Дали знаеме што јадеме?

A

AnFem

Гостин
Всушност, прашањето е: што можеме да направиме во врска со тоа? А притоа да не станеме сите земјоделци и сточари?
Повеќето немаат можност навистина да изберат што ќе јадат. Често не знаеме какви се потеклото и квалитетот на храната што ја купуваме. Таа може да биде и препакувана - да речеме едно време се зборуваше за пилешко месо увезено од САД кое се нуди како пилешко од Словенија, за така полесно да се продаде. И да, вакви и слични производи се продаваат по мошне пристапни цени на македонските пазари, цел ден изложени надвор во картонски кутии. Вечер пак ги враќаат во замрзнувач, и така секој ден, додека некој не ги купи или пак, не стане ептен очигледно дека месото не го бива. Тогаш веројатно оди во локалните кафани, сендвичарници, или на вошебен начин се трансформира во паштета, колбас, виршла. Или хранат свињи со нив? Зошто да се фрли кога може да се искористи.
Во некои делови од Македонија водата „од чешма“ не се ни пие. И покрај тврдењата на задолжените за проверка на нејзиниот квалитет дека таа е „супер“, нејзиниот мирис, вкус, понекогаш и боја наведуваат на поинакви заклучоци.
Она грозје што се продава по пазарите, како и јаболката и другите овошја и зеленчуци се по неколку пати прскани за да не скапат и да бидат толку привлечни за око. Виното се прави од она грозје, кое и покрај сите прскања не може да се понуди на тезга. Виното било многу здраво.
Аспартамот и др. засладувачи се толку многу присутни, што ретко кој ги избегнал. Тоа важи и за сите додатоци во исхраната. Кој би можел навистина да гарантира дека храната е со органско потекло: Етикетата? Потврдата од некоја здравствена организација? Произведувачот?
Дедо ми, Бог да го прости, живееше во село. Самиот, како пензионер, си одгледуваше стока (свињи, телиња, кокошки). Ја хранеше со она што тој го произведуваше. Тоа е каква-таква гаранција за некаков квалитет, но не сме сите земјоделци, ниту имаме земја, време и можности за сопствено производство на храна. Се храниме како што можеме, со производи кои ни се на располагање и кои имаме пари да ги купиме.
Можеби (треба) би можело да се работи на свеста и информираноста на купувачот, но тоа ќе има релативен успех и ќе зависи, пак, од неговиот личен избор, куповна моќ и сл.
Во сите овие информации околу она што го јадеме има и сензационалност, шанса за заработка и сосем веројатно, параноја, но и вистина.
Што фали ако сам произведуваш?

Можеме да направиме и тоа многу. Значи, или бојкот, или побуна. Како што до сега луѓето се избориле за поголеми права, како што се избориле или се борат за во некои земји да има подобри услови за живот, така и овој проблем се решава. Со седење дома и мислење дека ништо не можеш да смениш, не се постигнува успех! Молчењето не е секогаш злато.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Со седење дома и мислење дека ништо не можеш да смениш, не се постигнува успех! Молчењето не е секогаш злато.
можеби ова важи за некои др.држави-еден за сите и сите за еден , но не и овде(секој за себе)
македонецот е приказна за себе.:mad: толчи го ,мачи го тој уста нема да отвори
б у б а л ч е:(
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Абе ништо не фали сам да си произведуваш храна, ама оној што живее на хх спрат во центарот на некој град и btw, од ноќ до ноќ за мала плата се занимава со нешто што нема никакви допирни точки со одгледување живина на пример, не може да си дозволи баш се`. За тоа треба време, земја и пари. И желба.
За бојкот или побуна, пак, треба колективна свест. Колку е таа развиена кај нас, не знам. Ама сигурно не е на високо ниво. Верувам дека повеќето од нас, дури и кога ќе поверуваат во вистинитоста на информациите заквалитетот на храната, утре сабајле ќе си го „засладат“ кафето со аспартам, ќе го посетат мекдоналдс, да речеме, и ќе кркнат орбит мастиче за да не им смрди здивот.
Зошто народецов молчи, пак не знам. Може ни ставаат флуор во водата, па немаме што паметно да кажеме. Во тој случај, молчењето навистина е злато ;)
 
A

AnFem

Гостин
можеби ова важи за некои др.држави-еден за сите и сите за еден , но не и овде(секој за себе)
македонецот е приказна за себе.:mad: толчи го ,мачи го тој уста нема да отвори
б у б а л ч е:(
Не е изговор! Ако се сака, се може. Нели се чукаат во гради патриотиве, предците многу борбени им биле... кај се сега да се побунат оти им го трујат народот, вклучувајќи ги и нив?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Не е изговор! Ако се сака, се може. Нели се чукаат во гради патриотиве, претците многу борбени им биле... кај се сега да се побунат оти им го трујат народот, вклучувајќи ги и нив?
ти имаш видено за нешто (било што ) да се побунат?!?o_O
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
(СРБИЈА )Odakle sve uvozimo hranu

Meso Danska, Holandija, Španija
Prerađevine Crna Gora, Makedonija, Španija, Italija, Nemačka
Mleko Hrvatska, Mađarska, Slovenija Grčka
Pasulj Kazahstan, Azerbejdžan
Peciva Hrvatska, Makedonija, Nemačka, Francuska
Kobasice Austrija, Mađarska, Italija
Paprika Makedonija
Paradajz Španija
Beli luk Kina
Šargarepa Turska
Kruške Španija
Kupus Grčka

http://www.pressonline.rs/sr/vesti/vesti_dana/story/168493/Nemamo+pojma+šta+sve+jedemo.html
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Овој закон важи исклучиво за комерцијалните производители на големо.
Ако ги продаваш производите комерцијално (значи, на тони) мора да имаш дозвола за тоа и мора да земеш семе од таа фирма.
Во САД е сосема легално да си одгледуваш свои земјоделски производи. Воопшто не е како што пишува во блогов дека е забрането да одгледуваш патлиџан кај тебе во двор.
Има производители кои имаат дозвола за органско производство, не се ограничени со тоа, имаат лиценца за производство на органска храна и ја продаваат истата на т.н. farmer's markets (нешто како нашите зелени пазари) и, секако, и во супермаркетите.
Овие погрешни, своеволни интерпретации на законите секогаш водат до теории на заговор :tapp:
 
A

AnFem

Гостин
Овој закон важи исклучиво за комерцијалните производители на големо.
Ако ги продаваш производите комерцијално (значи, на тони) мора да имаш дозвола за тоа и мора да земеш семе од таа фирма.
Во САД е сосема легално да си одгледуваш свои земјоделски производи. Воопшто не е како што пишува во блогов дека е забрането да одгледуваш патлиџан кај тебе во двор.
Има производители кои имаат дозвола за органско производство, не се ограничени со тоа, имаат лиценца за производство на органска храна и ја продаваат истата на т.н. farmer's markets (нешто како нашите зелени пазари) и, секако, и во супермаркетите.
Овие погрешни, своеволни интерпретации на законите секогаш водат до теории на заговор :tapp:
Според информациите што ги добивам секојдневно, не верувам дека е уште една теорија на заговор. Продолжи така, се надевам дека нема да дојде ден кога ќе треба да ти го реализирам смајлито што ми го стави.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Според информациите што ги добивам секојдневно, не верувам дека е уште една теорија на заговор. Продолжи така, се надевам дека нема да дојде ден кога ќе треба да ти го реализирам смајлито што ми го стави.
Смајлито не беше за тебе, беше за блогот и блогерот кој комплетно своеволно и пред сѐ погрешно ги интерпретирал законите само за да звучат како да е забрането одгледување на органска храна, кое НЕ Е.
 
A

AnFem

Гостин
Смајлито не беше за тебе, беше за блогот и блогерот кој комплетно своеволно и пред сѐ погрешно ги интерпретирал законите само за да звучат како да е забрането одгледување на органска храна, кое НЕ Е.
Не сакам да ја тупам, ама...





 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не сакам да ја тупам, ама...

"Against the city code" = исто како што кај нас е забрането да чуваш коза на тераса во центар на Скопје на пример. Женава имала градина пред куќата, во цивилизираните градови има правила кои мораш да ги почитуваш, еве во Берлин на пример е забрането да сушиш гаќи на тераса која гледа на улица. Дали тоа значи дека германската влада планира да донесе закон против перење веш? :eek: Прво даваат три предупредувања, после одиш на суд и плаќаш казна, ако не ја платиш казната те апсат заради непочитување на судот. Значи, нема врска со растењето на патлиџанот.
Сите видеа се интерпретации за да звучат страшно. Второто видео на пример, ако добро заслушаш, вели дека доколку има контаминација на фармата, надлежност има Одделот за национална безбедност. САД во принцип се доста параноични во однос на терористичките напади и логично е ако има сомневање за напад со биолошко оружје, тие да сакаат да го контролираат тоа.
Како и да е, да не го тупиме, се согласувам општо со темава дека јадеме сѐ и сѐшто. Но воопшто не се согласувам со ставот дека светските влади се во заговор против органската храна затоа што не е така. Одгледувањето на органска храна е секаде поддржано затоа што таа храна е поскапа и владата добива повеќе од продажбата. It's all about the money in the end.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
За да се заштитиме треба прво да се едуцираме, секој треба да знае што значат ознаките на прехранбените продукти и да знае дека што е помалку процесирана храната тоа е поздрава и поприродна. Ако сите купуваат органска храна со тоа ќе ги поддржат сопствениците на т.н домашни или селски фарми, а ќе се намали профитот и побарувачката на индустриските одгледувачи.
Но во овој модерен свет во кој живееме денес тешко дека некој има време или воља сам да готви дома, или да се едуцира, да чита по амбалажи итн. Најлесно е да одиш до најблискиот фаст фуд или да купиш некои замрзнати ѓубра, да ги бутнеш у микробранова и тоа е тоа.

А за тоа дека светските влади се во заговор против органската храна, тоа е точно. Размислете, времето е пари, а дали може да се произведе органска храна во толкави количини за толку кратко време како што може неорганска? НЕ.
За органската храна треба грижа, чиста околина, природна исхрана на животните, оптимални услови за тие животни, природна одбрана од штетници, и ред други работи. За неорганска храна зимаш еден куп животни на мал простор, не е битно каков, ги буташ у кафези, им ставаш цевки за да ги молзеш, ги кљукаш со хормони, во почвата фрлаш хемиски ѓубрива и пестициди, и немаш гајле, правиш пари ко луд, а произведуваш МАСОВНО.

Во Америка фаст фуд индустријата врти милиони, исто толку врти и фитнес индустријата, ги дебелат американците, и после им продаваат магични справи и продукти за слабеење и месечни членарини во теретани. А да не ја спомнуваме и фармацевтската мафија.
Се` е поврзано. Како што кажа AlternativeF, it's all about the money in the end. Само луѓето можат да си помогнат сами на себе со тоа што ќе почнат да размислуваат со своја глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom