Дали знаете зошто мачките предат?

Член од
8 јануари 2022
Мислења
3
Поени од реакции
17
Сите ние знаеме дека мачките предат кога се среќни и задоволни. Но што уште се крие позади овој симпатичен звук?

Кога малите мачиња ќе дојдат на свет предењето им е од животно значење бидејќи им ја подобрува здравствената состојба, но исто така им претставува и начин на комуникација со мајката. Мачињата се раѓаат со се’ уште неразвиено сетило за слух и за вид, така што единственото нешто што го разбираат се токму сигналите кои мајката им ги испраќа преку процесот на предење. Мачињата мошне брзо го усвојуваат овој начин на комуникација со мајката и почнуваат да и’ возвраќаат со предење вториот ден откако ќе се родат.
Постојат три теории за настанувањето на предењето кај мачките:
1. Предењето настанува како резултат на работата на мускулите на грлото и нервните импулси што нив ги поттикнуваат.
2. Предењето се случува поради таканаречената јазична коска, која се наоѓа во задниот дел на черепот, веднаш зад грлото.
3. Предењето е директно поврзано со централниот нервен систем.
Интересен е фактот што мачките предат и за време на процесот на породување кога на свет носат мали мачиња. Така во дивината тие се заштитуваат од грабливците а, истовремено го зголемуваат и лачењето на ендорфин, со што се намалува болката при самиот процес. Најголемиот број домашни мачки предат, затоа што и тие ја разбираат придобивката од предењето.
И покрај тоа што предењето претставува знак на задоволство и среќа, постојат случаи каде што мачките предат додека се под стрес, болни или трпат некоја голема болка. Некои мачки предат дури и во моментот кога го напуштаат овој свет. Ветеринарите често знаат да го споредат процесот на предење кај мачките со процесот на смеење кај луѓето. Ние луѓето се смееме кога сме среќни, кога сме задоволни, кога сакаме нешто, но и во обид да ја прикриеме нервозата, односно во истите оние ситуации кога и мачките предат.
Преку повеќе истражувања е докажано дека предењето на мачките не им годи само на нив и на нивната здравствена сотојба, туку и на луѓето. Во секој случај, храната за мачки исто така претставува значителен фактор, кој влијае на нивното здравје и среќа. Доколку сакате да ја дознаете најдобрата понуда на хрна за мачки, посетете го moemilenice.mk и одберете од широката понуда на храна за мачки која ви на нуди овој online shop овде.

Предењето кај мачките се одвива на фреквенција од 25 до 100 херци, а токму оваа јачина на фрекевенција се користи во медицината за лекување на коските и воспалените мускули со помош на ултразвук. Емитирањето на фрекевенција од овој тип исто така придонесува за побрзо зараснување на фрактурите. Врз база на овие податоци доаѓаме до заклучок дека предењето на мачките ги намалува болките кај луѓето, ги смирува воспалителните процеси во телото и го забрзува процесот на закрепнување при разни здравствени состојби.
Покрај овие придобивки воодушевувачки е фактот дека сопствениците на мачки имаат 40% помали шанси да добијат срцев удар од луѓето кои немаат ваков домашен миленик.
Можеме да заклучиме дека мачките со своето предење ни искажуваат чувство на задоволство и среќа, ни сугерираат дека е време за оброк, ни се умилкуваат и бараат да се галат, и најважно од се’ – се грижат за нашето здравје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom