Дали имаме право на втора шанса за живот?

Дискусија во форумот 'Философија и психологија' започната од Psychosick, 11 март 2019.

  1. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Инспирација за темава се моите неколку месечни посети на форумов, каде што долго ве читав и пробував да си помогнам бидејќи ми е претешко и мислам дека не смеам да живеам.
    Имав проблематични средношколски денови каде што немав пријатели во генерацијата,моите не ми веруваа и немаше кој да ми помогне бидејќи имав еден насилен психопат што не ми беше дечко но не ме оставаше на мира, што на сила сакаше да имаме односи, раскинав едвај со пријави и полиции, но не можам да се смирам со тоа што не сум невина, се будам од сон, не знам како ќе ме разберат ако искоментирам на темата, сакав да ми биде убаво, бев навредувана, ми предлагаше да се самоубијам, ме вреѓаше, ми се смееше заради начинот на живот, музиката која ја сакав, изгледот и едвај расчистив.
    Не сум невина, но не знам како да се помирам со тоа..
    Гледам дека голем дел од вас се ногу против самоубиството, ова мене ми е траума, типот не е ни осуден,а иако поминаа години од тогаш јас имам страв, суицидни мисли, мислам дека сум к,,,ва, и покрај тоа што студирам надвор од мк, вријам од пријатели, излегувам, моите ми се подрршка, но се сметам себе си за к.. што треба да ја нема.
    Мислам дека никој нема да ме сака.Другото во се сум успешна, учење, поминав одлична овој семестар, пријатели супер, само тоа ме мачи.Проблемот е што од него немав раат, моите не ми веруваа бидејќи не бев блиска со нив тогаш, не можев да најдам излез, кога му викав да не замара имав закани, навреди, овој беше местенка од едни психопатки со мене што учеа и на крај во лице ми се смееја, не знам како понатаму мислам дека немам право да живеам, се осеќам како к...ва рано изгубив невиност без да сакам, тоа ме мачи до бескрај.Највеќе ме боли што сега сум во среќен брак, (сопругот мрази кога зборам за депресии) и се си мислам колку ќе беше прекрасно да ми е прв, да беше поинаку, он знае за се ова,дури вика да може би го убил, овој терет беше кога имав 16, со прекини со замарање, само што наполнив 18 едвај со дополнителна помош станав раат.Типот беше турбофолкерски сељак, и сега според мојата психа мислам дека сум казнета и немам право на животот што го живеев предходно.
    Дали имам право да живеам како што бев предходно или не?
    Инаку имам и дете,имаме страшна поддршка од семејството, многу се сакаат нашите,но заради овој период што вкупно не беше ни 2 години не си давам мир.Совет? Инаку сега имам 26.
     
  2. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.690
    Допаѓања:
    2.736
    Добро е што сакаш да разговараш за ова, затоа што мислам дека е тоа знак дека можеш да го пребродиш ова.

    Инаку во врска со твоето чувство, не сакам ниту да го спомнам тој збор, затоа што е сељачка квалификација и кога си успеала да му се спротиставиш на насилникот и да се избориш со тоа, тоа не треба ниту да ти биди на ум.

    Можеби треба ова со некое постручно лице да го разговараш.
     
    На stratUs, Utopia123 и Psychosick им се допаѓа ова.
  3. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Мене не ми е ни пребродено, т.е не сум се ни замарала за него бидејќи ни љубов ни ништо немаше само стравови и трауми.
    Криво ми е што така мораше.
     
  4. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.690
    Допаѓања:
    2.736
    Добро мислев на пребродување на стравот и насилството.

    Инаку во поглед на ситуацијата во која се наоѓаш, #metoo настана како последица на работи кои им се случиле на жени како тебе. И како што гледаш ги има многу во светот и не е реткост.
     
    На Psychosick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goodvibe

    goodvibe

    Член од:
    7 февруари 2019
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    7
    Почитувана!
    Знам дека сега се мразиш и не знаеш што да правиш со себе. И јас поминав низ тежок период, трпев девет години. Тоа што рано си расчистила со таква токсична особа е знак дека си многу по силна од мнозинството жени на ова подрачје. Такво мислење ни наметнува средината: дека мора да трпиме, дека не сме за верување, и дека ние сме криви за ситуацијата. Мене ми помогна тоа што се нафатив да си го средам животот, како што и ти си направила, и тоа што се потрудив да научам нешто ново(програмски јазици). Ке мора да се засакаш самата себе. Твојата вредност е непроценлива и имаш право да живееш како што ти сакаш. Без тебе нема да има баланс во овој универзум. Знам оти ти е тешко за верување, ама за верба, љубов и мир треба сама да се избориш со себе. Можеби и разговор со стручно лице ке помогне да ја совладаш траумата. Јас од тие времиња жалам само за ќерка ми што ја изгубив. Ама сега си мислам подобро што почина, кој знае каков живот ќе имаше истрауматизиран. Ете да знаеш, не си сама.
     
  6. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Многу ми е жал за вашето дете, но според тоа значи и јас подобро да починам за да немам трауматизиран живот, така се осеќам.Многу сакам да се родам од ново или да можев да го сменам времето.
     
  7. stratUs

    stratUs

    Член од:
    20 април 2012
    Мислења:
    1.707
    Допаѓања:
    2.831
    За жал проблем со движењето metoo е шо многу жени го злоупотребија и покренаа лажни обвиненија.Ама така одсекогаш било меѓу љугето нема работа или движење шо не е злоупотребено.
     
  8. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Важното е дали можеме да продолжиме и како..
     
  9. stratUs

    stratUs

    Член од:
    20 април 2012
    Мислења:
    1.707
    Допаѓања:
    2.831
    Е види сега вака.Шо е со мажите шо се лажно обвинети,дали и тие не се жртви?:cautious:Значи работава е меч со две острици.Такви жртви има и меѓу познатите како начин за заработка на пари.Примери за такви обвинувања има многу.Роналдо ,Асанж,имаше и во Америка едан случај каде шо беше обвинет државниот обвинител.
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shutrak

    shutrak opsenar

    Член од:
    3 јуни 2011
    Мислења:
    19.368
    Допаѓања:
    13.208
    ,,,da,,,vazhno e deka mora da se prodolzhi,,,i kako,,kako shto nalaga sekoja sekunda od segshnosta,,,
     
  11. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Да но што ако минатото ве оцрнува?
    --- Споено дупло мислење, 14 март 2019 во 10:08 ---
    Да ама моето и нивното не е исто.
     
  12. shutrak

    shutrak opsenar

    Член од:
    3 јуни 2011
    Мислења:
    19.368
    Допаѓања:
    13.208
    ,,,kako mozhe minato da ocrnuva,,,
     
  13. Psychosick

    Psychosick

    Член од:
    11 март 2019
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    5
    Па може, бидејќи доволно е да се присетиш,некој да те потсети или да си прави сеир.
     
  14. Паланчански

    Паланчански ГРЕбач

    Член од:
    12 јануари 2008
    Мислења:
    337
    Допаѓања:
    58
    Госпоѓо Psychosick. Мислам дека ги разјаснивме тие работи. Минатото Вас не ве оцрнува.
     
    На shutrak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.690
    Допаѓања:
    2.736
    Ако е само ова што ни го кажуваш, тогаш тоа не е никакво оцрнување.

    Мислам луѓе прават грешки и на повозрасни години и се поправаат, не пак за некој кој што бил малолетник. Не знам зошто воопшто го земаш тоа присрце.

    Се разбира уште еднаш да напоменам, ако ова е целата приказна.
     
    На stratUs и Psychosick им се допаѓа ова.

Сподели преку: