Дали знаете да чувате тајни?

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Моите тајни им ги кажувам само на најблиските на некои кои му верувам и знам дека нема ни да ме издаде.Таквите личности и мене ми ги кажуваат тајните и знам да ги чувам за себе и да не ги раскажувам.
Признавам некогаш сум кажала работи кои не требало да ги кажам но нели сите правиме грешки.Некои тајни пак ги чувам со години несакам личноста која ми ги кажала да ја изгуби довербата во мене.Освен тоа треба да внимаваме на кои му се исповедуваме затоа што најчесто тие што не очекуваш ќе те издадат.Затоа за некои работи треба да си молчиш и да си ги чуваш само за себе бидејќи денес ми се другар утре не.Имав таква случка кога се и кажував на една другарка и кога се скаравме таа сите мои тајни ги раскажала:tapp:.
Тајните на личностите кои ги сакам и ценам никогаш нема да ги кажам:pipi:
 

Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Знам да чувам тајни, и секогаш ги исслушувам луѓето до крај кога сакаат нешто да ми доверат. Ми се случувало и луѓе со кои се знам само преку нет самоволно да ми доверат нешто што и самите велат дека малкумина го знаат и чудно им е зошто баш на мене ми се довериле кога не се ни знаеме лично. Секако и луѓето со кои сум во добри односи често пати ми доверувале некоја своја тајна или проблем и барале мое мислење.

Не прераскажувам нешто што ми кажале, а не потенцирајќи ми дека е сепак тајна. Проценувам сосема добро и не гледам по секоја цена да го вклопам раскажаното во тековниот муабет.

А до сега не ми се случило нешто што сум го доверила да слушнам да кружи наоколу, затоа што знам на кои луѓе се доверувам.
:pipi:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...O, сите ме сметаат за нивен психијатар...Сите ми ги кажуваат нивните најмрачни тајни, така што веќе не знам кој човек која тајна ми ја кажал...Од толку „малку“ тајни ќе експлодирам, ама не ги кажувам...:smir:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Лично знам да чувам тајни , и всушност не ме интересираат тајни од типот „Кој со кој идел и кој со кој што правел“. Одбивам да се мешам во туѓи животи , да си го комплицирам својот без потреба.
Додека пак јас лично , не кажувам мој тајни .
Само јас знам се за мене , и така и ќе остане тоа.
Колку повеќе луѓе знаат се за мене , толку повеќе е загрозен мојот идентитет на самостојна личност.
Сите се мешаат во туѓи животи овие денови...
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Леле некогаш знам ама некогаш јазикот ми е побрз од мислата и тогаш не ми е баш најпријатно :kesa:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
знам мноогу добро да чувам тајни. зато и мн луѓе ми се доверват ми ги кажват нивните тајни :smir:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Кога некоја личност што ми е посебно драга ми кажа некоја тајна, ништо не ја вади од мене.Се зависи до блискоста на личноста што ми кажува тајна.Тајните на најблиските личности заклучени се засекогаш:)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ехееее многу добро знам да чувам тајни. Еднаш една другарка ми се довери дека сака црнци и јас цело време ја чувам таа тајна.

Едит: Упс. :kesa:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Чувам, чувам. Пердуи ќе летаат иначе.... Што и не е лоша идеја. Хмммммммммммм
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
знам да чувам тајни.барем јас така мислам.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.277
Поени од реакции
45.682
Прво и основно тајни што не засегаат нејќам да ми ги кажуваат, многу мрзам кога некој ќе ми натовари нешто “во поверење да се испразни’’што не ме занима, а ако го преќутам треба као да осеќам вина после :P, а за чување чувам шо ќе праам, нејќу да ме викаат буљаш после. :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
па знам да чувам тајни,бар ја така мислам
а и да ми каже некој нешо голема е веројатноста да го заборавам това,не сум по памтење нешо многу
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Кога разговарам со некој и кога тој ми се доверува за нешто можам да проценам дали е голема работата и дали треба да се чува како тајна. Уште ако ми потенцира „не кажувај!“ ќутам и нема шанси да ми се испушти во никој случај, нема шанси ни да го употребам за некаква одмазда или сл. Не сум таква.

Сум се изгорела неколку пати, сум кажала нешто на погрешен човек кој сум мислела дека ќе ја чува тајната, но искочило спротивно од моите очекувања. Затоа сега многу внимавам на кој што кажувам. Малку се луѓето кои можат да ја имаат мојата доверба.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.502
Поени од реакции
33.648
Знам да чувам. Да, и тоа многу добро.
Таков сум во карактер, едноставно неможам да изневерам некој. А и размислувам пред да ми се испушти нешто, не брзам кога разговарам значи.
Како и да, ми се случило да ми издадат тајна.
Доверување на погрешна особа, што ја прави мојата тајна.. јавна тајна.
Лекции за во иднина, ги класифицирам под погрешно донесени одлуки. Ваквите персони ги бришам инстантно од мојот живот.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Лично за мене, не знам да си сочувам тајна, многу сум отворена како личност, а кога се работи за другите си чувам во себе, без разлика дали ми нагласиле дека не треба да прекажам. А и кога разговарам со пријателките, очекувам разговорот да си остане меѓу нас. Тоа е со најблиските пријатели/ки, а од другите ретко кога останува непрекажано, ама ете не можам да се научам да не споделувам многу многу за мене :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom