Дали знаевте дека?

Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
мислам дека нема ваква тема, т.е. не сум приметил, ако има одмах канта ;)
мислам дека насловот доволно кажува за што се работи во темата...

дали знаевте дека...Како резултат на опаѓањето на нивото на водата во реката Негро, Јужна Америка, откриени се праисториски цртежи направени во карпите, стари 7000 години. Ова укажува дека територијата на Амазон била населена од големи цивилизации. Со месеци нема паднато дожд во централниот дел на Јужна Америка и оваа главна притока на Амазон е на најниско ниво во последните 100 години, што овозможи да се видат тајните што ги криела низ времето.

162600_165923446777786_146020115434786_266225_1238616_n.jpg
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
На само пет километри од австриската граница, во Баварија се наоѓа најволшебното место на Стариот свет. Местото лежи во подножјето на Алпите, опкружено со највеличествените природни амбиенти во светот. Станува збор за замокот избеган од приказните на Браќатa Грим - дворецот Нојшванштајн во Баварија, кој е единствениот ...германски кандидат за новите седум светски чуда. Дворецот е подигнат според замислата и желбата на Лудвиг Втори, баварски крал од 1864 година, во Алгау (Allgaeu), подрачје на југот на Баварија, во подножјето на Алпите. Градителите Едуард Ридел (Eduard Riedel) и Георг Долман (Georg Dollmann) според типот на градбата следеле романски стил од 13-от век, но Нојшванштајн (Neuschwanstein) не е инспириран само од витезите од тој период. Во комплексното здание се испреплетуваат елементи од византиски куполи и готска архитектура измешана со детали од разни други стилови, така што дворецот Нојшванштајн се смета за карактеристично достигнување и своевиден врв на историјата. Бил отворен за јавноста седум недели по смртта на Лудвиг Втори, во1886 година. Живописниот дворец Нојшванштајн, кој е најпознат во Германија, е еден од најпосетуваните во Европа со 1,3 милиони посетители годишно.


155117_165465220156942_146020115434786_264039_5114765_n.jpg
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Карактерот е целина на однесувањето и
емотивните одлики на една личност. Карактерот ги опфајќа
расположенијата, односите, мислењата, мотивациите, како и стилот на
мислење, набљудување, зборување и дејствување на една личност.
Претставува дел од тоа што ја прави секоја личност поинаква од другите.
...Теориите на карактерот постојат во
поголемиот дел од културите и низ поголем дел од запишаната историја.
Античките Грци ги користеле своите филозофски идеи за да ги објаснат
разликите и сличностите во темпераментот. Во XVIII век, Емануел Кант
презентирал начин на разбирање на индивидуалните и групните разлики.
Карактерот на личноста не зависи само
од семејството. Семејството само посредува во создавањето на навиките
кај една личност. Но од друга страна пак семејството и тоа како може да
влијае и да видоизмени нечиј карактер, ако се работи за возраст во
која децата ги впиваат сите знаења и им се наметнати разни норми на
однесување. Психологијата вели дека од родителите се наследува
темпераментот, а карактерот се формира врз основа на личните убедувања и
влијанието на пошироката околина.
Современите студии за карактерот имаат
тенденција да бидат емпирични и со помалку теориско генерализирање и да
го истакнат идентитетот и развојот на личноста. Карактерот на личноста
се смета за производ и на генетските предиспозиции и на искуството.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Малово „чудовиште“ се вика калуго. Овие кожнокрилни цицачи кои живеат во Југоисточна Азија се многу способни за летање. Имаат „вишок“ кожа помеѓу предните и задните нозе со чија помош можат лесно да се снаоѓаат низ воздухот.
Се на се, јас не би сакал да живеам во Југоисточна Азија, таму се и сешто може да ти „налета“. :)

 

TheKoksi

[K]oksi
Член од
7 декември 2010
Мислења
139
Поени од реакции
22
Факт е дека у Токио еден велосипед е побрз од кола (сеа незнам за колку го скратува времето, сепак зависи колку е далеко =)) поради преголемата гужва во сообраќајот.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Постојат 64 видови на летечки риби. Во 2008 е снимена летечка риба која поминала 45 секунди во воздухот. Овие риби го користат потисокот на воздухот кој се создава на предниот раб на морските бранови, притоа поминувајќи повеќе од 400 метри со брзини од над 70 km/h. Најголемата забележана висина е 6 метри.



--- надополнето ---

Дури и змиите летаат! Всушност лебдат ама...

 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Креаторот на божиќните лижавчиња во вид на бастунче или буквата Ј (candy cane) ги измислил со цел да го претставуваат божиќниот дух притоа внесувајќи одредени симболики во самите лижавчиња. Така цврстата бонбона од која се направени ја претставува црквата, белите линии се за чистотата и невиноста и безгрешното раѓање на Исус, црвените за неговата крв и формата т.е. буквата Ј да го претставува името на Исус (Jesus).
candycane.jpg
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Исто како и отпечатоците од прсти, и отпечатокот на јазикот на секој човек е различен.

Бубамарите имаат вкус на јаболка, а црвите на пржена сланина.


Првата трансфузија на крв е извршена во 1667. година кога Jean- BaptisteDenys направил трансфузија на околу еден литар овчја крв во телото на петнаесетгодишно момче.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Исто како и отпечатоците од прсти, и отпечатокот на јазикот на секој човек е различен.

Бубамарите имаат вкус на јаболка, а црвите на пржена сланина.


Првата трансфузија на крв е извршена во 1667. година кога Jean- BaptisteDenys направил трансфузија на околу еден литар овчја крв во телото на петнаесетгодишно момче.

Некои историчари сметаат дека Инките можеби биле привите кои направиле успешна трансфузија на крвта. Ако ова е точно, она што ја олеснила работата било тоа дека сите имале иста крвна група (0 позитив).

во 1492 година, кога папата Иносентиј VIII паднал во кома, крвта на три момчиња била внесена во организмот на тешко болниот црквен поглавар, според препораката на лекарите. Крвта била внесена преку усна празнина/устата, бидејќи во тоа време концептот на циркулација на и интравенозниот пристап не биле познати. Децата биле на возраст од околу десет години и на сите им била ветена награда од еден дукат. На крајот, не само што умрел папата, туку и трите момчиња.
Во 1665 година, доктор Ричард Ловер од Англија, успешно извршил транфузија на крв на две кучиња. Подоцна пробал да изврши трансфузија овца – човек, но неуспешно. Човекот умрел, а истражувањата за трансплација биле прекинати во следните 150 години.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Од дамнешни времиња луѓето измислувале легенди со кои се обидувале да си го објаснат светот. Митовите помагаат да се разјаснат различни настани, на пр. како е создаден светот, зошто луѓето умираат, како и природните феномени, на пр. времето. Легендите се блиски со митовите, но ти можат да се засноваат на вистински наст...ани.

Митови за создавањето на светот
Приказните кои настојуваат да ја одгатнат мистеријата за создавање на светот се нарекуваат митови за создавањето.
Изанаги и Изанами (слика, лево)
Јапонците сметале дека земјата некогаш била маса без облик. Богот и божицата Изанги и Изанами ја мешале таа маса со копје. Постепено масата се згуснувала и пагајки од копјето го создала островот. Богот и божицата се венчале, добиле деца кои станале осумте јапонски острови.
Светско јајце
Според египетската митологија, животот започнал од водата. Првото копно-првобитно остров-се издигнало од водата. Големата птица наречена Големиот ѓурултаџија-се спуштила на земјата и го снесла светското јајце од кое потекло првиот живот.
Гавран
Митот на северноамериканските Индијанци кажува како гавранот, кој летал над водата, никако не успевал да најде копно. Испуштал камчиња за да ги создада островите, а потоа ги создал дрвјата. Ѕверовите живееле во шумите, а рибите во морето. Кога гавранот од дрво и глина го создал првиот маж и жена, светот бил довршен.

Митски ѕверови
Во митологијата постојат одредени застрашувачки суштества кои се создадени можеби за да го претставуваат злото. Некои се појавуваат во облик на получовек-полуживотно, а други пак можат според волјата да го менуваат обликот.
Демони
Демоните или лошите духови често се прикажуваат како гротескни суштества кои престојуваат на гробиштата и ги присилуваат луѓето да прават насилства. Во различни облици се појавуваат во сите делови на светот, понекогаш имаат пипала, рогови и долга опашка...
Чудовишта
Ликот на сликата (десно) го прикажува горгона, чудовиште од женски пол од грчката митологија, кое наместо коса има змии. Од трите горгони најпозната е Медуза. Кога јунакот Персеј и ја исекол главата, отсечената глава имала моќ да го скамени секој што ке ја погледне.

76462_164170910286373_146020115434786_257760_7470903_n.jpg

извадок од Фактопедија
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Усовршувањето на телескопот овозможило со поголема точност да се проучуваат планетите, да се определат растојанијата меѓу небесните тела да се откриваат нови небесни тела. Телескопот се состои од повеќе огледала што во една точка ја насочуваат светлината што ја емитуваат далечните небесни објекти (ѕвезди, планети...) ...и ја формираат нивната слика. Вселенскиот телескоп "Хабл" ни овозможува да добиеме извонредни слики на многу оддалечени вселенски објекти: галаксии, маглини...
Вселената е идеално место за собирање информации без да ни пречат нарушувањата што ги предизвикува Земјината атмосфера. Токму затоа, опсерваториитесе градат на високи места, на планини, над покривката од од облаците и далеку од светлината на градовите.
Спектарскопот овозможил да се утврди хемискиот состав на небесните тела, брзината со која се движат и темпертурата на нивната површина.
Извонредно многу податоци се добиваат од сателити и орбитални станици лансирани во орбитата околу земјата. Дваесет и четири часа на ден тие ги проучуваат сончевото ултравиолетово зрачење, икс-зраците и гама-зраците, зрачењето на ѕвездите, електромагнетните карактеристики на вселената.
Податоци може да се прибираат со еден електронски апарат: ЦЦД. Оваа направа што има 100 000 покселии детектира дури 70% од светлината. Денешните астрономи користат компјутери. Без нив би била невозможна брза и точна анализа на податоците. Истражувањата може да се однесуваат на формирањето на галаксиите, на квазрите, црните јами, меѓуѕвездените облаци, меѓупланетарниот прав или космичкото зрачење.

3557665394_907a0819b3.jpg
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Доколку не би се употребувале прехранбени бои во неа, кока колата би била зелена.

Камилите имаат три клепки за да се заштитат од песокот во пустините.

Во државата Небраска е забрането со закон да се кива или подригнува во црква.

Човекот се раѓа со 300 коски, но како возрасен бројот опаѓа на 206.

Ако некои црви не најдат храна, се јадат себеси.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
според библијата- Господ го создал Адам(машко) и подоцна од реброто од Адам ја создал Ева и сега според медицината (анатомски) прашања колку коски има мажите ,а колку има жените???? :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Голем број праисториски животни не потсетуваат на денешните. На тој начин, тие само ја потвртуваат еволуцијата на животинските видови. Некои животни исчезнале во блиското минато, а за тоа честопати е одговорен човекот.

Додо е птица што изумрела во 1681. Таа не можела да лета и живеела во екваторијалните шуми на островот Маврициус, каде што нема крупни ѕверови (мачки, мечки). Ја истребиле холандските морнари.

Пред помалку од 2 милиони години на Земјата се појавил мамутот (на слика). Овој тревојадец имал дебело крзно кое го штитело од големиот студ. Денес се врши анализа на телата на неколку мамути што се најдени замрзнати, за да се открие причината за нивното исчезнување. Слонот е нивниот единствен денешен сродник.

Џиновските мрзливци живееле во Северна и Јужна Америка. Најголемите од нив биле високи и до 7 метри и биле потешки од денешните слонови.

Сабјестозабниот тигар исчезнал пред околу два милиони години. Овој крволочен месојадец е најсилната и најголема мачка на сите времиња. Била голема колку лав и имала огромни, како кама долги песјаци со кои можеда да убие дури и мамут.

Моа изумрела пред околу 300 години. Тоа е најдешката (до 700kg) и најголемата птица (висока до 3,6 метри) што живеела на земјата. Не можела да лета, но на Нов Зеланд, каде што нема крупни грабливци, нејзин единствен непријател бил човекот. Тој е виновен за нејзиното исчезнување.

На Нов Зеланд живеел и еден многу голем орел. Анализите на неговата ДНК кажуваат дека бил тежок околу 13 килограми и дека имал распон на крилјата од цели 3 метра. Овој, засега најголем откриен орел изумрел во истото време кога и птицата моа.

Моропусот е тревојадев што се смета за заеднички предок на денешните непарнокопитни животни (тапир, зебра, носорог, коњ, магаре...). Живееел во Северна Америка и во Азија пред околу 20 милиони години. Со копитата на кои имал канџи ги откопувал корењата со кои се хранел. До гребенот бил висок 2.10 метри, тело како тапи и предни нозе како носорог.

Големата норка не можела да лета. За нејзино исчезнување се виновни луѓето кои, во 1844 година на Исланд, ги убиле последните претставници од овој вид птици.

Тасманскиот тигар (познат и како волк-торбат) е близок сродник на кенгурот. Се сметало дека овој вид исчезнал пред околу 4 500 години, се додека не бил откриен на Тасманија. Сепак се чини дека последните единки изумреле околу 1940 година.

mammoth.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom