Дали имаме право на втора шанса за живот?

Дискусија во форумот 'Философија и психологија' започната од Psychosick, 11 март 2019.

  1. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Затоа што знаат некогаш да ме ребраат на оваа тема, само затоа ми е тешко.
     
  2. stratUs

    stratUs

    Член од:
    20 април 2012
    Мислења:
    1.708
    Допаѓања:
    2.831
    Не реков дека твоето е исто.Ти кажав и предходно дека треба да продолжиш непред,а не да се враќаш назат.Имаш нов живот и дете кое зависи од тебе .Тека да се најдобро.(y)
     
    Последно уредено: 14 март 2019 во 11:50
  3. goodvibe

    goodvibe

    Член од:
    7 февруари 2019
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    7
    И јас така се чувствував. Одкако расчистив со токсичните луге во мојот живот многу се разболев. На доктор ми рекоа оти имам тумор на некој внатрешен орган, но неможеа точно да го лоцираат. На некој начин тоа ми дојде како олеснување, си реков конечно ке најдам мир. Решив ако треба да одам на хемо терапија, нема да одам. Но имаше луге во мојот живот кои сакаа да бидам жива, им требав тука. Решив дека ако не за мене, вреди да се потрудам за тие луге. На крај туморот не испадна лош и сам си се излечи. И ете жива сум. Си ги признавам моментите на слабост и си давам втора шанса оти и јас сум човек. Дури и да сум згрешила и направила лош избор во момент на слабост, не се обвинувам. Направив како што мислев дека е најдобро, Сега знам подобро и правам подобро. Не вреди да се казнуваме за нешто кое треба да ни биде само една лекција во животот. Гледај напред сега, натаму сакаш да одиш, нели? :)
     
    На teneke, shutrak и Psychosick им се допаѓа ова.
  4. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Секој сака да оди напред, мене ми е највеќе за моето семејство, знам маж ми колку се бори за нас, уште што се нема направено за да ни е убаво и каква иднина ни планира.
    Он вика дека тоа е минато, да не се плашам и да не го мислам.
     
    На goodvibe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goodvibe

    goodvibe

    Член од:
    7 февруари 2019
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    7
    Прекрасен ти е мажот. И јас запознав еден прекрасен маж што помина низ токсичен брак. Млад се оженил, не знаел со кого си има работа. Набрзина две деца, и дури потоа излегле лошите работи на површина. Бившата илмала патолошка дијагноза за која тој не знаел. Не можел да ја разведе заради притисок од домашните и околината. Дома кавги, расправии, понекогаш и физички пресметки. Така 20 гоини, додека керките не пораснаа. Ги знаеме во град оти во мало место живееме. Секакви муабети му вадеше на човекот а вистината беше сосем поинаква. Конечно пред две години се разделија со кавги и полиции. Јас во тој период почнав да се грижам за него(му готвев понекогаш) оти ми беше жал. знам како е сам и јас бев сама 4 години. Тој почна да ме моли да се преселам кај него ама мене ми требаа добри 6 месеци. Уште ми беше многу срам од моето искуство, иако не бев ништо крива. На крај мајка ми ме убеди да соберам сили, да продолжам напред и да си дозволам да бидам среќна. Еве една година живеам со мојот божји дар(така му е името). Има прекрасна смисла за хумор, многу е мил и прав гентлман. Со него си го најдов мирот и многу ми е добро. Ти посакувам и ти да одкриеш уште многу убави верзии од самата себе. Животот е патешествие и работите што ни се случваат не оформуваат како личности. Така се гради карактер и се стекнува искуство. Ни една лекција не е бесплатна и оние болните и убавите, се си има вредност и цена.
     
    Krstev, Mr.Deni, teneke и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ne0

    Ne0 上帝的僕人

    Член од:
    петок
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    11
    Главата горе и само напред, срце нежно. Остави ги душманите нека зборуваат колку сакаат, а кога ќе видат дека си успеала тек тогаш нив болката ќе ги стегне. Поготово, тие што те "ребрале" можеш комотно да ги избришеш од круг на пријатели, бидејки тоа ти кажува дека се лажни пријатели. Бог е еден и единствен, не се секиркај, тој ќе им врати. Секое добро и лошо искуство те прави посилна и попаметна. Браво за се што си издржала, навистина си силна! Ептен ми е мило и драго што Бог не те заборавил и те запознал со твојот маж, посебно некој што се бори за вашето семејство и што те мотивира и подржува за подобро утре. Љубов до двајцата! :)
     
    Последно уредено: 17 март 2019 во 02:23
    На Psychosick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Krstev

    Krstev

    Член од:
    12 март 2015
    Мислења:
    1.059
    Допаѓања:
    1.882
    Eпа доизвади му ја душата уште некоја година, нека цркни копилето млад од нерви. После ти и онака ќе си продолжиш со животецот, цело време со куку оле ле, мене никој не можи да ме сфати, мене никој не знае колку ми е тешко.

    Ај малце реалити чек...
    прво, ПРЕтоксична си. Го сфаќаш тоа? Претоксична си за самата себе, а потоа и за околината.
    Мажот ти дома ти вика да продолжиш и да не живееш во минатото (кое и онака е далечно), овде на форум отвори тема и пола форум скокна во твоја одбрана и те советува да крениш глава горе, да растераш тоа облаците и да мислиш позитивно (секако и да делуваш)... ти повторно како пијан за бандера дека многу ти е тешко и дека никој не те сфаќа.

    Океј, ПЕКИ, на маката што ја имаш и на тешкотиите низ кои врвиш... НО, само ти имаш мака? Само ти имаш тешкотии? На мажот ти лесно му е? На другите членови од твоето потесно или пошироко семејство (барем оние кои те сакаат) лесно им е?
    Секој има некои проблеми во животот.

    Овде, барем сите до сега, добронамерно те посоветуваа да продолжиш понатаму. АКО има потреба оди разговарај со психолог, земи некој активност дополнителна во вид на „излегување од дома“ т.е. не знам оди во некоја теретана, оди на часеви по факинг балет ако треба или било што и да правиш, да си активна.
    Се надевам работиш, ако работиш тоа само по себе ти е еден вид издувен вентил пошто денес ќе смениш средина, ќе се сретниш со луѓе, ќе излезиш од дома.
    КОГА ќе се вратиш дома те чека дете и маж што те сака и спремен е да направи СЕ за тебе.
    ЛУЃЕ, БИ УБИЛЕ да се на твое место. Да имаат нормален партнер што ги сака и да имаат дете.

    Потруди се повеќе.
    Впечатокот ми е дека не се трудиш доволно.
    Секако, како и сите човечки суштества и ТИ заслужуваш среќа.
    Епа не чекај, заслужи ја, бори се за неа.
    (животот не дава ништо на тацна, повеќе зема одошто да ти подари нешто...) ;)
     
    На Psychosick и shutrak им се допаѓа ова.

Сподели преку: