Дали е ова новата реалност во регионот?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.799
Ќе биде смеење кога Србија ќе се тргне од Мини Шенгенот и во него случајно ќе останеме ние и Албанија :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
Тоа би било најбоље нешто што може да се деси. Навивам за тоа да се деси, од чист сеир и затоа што многу македонски делува, таквиот развој на настаните.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
Mене ми е сосема јасно тоа, но Србите го прават истото само на посуптилен начин, еве погледни што има по каналиве какви содржини даваат, погледни младината како се остава на српска музика итн...се што набројувам води кон културна асимилација

САНУ има безброј книги издадено за тоа како сме ние Срби, како говориме Старо Српски...
Културно влијание е едно, а друго е пропаганда и не би ги ставил заедно. За влијанието мене не ми се допаѓа, ама не би дискутирал сега.

За тоа дека има такви книги, има и би се бунеле ако србиве ни ги ставаат во фаца. Имам видено некои срби кај што пишале и одма им се имаа ставено луѓе да ги пцујат. Сепак голем дел од србите се противат на тие бајки и ги сметаат писателите на тие книги за лудаци за разлика од бугариве кај што сите тврдат дека си бугар. Чист пример онлајн игри што сум играл, никогаш србин не ми рекол ништо лошо, а бугариве одма јадат гомна. Дури и грци кога сум рекол дека сум од Македонија, биле пријателски настроени и не пререкле ништо. Од татариве бетер нема.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Ќе биде смеење кога Србија ќе се тргне од Мини Шенгенот и во него случајно ќе останеме ние и Албанија :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
А што би сменало тоа од моменталната ситуација? Границата меѓу Македонија и Албанија/Косово е чиста формалност веќе, веќе имаш слободен прилив на луѓе, капитал, наркотици, баднити, криминалци, терористи, исламисти, оружје, така да со Албанија и Косово веќе сте дури и полиберални од Шенген.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Ќе биде смеење кога Србија ќе се тргне од Мини Шенгенот и во него случајно ќе останеме ние и Албанија :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
Тоа највеќе би одговарало на ситуацијата на терен. Луѓето тука успешно ќе ги одбранат името и идентитетот, и така гордо исправени ќе влезат у Шкипри Етнике. Албанците никаков проблем не би имале.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Како не била тоа историска цел на Србија. Премногу си давате на значење.
Претпоставувам ова на мене се однесува, можеби малку преувеличив со "најголема цел", најголемата историски и била излез на море но запирањето на Бугарија од придобивање на територијата на Македонија (географска) со што би станала хегемон на балканот е дефинитивно барем во топ 3.

Ова го кажувам од долгогодишно истражување на историјата на балканот во 19ти и 20ти век а не од тоа незнам Тома Здравковиќ што пеел. И не "си" даваме за значење, немам куче во биткава оти јас сум од трите подолгото.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
Тоа највеќе би одговарало на ситуацијата на терен. Луѓето тука успешно ќе ги одбранат името и идентитетот, и така гордо исправени ќе влезат у Шкипри Етнике. Албанците никаков проблем не би имале.
Веројатно е да има дел и за вас, не праи драми одма и ти. :icon_lol:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Веројатно е да има дел и за вас, не праи драми одма и ти. :icon_lol:
Naah, на никој не му треба канцер територија. Цело че го зимат, само ќе потпишат еден договор дека историјата и јазикот на новите жители на Шкипри Етнике се бугарски и тоа е тоа.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Премногу значење даваш на еден маркетиншки трик.
Никогаш не вели никогаш ;)
Голема работа почнува од најобична искра
Автоматски споено мислење:

Е сега и ти... А што стана со един народ две држави?
Па уште е така де. Само е субјективно прашање. За некои е један народ две државе а за други е një popull dy shtete
Автоматски споено мислење:

Имаш мала грешка во историјата, спрема договорот меѓу Бугарија и Србија пред првата балканска војна, Бугарија ја добива територијата јужно од линијата Крива Паланка - Охрид, додека територијата северно од линијата би се поделила после завршувањето на војната со медиација на Рускиот цар. Тоа е таа територија која е на картата твоја, затоа и пишува "Zone Contestee" во смисла неназначена територија со два претендатори никаде не пишува Албанија.

Пред започнувањето на првата балканска војна никој од учесниците на војната немаше ни во предвид за некоја независна Албанија, поголемиот дел од територијата на сегашна Албанија беше назначена на Србија со тоа што би добиле излез на море, но после завршувањето на војната тоа не го дозволија Австро-Унгарија и Италија, Австро-Унгарија имаше свои претензии кон Србија а заедно со Италија не сакаа да има сценарио каде што Србија го контролира влезот на Јадранското море (Албанија има еден стратешки полуостров чија важност практично и ја диктира историјата во 20ти век), па затоа ја створија Албанската држава што де-факто беше протекторат на Италија.

Е сега калакурницата настана во текот на војната заради неколку причини, прво е дрската амбиција на Бугарскиот цар кој ја прецени својата (доста моќна армија) и сметаше дека може да пенетрира до Битола/Охрид на запад пред србите, и да го освои Солун на југ пред Грците, ни едното ни другото не се случи, исто така настанаа мали скандали со третирањето на србската инволвираност во обсадата на Одрин (Адрианополис/Едрене).

Со завршувањето на војната, и со србија гледајќи колку е саатот и дека Австро-Унгарија и Италија нема да и дозволат да имаат излез на јадранско море преку запленување на Албанска територија, прават дипломатско пичкински потег врз кој велат сите си ја земаме територијата што си ја освоивме, напротив на договорот кој го имаја со Бугарија, тука е зенитот на втората балканска војна, балканскиот театар на првата светска војна и калакурницата на втората светска војна (на балканот) и тука е каде де-факто се формира модернава РС Македонија.

Инаку ме интересира од каде ја најде картата, оти србите разбирливо го кријат овој факт како змијата што ги крие нозете, а ако ова го имаш најдено на некој српски извор како некој fake-news за голема Албанија тогаш иронијата е од епски пропорции.

Инаку инцијативата за мала унија на балканот е чисто економска, така да негледам тука некои теории на заговор.
Во право си дека тоа е contested или територија која допрва ќе се одлучува што ќе се прави со неа но зборот ми беше дека таа е територија која Србија би добила барем дел ако не цела.
Нормално Албанија немала ништо со тој договор и таа територија, тоа бил договор помеѓу Србија и Бугарија, само реков дека баш тој дел за кој не се знаело што ќе се прави пред сто години, сега ќе заврши во некоја идна зголемена албанска држава.
Србите нормално ја кријат таа карта бидејќи покажува колку било незначително нивното влијание во Македонија спрема бугарскиот елемент и дека би се задоволиле и со едно мало парче, како куче што се задоволува со коска.
Политиката на Србите беше доста флексибилна бидејќи тие имаа многу малку да загубат во Македонија а Бугарите многу па затоа и им беше лесно да влезат од една во друга крајност односно од форсирање на некакви србо-македонци во 19ти век до насилна србизација после 1912 до прифаќање на некаков македонски идентитет после 1945 а се со цел да ослабне што е можно повеќе бугарскиот елемент.
Целта денес е постигната и веќе сме во наредната фаза а тоа е природниот колапс на македонскиот идентитет рака под рака со анти-бугаризмот о про-србизмот како и големото културно српско влијание во последните сто години да си ја завршат својата работа.
Инаку мапата ја има на интернет, може да се најде во повеќе онлајн книги како и на Википедија во делот за втората балканска војна.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Ќе биде смеење кога Србија ќе се тргне од Мини Шенгенот и во него случајно ќе останеме ние и Албанија :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
каде ке се тргне Србија ?????
А има подобро решение, Пендрековски се фалеше дека 2019, кога Макрото стаи Вето, ЕУ ни понудила статус ЕЕЗ, исто како Исланд, Норвешка и Швајцарија... па сега нека го побарам пишував со месеци на 100 места, ама надлежните молчат како усрани... со добивање на статус ЕЕЗ нема да требаат блгарски пасоши, ќе има масовно палење на блгарски пасоши на плоштад, а со тоа ќе се збрише блгарската прикаска за блгари кај нас,, а Исланд и Норвешка имаат БЛанко пристапница за ЕУ, така да добро е од нив да бараме помош за европеизација,,,
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.799
Па уште е така де. Само е субјективно прашање. За некои е један народ две државе а за други е një popull dy shtete
Не мислат Албанците дека сме ист народ. Не ни имаат основа за тоа. Според се до сега, у изминативе дваес години, видовме дека Албанците не се занимаваат со такви тривијални ствари како асимилирање или претопување. Они сакаат едноставно да не истребат од тука. Физички. Според све до сега што систематски го прават, нив не ги интересира тој начин, кој го спроведуваат Бугарите, или Србите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.680
Мал Шенген не е случаен, ниту Србија би се откажала, зошто?

... меѓу другото поради еден голем проект кој датира уште од 1840 година (1900 Никола Стаменковиќ) да по толку време ништо нереализирано, 2012 година ја покрена Томислав Николиќ, уште позасилено 2017 год грчкиот премиер Алексис Ципрас со големо геостратешко значење на Солун по воден пат да се поврзе со земјите од Средна Европа, Егејско Море да се поврзе со канал со Дунав (650 км),

dunav_morava_vardar_egejsko_more.jpg mv1.png

... проектот е приоритет за владите на Грција, Македонија и Србија, но и на Кина, која е заинтересирана за изнаоѓање алтернативни патишта за побрз и поевтин транспорт на нејзини стоки до Европа,

ice_screenshot_20210729-184113.jpeg

... каналот „Вардар-Морава-Дунав“ сметаат дека овој проект ќе овозможи побрз транспорт на стоки до пазарите во Средна и Северна Европа, но и до Црното Море и регионот на Кавказот, со што би се намалило значењето на теснецот Босфор,

mostov10.jpg Falkirk-Wheel.jpg

... поврзување на Вардар и Морава за речна пловидба и изградба на канал за нивно поврзување (30 км),со интересни предлози на изградби на попатни хидроцентрали и пристаништа и слични канали како што има во Германија и Шкотска,


П.С.
Останува да видиме што понатака, ако не се налути Ердоган, па да пушти некое милионче мигранти на трите држави инволвирани во проектот,
а Да! уште нешто, џабе денес власта ќе сака да ги острани галиите на Вардар, све мислам дека ќе ги има многу повеќе и тоа пловни! :P
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Мал Шенген не е случаен, ниту Србија би се откажала, зошто?

... меѓу другото поради еден голем проект кој датира уште од 1840 година (1900 Никола Стаменковиќ) да по толку време ништо нереализирано, 2012 година ја покрена Томислав Николиќ, уште позасилено 2017 год грчкиот премиер Алексис Ципрас со големо геостратешко значење на Солун по воден пат да се поврзе со земјите од Средна Европа, Егејско Море да се поврзе со канал со Дунав (650 км),

Прегледај го приврзокот 302777 Прегледај го приврзокот 302779

... проектот е приоритет за владите на Грција, Македонија и Србија, но и на Кина, која е заинтересирана за изнаоѓање алтернативни патишта за побрз и поевтин транспорт на нејзини стоки до Европа,

Прегледај го приврзокот 302778

... каналот „Вардар-Морава-Дунав“ сметаат дека овој проект ќе овозможи побрз транспорт на стоки до пазарите во Средна и Северна Европа, но и до Црното Море и регионот на Кавказот, со што би се намалило значењето на теснецот Босфор,

Прегледај го приврзокот 302781 Прегледај го приврзокот 302780

... поврзување на Вардар и Морава за речна пловидба и изградба на канал за нивно поврзување (30 км),со интересни предлози на изградби на попатни хидроцентрали и пристаништа и слични канали како што има во Германија и Шведска,


П.С.
Останува да видиме што понатака, ако не се налути Ердоган, па да пушти некое милионче мигранти на трите држави инволвирани во проектот,
а Да! уште нешто, џабе денес власта ќе сака да ги острани галиите на Вардар, све мислам дека ќе ги има многу повеќе и тоа пловни! :P
А, бродовите ќе можат и во подморници да се трансформираат? Или пак ќе ги прелетуваат скопските мостови?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.092
А, бродовите ќе можат и во подморници да се трансформираат? Или пак ќе ги прелетуваат скопските мостови?
Ke се копа канал Морава-Пчиња-Вардар. Како што на времето викаше екс српскиот председател.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Ke се копа канал Морава-Пчиња-Вардар. Како што на времето викаше екс српскиот председател.
Аа, значи рингроуд ќе биде :D. Дека бијонсе рече кинеските бродови ќе сме ги гледале место галиите :icon_lol:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
А, бродовите ќе можат и во подморници да се трансформираат? Или пак ќе ги прелетуваат скопските мостови?
Стар муабет е ова, само шо бјонс скоро има отворено јутуП.

Кој им дава на кинезите да го зацврстат влијанието на балканот и во европа посредно? Пошто никој друг не е заинтересиран да го (ко)финансира проектов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom