противречност; најголемата контрадикторност на Македонците.Читав пред некој ден дека ние сме биле најрелигиозен народ во цела Европа, а замислете, по расипаноста и одвратноста сме меѓу првите пет тоа е нормално, од што сме ние премногу „религиозни“, религиозноста во преголеми количини кога се применува, одразува самата по себе и лоши влијанија.Затоа и толку светци не чуваат сите нас, зошто сме како кучиња, страв има од нас Бога што е и нормално.....
Само да не одам понатаму, сакав да прашам прво со кој памет одат тие Македонци кај гатачки да им ја предвидуваат иднината?Прво, тебе религијата ти налага да не ни помислуваш на такви работи, а второ толку не можат да се сетат луѓево дека ако „им е пишано“ да бидат „било какви“ тогаш тоа самото по себе ќе си дојде и не можат никакви трикови тоа да го променат, зошто тоа е „пишано“......
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не верувам,бабини деветини
 
Член од
12 април 2018
Мислења
29
Поени од реакции
27
Иде Циганка кај баба ми која седеше во двор сама во лето. (Баба ми беше најскржавото човече на светот)
Ц: шо праеш бабо зошто седиш сама?
Б: сите се на работа!
Ц: сакаш да ти гледам,нешто не си арна!!!
Б: да да не сум, ајде кажи ми нешто
Ц:дај нешто златно ја убаво на злато гледам
Б: аааа неам злато
Ц: нешто бурма ланче шо ти се наоѓа
Б:ништо неам
Ц: дај месо и на месо гледам
Б: немам месо
Ц: е шо јадеш ти бабе
Б: Пиперки
Ц : ај да си одам ја тука ништо нема.
Пукав кога ја слушав преку клучалката Али оваа многу способна на се гледа :lolzz:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Иде Циганка кај баба ми која седеше во двор сама во лето. (Баба ми беше најскржавото човече на светот)
Ц: шо праеш бабо зошто седиш сама?
Б: сите се на работа!
Ц: сакаш да ти гледам,нешто не си арна!!!
Б: да да не сум, ајде кажи ми нешто
Ц:дај нешто златно ја убаво на злато гледам
Б: аааа неам злато
Ц: нешто бурма ланче шо ти се наоѓа
Б:ништо неам
Ц: дај месо и на месо гледам
Б: немам месо
Ц: е шо јадеш ти бабе
Б: Пиперки
Ц : ај да си одам ја тука ништо нема.
Пукав кога ја слушав преку клучалката Али оваа многу способна на се гледа :lolzz:
Не знам, и јас си мислев дека све тоа не е вистина, али си викам ако немаше ништо врска тоа, зошто толку серии, филмови и книги се напишани за тоа, м? И документарци имам гледано, кај што раскажуваат за вакви работи што им се десиле на разни луѓе. Треба да се гледа малце пошироко, да се уклучи мозокот. Лесно е да се плука и да се изиграва фраер.

Еве ти што викаш, и кај нас дојде една жена, оваа не беше циганка, од некоја друга раса беше, значи поштена, и гледаше на златни обетки. испадна на крај све злато што имавме дома да ти било проколнато, ама ете се нафати жената и го зема за да го закопа некаде. упм, се спасивме од зло и маѓија, фала богу.
 
Член од
12 април 2018
Мислења
29
Поени од реакции
27
Еве ти што викаш, и кај нас дојде една жена, оваа не беше циганка, од некоја друга раса беше, значи поштена, и гледаше на златни обетки. испадна на крај све злато што имавме дома да ти било проколнато, ама ете се нафати жената и го зема за да го закопа некаде. упм, се спасивме од зло и маѓија, фала богу.[/QUOTE]
:pos::pos::pos::pos::pos:
Добро направила ве спасила
 

Panta Rehi

Евангелско Протенстантски Христијанин
Член од
8 јули 2018
Мислења
29
Поени од реакции
9
Тие и да погодуваат не го прават тоа од тоа што самите се способни да претскажуваат за иднината на секој човек, туку се водени од нечисти сили или духиви кој ги зарбуваат ти се повејќе слуги на сатаната и да ти погодат нешто пак е тоа лага само да те невлече да веруваш во тие бајачи и гатачаи после може само да ти биде уште полошо. Јас само го признавам единствениот Господ, Бог, Исус Христос кој знае нејдобро знае за мене. Затоа што само Тој е патото вистината и животот на секоје Негово созданије како што е и човекот, надвор од тој пат јас не признавам за некој што мене лично ме познава.
 
S

Swastika

Гостин
Нострадамус грешит ГОДИНИ, а не НАСТАНИ. рекол дека на почетокот на 21 век „железна птица ќе ги собори големите близнаци” и на 11.9.2001 година беа урнати кулите близначки... исто предвидел дека Шпанија ќе е светски првак во овој период - ќе си уплаќам јас на Шпанија секое светско...
Штета македонија освои..
 
M

martin64

Гостин
Сето тоа се глупости и тоа е окултизам, гатачките се опседнати од самиот ѓавол.
Секој човек е сам за својот живот и својата среќа 100% одговорен и само ние можеме самите да си направиме добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom