Дали е потребно и како да ги заштитиме нашите ѕвезди

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
Вечерва следев емисија на Канал 5 кој гости беа; Влатко Стефановски и Нашиот познат шоу мен Игор Џамбазов.Оваа емисија ми даде размислување за отворање на ваква тема.Пишете ваши размислувања дали треба и како да се заштитат нашите важни луѓе како што се:Симон Трпчевски,Борис Трајанов,Влатко Стефановски,Синтезис итн.
Сите тие кои ја преставуваа Македонија надвор од своите граници.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Како што кажа Влатко Стефановски, овие ѕвезди не постои начин како би се мумирале за да се заштитат....Постои само можност истите да се помогнат во моменти кога му е потребно.....Се друго е излишно
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Абе нашите ѕвезди можат најдобро да се заштитат преку самите себеси.
Заштита некаква нема, на кој како му е пишано, така ...
Како и да е, мислам дека е потребно да се заштитат нормално.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Епа ќе почнам негативно...Трифун Костовски е меѓу првите што рече дека ќе го заштити името и „брендот„ на Тоше Проески од незнам ваљда странските лоповари ама ќе ја земел како химна Игри без граници, се појавија фраеришта што до завчера плачеа за него вчера седнаа и почнаа да го исмејуваат како прво неговото дело со тоа што правеа/преправаа делови од песната за ИСМЕЈУВАЊЕ на слободно можам да кажам најдобриот ракометен клуб во Македонија(женски)

Ако можевте да ги гледате вестите на канал 5 сеуште се во тек ама прееска покажаа снимка со дел од плоштадот Македонија каде што уште стојат свеќите и сликите за Тоше, до нив стојат дечки со принко цедиња на кои напишано со плави маркери се шиткаат ко тазе алва цедиња од Тоше и постери....
Зошто воопшто е дозволено, неможе некој да каже дека НЕ Е ДОЗВОЛЕНО КОГА СЕ ГЛЕДА ДЕКА Е, мислам во сред Центар доаѓа баци со испечени 1000„комада„ игри без граници ќарува 5000ки чиста пара и си иде дома и нема гајле, а низ центар ги има алфите(грицкаат семки пред фреш), има полицајци пешаци(свиркаат по жени), полицајци со точаци(стојат пред б2 и се ладат)?
Што е сега тоа-профит со Тоше, зашто? Затоа што нема закон, да има закон баци ќе иде дома поцрн од 00:00 и нема да му текне да реже цеде никогаш во животот, цедињата ќе се ваљаат не со два ваљаци со 20 ако треба, ќе се репнат казни со кои ќе ги чеша тоа што никогаш не ги чешало и полека полека ќе ги снема....
Само така ќе се заштитат сите ѕвезди, ама исто така има големо влијание самата култура на народот а таа е „Шо бе оригинал да не пее подобро, КОМШИЈААААААА ДАЈ БЕ ЦЕДЕТО!!!„ епа со таква култура ќе крадат до гола кожа
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Во таа насока, за да не дојде до злоупотреба која веќе гледам се спроведува, Владата превзеде потег за формирање Комисија која ќе ги превземе сите активности ....
Како што рече Џамбаз, вистинска пропаст ќе биде ако таа активност се пролонгира и пролонгира....
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
За ѕвездите треба најмногу да се заангажираат нивните менаџери,а не само да гледаат да земат поголем процент...како што повеќето практикуваат.
Ѕвездата колку и да сака да живее нормален живот,како и останатите луѓе-не може...се откажала од тоа право уште кога се појавила во јавност и колку и да се противи на тоа да има пратечки коли,професионален шофер итн. работа на добриот менаџер е тоа да го обезбеди и да рече “Не,ќе имаш ти тоа-сакал или нејќел!“
Ама НЕ,сега се` друго е побитно,па ако треба и 10 интервјуа,два настапи,и снимање на спот во ист ден менаџерот ќе вметне му во планот,ако треба и гласните жици ќе му се истенчат,ако битно е да има што повеќе ангажмани и повеќе пари...и уморен да е,да не може на нозе да стои-ТЕРАААААЈ!
За никаде,баш за никаде...
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
koja komisija koi crni kamenja..se e za pari i bas se slagam so postot na tockest.tipicna makedonska rabota da se pravi kar od nesrekata na drugiot.aman be luge grdo mi e da go pisam ova ama covekot use se nema oladeno.ovie pocnaa so razno razni gluposti.sram da im e na onie koi so ke perat pari preku imeto na Tose.i nemozi da se zastitat nikako,osven toa sto nema da kupuvame piraterija,ke si go cenime domasnoto i nema da plukame vrz nego...
 
V

Viktoranius

Гостин
Точно го подржувам Точкест, треба да летат големи казни за вакви дела...што е тоа сега ајде да ќареме на Тоше.
ИДИОТИ !
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па од мене го имате ова: Како прво ордени и прогласување на заслужни граѓани постхумно е најглупа работа. Тоа се деси со Тоше и Петре М. Андреевски. Заслужни граѓани се прогласуваат додека се живи, да може да ужуваат во орденот. А и тие граѓани треба да се третираат посебно.

Како второ: Треба да се воведе ред за авторски права. Во спротивно, ке ги гледаме принкото напишани со плав маркер.
Има и уште еден куп работи кои треба да се средат, но мислам дека овие се клучните.
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Абе забрани увоз на празни цедиња и ете ти.
Сериозно, најосновно што треба да се направи е да се смени односот кон пиратеријата, да се стегне све тоа и да се удри по џебот на секој кој ќе режа цд-а( и ќе продава нормално).
Втора работа е да се стегнат тоа менаџерине, не се тука само за пари вадење, побогу. Они треба да ги штитат сите права на уметниците, и све пропратно.
И државата да се вклучи во ова не би било на одмет.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Абе забрани увоз на празни цедиња и ете ти.
Сериозно, најосновно што треба да се направи е да се смени односот кон пиратеријата, да се стегне све тоа и да се удри по џебот на секој кој ќе режа цд-а( и ќе продава нормално).
Втора работа е да се стегнат тоа менаџерине, не се тука само за пари вадење, побогу. Они треба да ги штитат сите права на уметниците, и све пропратно.
И државата да се вклучи во ова не би било на одмет.
Ова му доаѓа нешто како забранувањето на петардите т.е. пиротехниката:tapp: забранет увоз а излези на бит пазар...воена зона е
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Ова му доаѓа нешто како забранувањето на петардите т.е. пиротехниката:tapp: забранет увоз а излези на бит пазар...воена зона е
Јбг, свесен сум за тоа каква е ситуацијата овде. Ја го кажав најлогичниот одговор. Најмногу ќе ги заштитиме уметниците со некршење на нивните авторски права. Морам да напоменам дека не е работата само да се забрани пиратерија, главната работа е јавната свест и мислењето што некој го спомна погоре „На оригинал да не пее подобро?“...додека има тоа..ќе има и пиратерија.
Следи...дека ќе треба да се поработи на другите сегменти...од типот на балансирани распореди ( колку дозволува професијата) за да не се премори уметникот...со еден збор, се што спаѓа во одговорностите на менаџерите да се извршува професионално, без да се злоупотребува положбата како менаџер на тој_и_тој.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Прераната кобна трагична и ненадејна смрт на нашиот легендарен пејач Тоше Проески не' трогна длабоко во душата и со голема тага и бол ги преживуваме овие тажни денови, не верувајќи во суровата вистина.

Следејќи ја ТВ-емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски, ми се наметнува една болна мисла дека и во овие тажни и таговни дни, се наоѓаат луѓе кои искажуваат контроверзни изјави и мисли, кои во најмала рака сакаат да фрлат бледа сенка врз делото и животот на легендата Тоше Проески. Мислам дека водителот можеше таквите непристојни, недоветни и несмасни искажувања, доколку е тоа можно во директна емисија, да не ги пушта на ТВ-екранот и да ни ја зголемува болката и тагата во душата на граѓаните, а посебно да не чепка во живите рани на неговите ужалени родители, роднини и пријатели.

Немам цел и намера да ја елаборирам оваа трагична сообраќајна несреќа, за која сигурно понатаму ќе има поопширни стручни објаснувања. Но, мислам, дека овие сообраќајни, трагични несреќи (загинување на претседателот Борис Трајковски, на заменик-министер од автомобил на НАТО) зборуваат за нешто подлабоко и посуптилно, за кое треба повеќе да се заинтересира државата, преку нејзините овластени стручни и надлежни служби. Од оваа сообраќајна несреќа, а и од другите што ни се случиле досега, државата треба да извлече поука и да поведе поголема грижа и мерки за нашите врвни уметници, кои, за жал, ги немаме многу, ќе ги споменам Трпчески, Трајанов, Есма, Калиопи, Гаџа и многу други кои често гостуваат во европските и во светските метрополи. Вакви врвни уметници „не растат како лисје на дрво“, туку макотрпно се создаваат со нивниот талент, дарба и себеоткажување, а во нив државата вложила многу преку нивна едукација.

Dnevnik
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
нашата единствена и најголема ѕвезда беше и ќе биде тоше......за жал тој сега е ѕвезда на небото и во нашите срца.......................после него веќе никого не ценам како пејач и едноставно не можам да го споредам со никого....................мислам дека со него изгубивме се...........................................................
 

Kajgana Shop

На врв Bottom