Дали е чудно и невообичаено тоа што не можам и не сакам да слушам музика?

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
Знам дека повеќето ќе ми одговорите со „идиот“, „ти си нездрав бе“ и „музиката е суштината на животот“, но сепак решен сум да ја отворам темата.
Додека повеќето или сите луѓе кога слушаат музика се опуштаат и развеселуваат, кај мене е сосема спротивно. Значи колку и да е музиката тивка, песната да е лесна и весела, кај мене буди некое чувство на немир, несигурност и ме фаќа нервоза. Единствен начин да не ме нервира музиката е кога возам, а на радиото е пуштена тивка и опуштачка музика, на која не и ни обрнувам внимание, но сепак ја руши тишината и прави да не ми се тресе ногата кога стискам на гаста. Како и да е, се чувствувам незгодно да не излезам со другарите, а и кога седиме и некој ќе пушти музика јас станувам, ко демек не ми е добро и си одам со тресење во нозете.
Не е прашањето како да го натерам друштвото да не пушта музика пред мене, туку напротив, како да се навикнам да не се растревожувам од слушањето на кој било вид на музика...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Мелофобија се вика, и (бар за мене) изненадувачки - била една од најчестите фобии. Еве, читај.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Да, чудно е и невообичаено, но тоа не те прави идиот.

Денес е тешко да не слушаш музика, бидеќи каде и да одиш си опколен со неа, и во комбе и во такси, и во кафич и на улица со идиоти кои возат со отворен прозор и глас до даска.

Ако ти е непријатно од музика, кажи им го тоа на другарите. Ако ти се другари можат да го испоштоваат тоа колку толку.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Ауу многу тежок живот имаш друже, не би сакал да сум во твоја кожа.:( Речиси е невозможно во текот на денот да не слушнеш музика.. Мора некако да се помириш со фактот дека каде и да одиш ќе си опкружен со неа. Не сум стручен во ваква област, но би ти дал совет да почнеш прво со релаксирачка песна да слушаш подолго време од денот, понатаму почнувај да го менуваш типот на музика...
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
било која музика?
класична? само пеење исто ти смета? само еден инструмент акустична? пеење на птици?
сите видови исто ти сметаат? кои помалку?
чудно дека музика е многу широк поим.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
било која музика?
класична? само пеење исто ти смета? само еден инструмент акустична? пеење на птици?
сите видови исто ти сметаат? кои помалку?
чудно дека музика е многу широк поим.
Звуците од природата не ми сметаат, а единствената музика која е создадена од човечкот, а не ми смета е операта, но сепак не уживам додека ја слушам :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Ти ја разбирам ситуацијата али од моја перспектива мислам дека би се фрлил од 7 ми доколку не слушам музика. Ја кога сум на работа сум со слушалици 8 саата без прекин и после работа ако сум дома уште толку.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
ти фали некој стап по глава :D

отсекогаш си бил против музиката или ова е последица на некоја траума ( си слушнал некоја песна од џастин бибер)
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
ти фали некој стап по глава :D

отсекогаш си бил против музиката или ова е последица на некоја траума ( си слушнал некоја песна од џастин бибер)
Од никогаш не сум бил обожавател на музика, ама како помал не ми сметаше. Веројатно е од прегласната музика на пречестите родендени, свадби, слави и слично :)
Ист бев до 12-13 год.
Обиди се со џез :)
Ќе пробам :)
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
НЕ СИ САМ. Ми беше глупо пред некое време, да слушам музика. Буквално 3 месеци не слушав. Само идев до маркет, ќе испазарам тамо и дома се затворав. Не дека у животот ми беше интересно музика да слушам, избегавав. До пред некое време. Сега пак, почнав да уживам во неа. Поготово EX-YU rock. Не е ништо смешно, едноставно кажи им го тоа на твоите пријатели.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Знам дека повеќето ќе ми одговорите со „идиот“, „ти си нездрав бе“ и „музиката е суштината на животот“, но сепак решен сум да ја отворам темата.
Додека повеќето или сите луѓе кога слушаат музика се опуштаат и развеселуваат, кај мене е сосема спротивно. Значи колку и да е музиката тивка, песната да е лесна и весела, кај мене буди некое чувство на немир, несигурност и ме фаќа нервоза. Единствен начин да не ме нервира музиката е кога возам, а на радиото е пуштена тивка и опуштачка музика, на која не и ни обрнувам внимание, но сепак ја руши тишината и прави да не ми се тресе ногата кога стискам на гаста. Како и да е, се чувствувам незгодно да не излезам со другарите, а и кога седиме и некој ќе пушти музика јас станувам, ко демек не ми е добро и си одам со тресење во нозете.
Не е прашањето како да го натерам друштвото да не пушта музика пред мене, туку напротив, како да се навикнам да не се растревожувам од слушањето на кој било вид на музика...
Без разлика што музика слушаш или само на одреден музички жанр?
Јас кога ќе слушнам турбофолк песна, како што се "Чаше ломим руке ми крвави", ме фаќа параноја, додека смутџез кога слушам супер се чувствувам.
П.С
Гелдам бааги џезер има на формот, браво.:)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
@Dr. Wish i @OMG!! пробајте да слушате ирска фолк инструментална музика. Јас кога се будам у 6-7 сабајле за да идам на работа исто така неможам да поднесам шабани или џастин бибери и останати деспасито срања на радио што ги рокаат по автобуси.
Затоа слушалките и нешто вакво :

Или пак некој опуштачки латино звуци како на пример soundtrack-от од играта Tropico.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Треба да пробаш да ја сфатиш музиката што ти прави да ти биде добро ... слушај тонови што ти се сфиѓаат, имаш музика неограничена и достапна колку сакаш по нетов.
Суштината е во тоа што мислам дека не си музички едуциран и не си си ја пронашол фрекфенцијата што те вози... затоа не можеш да ги процесираш звуците како што треба, освен ако не си тотално мелофобичен, а за тоа ќе треба да правиш муабет со соодветен психијатар или некој што се разбира во тие работи за да ти даде стручен совет како тоа да го надминеш.
види ова?
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Звуците од природата не ми сметаат, а единствената музика која е создадена од човечкот, а не ми смета е операта, но сепак не уживам додека ја слушам :)
Bole te kurac togaj. Bidi si priroden i slusaj samo toa so ti gode. Pretpostavuvam deka ne pies alkohol pa zatoa touku ti smeta muzika. Koa si pod gas polesno se podnesuva muzika sho ne ti gode...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom