Дали е потребна македонска музичка телевизија?

Дали е потребна македонска музичка телевизија?


  • Вкупно гласачи
    45

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Седејќи и размислувајќи за телевизија порано каде што ги пратев новите песни - албуми и ми текна ау да чекај малку ние немаме музичка телевизија? :facepalm:

Реално сите наши соседи поседуваат своја музичка телевизија каде што пејачи од нивната држава си ги промовираат своите нови песни,албуми и спотови итн. Значи само ние како мала државичка немаме таква музичка телевизија.

Јас колку што се сеќавам порано имавме две до сега такви специјални музичка телевизија каде што имаше само Македонска музика, лично јас доста ја гледав пред се ме интерсираа новите албуми кои ги издаваа тогашните наши пејачи кои јас ги пратев исто така и песни.

Јас лично мислам дека нам ние потребна таква телевизија пред да се вивне на погорно ниво нашата музичка сцена бидејќи реално имаме млади некои изведучи кои треба да се промовираат. Плус додатно на тоа имаме доста капацитет да направиме некое шоу со нашите пејачи што ќе помогне да се најдат нови млади изведувачи кои ќе внесат свежина во нашата музичка сцена.

Што мислите вие кон ова прашање? Дали е потребно вакво нешто, нешто што ќе донесе свежина кај нас, телевизија која ќе донесе свежина кај нас? :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сакам.
Затоа што секако ќе има термин и за македонската музика од мое време.
Толку сакам да ги слушам тие песни на:Сашка,Даниела,Зоран,Диме,Зорица,Верица,Драган,Љупка...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не е потребна, туку е повеќе од потребна.

Памтам дека порано имаше една телевизија која беше една од најгледаните и емитуваше музика по цел ден (90% од музиката беше Македонска), за која мислам дека се викаше СМС. Луѓето праќаа порака преку која нарачуваа песна и страшно добра промоција на песните се вршеше преку оваа телевизија.

Потоа телевизија која постојано емитува/ше Македонска музика е/беше телевизијата АТВ, но и они некако задремаа, башка тоа што се локална телевизија, па кој ги гледа ги гледа, кој не, не.

За тоа дека треба некое музичко шоу кое ќе пронаоѓа нови таленти, треба. Еве на Алфа почна едно такво (читај На иста адреса) и стварно е интересно, иако секогаш може подобро. Но уште поважно е тоа што ние немаме наша јака продукција која ќе ја движи естрадата напред и која постојано ќе вложува. Имавме една Томато продукција, но и таа не е веќе тоа што беше.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Единствено добро што сум зачекал од страна на музички емисии, макар шо не се емисии, е тоа што одат сниманите на МТВ 2 пред да пуштат Собранието. Даваат од нивната ризница добра музика, од народна до некои ретки концертчиња.

Во денешно време навистина не знам шо побогу ново би се промовирало, кога сето музичко срање на светов чиниш е собрано во државава. Тие што потпевнуваа се повлекоа одамна. Ако им се отвори простор (со нова емисија) мислам дека ќе се засили форсирањето на некои новопечени ѕвезди кои ни Ѕ нема да имаат од ѕвезда, него кој повеќе ќе си плати ќе се промовира. Пропратно ќе оди и другава музика која се снима.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Единствено добро што сум зачекал од страна на музички емисии, макар шо не се емисии, е тоа што одат сниманите на МТВ 2 пред да пуштат Собранието. Даваат од нивната ризница добра музика, од народна до некои ретки концертчиња.

Во денешно време навистина не знам шо побогу ново би се промовирало, кога сето музичко срање на светов чиниш е собрано во државава. Тие што потпевнуваа се повлекоа одамна. Ако им се отвори простор (со нова емисија) мислам дека ќе се засили форсирањето на некои новопечени ѕвезди кои ни Ѕ нема да имаат од ѕвезда, него кој повеќе ќе си плати ќе се промовира. Пропратно ќе оди и другава музика која се снима.
И јас сум начекал дел од тие емисии, за Леб и Сол, Ареа и пар други бендови од 80-тите, 90-тите, ама тогаш имало по 10-20 рок бендови во Скопје и можело комотно да се организира Рок Фест секој месец со различни групи.

Македонска Музичка телевизија не е потребно, бидејќи немаме продукција, може да биде ако се емитува по еден час еднаш неделно инаку 2-3 ДВД-а и ќе ги научиме песните на памет.
Најдобро е да се направат 2-3 емисии на МТВ, за Рок, Техно и да се промовираат млади бендови, не само од Скопје, туку од цела држава, па оние подобрите да добијат можност да снимаат демо песна, албум и слично, па концерти низ Македонија и слично.
Од тие да речеме 10-20 бенда што ќе се промовираат цела година, може еден ќе биде следниот Леб и Сол, Супер Хикс и ќе прават турнеи низ Балканот. Ама за ова треба некој добро упатен менаџер, што ќе сака да ги промовира младите, надежни (а најчесто и безпари) бендови, а такви во оваа држава имало во комунизамот и почетокот на 90-тите, денес многу ретко.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
FOK YEA!!!
Треба да се едуцираат луѓето музички.
Плус , БЛАБЛА ТВ , нели е музичка ТВ ? Само што е онлајн...
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.221
Поени од реакции
5.129
Ако има се од рок поп блуз метал тогаш да. Особено метал фали, имаме добри бендови што никој не ги ебава дека се нели метал. Али ако треба да ги слушам Тамара и Ламбе по цел ден тогаш не.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Не треба да има, зошто? Затоа што пред се телевизијата ќе треба да плаќа за авторски права големи суми, плус верувам дек ќе бидат емитувани песни само од автори коишто највеќе плаќаат на телевизијата, тоа се истите што плаќаат на YouTube како би добиле повеќе гледаност, така да ако се формира македонска музичка телевизија 80% од времето ќе ги гледате Дон, Слаткар, Тони Зен (сега Флека), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Тајзи, DNK и можда по некоја песна уфрлена од Куку Леле и Бени Нон Стоп. Можда некое друго хитче ќе чуете еднаш во месецот, пример Врчак, Ареа, Гоце САФ... а до израз повторно нема да можат да дојдат некои локални пејачи и групи за жал...
Значи повторно би добиле иста затворена естрада од 10тина изведувачи, дали е тоа тоа што го сакаме ?
ОДГОВОРОТ:
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.368
Поени од реакции
3.121
Ја имавме K-15 TV и што направивме?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.276
Поени од реакции
45.675
Нема потреба да се стимулира неталентот на музичари без амбиција што публика на настап виделе само на митнизи и чекаат пари од државата за да преживеат.
Треба да се остават да изумрат исто како фудбалската репрезентација и слични мртвила што за џабе фигураат и ни тежат.
Еве пример, Градската плажа на Коце, пробаа, ја форсираа, видоа дека не иде, ја размонтираа и чао пријатно..
Исто треба да ги снајде и Тамара, Панчо, Влатко Илиевски и слични . Да се остават да ги изеде пазарот и да си најдат работа како секој човек, место да не малтретираат со нивнто постоење.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Не ја гледам потребата од музичка телевизија. Барем не засега. Имало досега некои обиди вакви за национални музички телевизии и што бидна? Доволно е што Собраниски канал понекогаш ретро не враќаат во минатото со тие преубави песни кои од милина ги слушам.

Кога подобро би погледнале сите телевизии даваат наша музика, Канал 5 гледам често има некои пуштања снимки од народни песни пеење по веселби, на телма имам фаќано во доцните часови. Тоа мислам е доволно и нема потреба од посебни музички телевизии.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Јас сум тука само да кажам дека „не знам“ се пишува одвоено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom