Дали е ова новата реалност во регионот?

Член од
12 јуни 2018
Мислења
210
Поени од реакции
231

Целта на „Мини Шенген“ е да нема граници меѓу Србија, Македонија и Албанија



image url


Всушност ова е фамозниот план на Тимоти Лес за промена на границите на Балканот со цел да се дојде до долготраен мир. Во неговиот план западна Македонија треба да биде припоена кон Албанија, само не беше доволно јасно каде ќе заврши источниот дел.
По ветото од Бугарија овој план се повеќе добива на тежина, односно Бугарите свесно ја турнаа Македонија(најверојатно со амин од поголеми светски играчи) кон ваква поделба знаејќи дека мнозинството од населението е про-Српски ориентирано а за воена интервенција не ни помислуваат. Со други зборови, признавањето на државава од Бугарија и нивното очекување дека работите ќе добијат поинаков терк после признавањето се претворија во тотално фијаско и веќе фрлија се во вода.

Од друга страна пак, Србите конечно ќе го остварат нивниот најголем сон а тоа е граница со Грција, поврзување на патот Вардар-Морава и лесен пристап кон солунското пристаниште. Тоа што беше неостварлив сон пред сто години, односно фијаското на Србите во солунскиот вилает каде и покрај огромните средства кои беа вложени српската пропаганда фати најмалку корени, сега со правилна политика(читај дволичност) и додворување кон словенското македонско население почнувајќи од ВСВ до денес, Србите се чини ќе го добијат она што од секогаш се чинеше како дел кој природно припаѓа кон Бугарија. Односно, дојде до измени на она што требаше да биде бугарски и српски дел во српско-бугарскиот договор од пред балканските војни за поделба на Вардарска Македонија со тоа што српскиот дел сега ќе биде албански а бугарскиот српски:
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
758
Поени од реакции
1.050
По ветото од Бугарија овој план се повеќе добива на тежина, односно Бугарите свесно ја турнаа Македонија(најверојатно со амин од поголеми светски играчи) кон ваква поделба знаејќи дека мнозинството од населението е про-Српски ориентирано а за воена интервенција не ни помислуваат. Со други зборови, признавањето на државава од Бугарија и нивното очекување дека работите ќе добијат поинаков терк после признавањето се претворија во тотално фијаско и веќе фрлија се во вода.
Е сега и ти... А што стана со един народ две држави?
 

Ramlösa

тешка будала
Член од
23 мај 2013
Мислења
1.425
Поени од реакции
2.364
Душата ќе му пукне што ни 3% од народот не е бугарашки...
Зборуваш за бугарашите, а не споменуваш дека огромното мнозинство од Македонците се просрпски настроени, нешто што за жал е прифатено како најнормална работа.

А колкав е процентот на тие Македонци што навистина се македонски настроени?

Сите се фаќате за гнасните и ретардирани политики на Бугарија, а дејностите од Србија како да не постојат, безброј книги објавуваат за Стара Србија и за Брсјаците и Мијаците велејќи дека се Срби
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
19
Поени од реакции
25
Имаш мала грешка во историјата, спрема договорот меѓу Бугарија и Србија пред првата балканска војна, Бугарија ја добива територијата јужно од линијата Крива Паланка - Охрид, додека територијата северно од линијата би се поделила после завршувањето на војната со медиација на Рускиот цар. Тоа е таа територија која е на картата твоја, затоа и пишува "Zone Contestee" во смисла неназначена територија со два претендатори никаде не пишува Албанија.

Пред започнувањето на првата балканска војна никој од учесниците на војната немаше ни во предвид за некоја независна Албанија, поголемиот дел од територијата на сегашна Албанија беше назначена на Србија со тоа што би добиле излез на море, но после завршувањето на војната тоа не го дозволија Австро-Унгарија и Италија, Австро-Унгарија имаше свои претензии кон Србија а заедно со Италија не сакаа да има сценарио каде што Србија го контролира влезот на Јадранското море (Албанија има еден стратешки полуостров чија важност практично и ја диктира историјата во 20ти век), па затоа ја створија Албанската држава што де-факто беше протекторат на Италија.

Е сега калакурницата настана во текот на војната заради неколку причини, прво е дрската амбиција на Бугарскиот цар кој ја прецени својата (доста моќна армија) и сметаше дека може да пенетрира до Битола/Охрид на запад пред србите, и да го освои Солун на југ пред Грците, ни едното ни другото не се случи, исто така настанаа мали скандали со третирањето на србската инволвираност во обсадата на Одрин (Адрианополис/Едрене).

Со завршувањето на војната, и со србија гледајќи колку е саатот и дека Австро-Унгарија и Италија нема да и дозволат да имаат излез на јадранско море преку запленување на Албанска територија, прават дипломатско пичкински потег врз кој велат сите си ја земаме територијата што си ја освоивме, напротив на договорот кој го имаја со Бугарија, тука е зенитот на втората балканска војна, балканскиот театар на првата светска војна и калакурницата на втората светска војна (на балканот) и тука е каде де-факто се формира модернава РС Македонија.

Инаку ме интересира од каде ја најде картата, оти србите разбирливо го кријат овој факт како змијата што ги крие нозете, а ако ова го имаш најдено на некој српски извор како некој fake-news за голема Албанија тогаш иронијата е од епски пропорции.

Инаку инцијативата за мала унија на балканот е чисто економска, така да негледам тука некои теории на заговор.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.313
Поени од реакции
13.191
Зборуваш за бугарашите, а не споменуваш дека огромното мнозинство од Македонците се просрпски настроени, нешто што за жал е прифатено како најнормална работа.

А колкав е процентот на тие Македонци што навистина се македонски настроени?

Сите се фаќате за гнасните и ретардирани политики на Бугарија, а дејностите од Србија како да не постојат, безброј книги објавуваат за Стара Србија и за Брсјаците и Мијаците велејќи дека се Срби
На форумов двајца Деретиќи ако се, за разликата од организираните орди Бугари.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
405
Поени од реакции
763
И после пак ќе тврди дека не бил глуп бугар. :tapp:
 

Ramlösa

тешка будала
Член од
23 мај 2013
Мислења
1.425
Поени од реакции
2.364
На форумов двајца Деретиќи ако се, за разликата од организираните орди Бугари.
Не мислам за тука на форумот, мислам за размислувањата на македонското население и не очекувај некаква организираност од Бугари...врска немаат од живот

Македонецот српското влијание го толкува како најнормална работа т.е не го ни приметува, истото тоа влијание е навлезено тука во скоро сите можни културни области
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
405
Поени од реакции
763
Не мислам за тука на форумот, мислам за размислувањата на македонското население и не очекувај некаква организираност од Бугари...врска немаат од живот

Македонецот српското влијание го толкува како најнормална работа т.е не го ни приметува, истото тоа влијание е навлезено тука во скоро сите можни културни области
Другар кај и да се спомне Македонија или македонци ги има паразитиве да јадат гомна дека сме бугари, срби нема.
 

Ramlösa

тешка будала
Член од
23 мај 2013
Мислења
1.425
Поени од реакции
2.364
Другар кај и да се спомне Македонија или македонци ги има паразитиве да јадат гомна дека сме бугари, срби нема.
Mене ми е сосема јасно тоа, но Србите го прават истото само на посуптилен начин, еве погледни што има по каналиве какви содржини даваат, погледни младината како се остава на српска музика итн...се што набројувам води кон културна асимилација

САНУ има безброј книги издадено за тоа како сме ние Срби, како говориме Старо Српски...
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
19
Поени од реакции
25
Другар кај и да се спомне Македонија или македонци ги има паразитиве да јадат гомна дека сме бугари, срби нема.
Срби нема затоа што српските интереси во однос на РС Македонија се остварени, историски зборувано најголемата цел на Србија е Бугарија да нема хегемонија на Балканот, тоа го остварија после првата балканска војна, и после кога неможеа комплетно да го асимилираат народот комунистите го запечатија во периодот после втората светска војна. А во сегашно време македонците сами си ја бркаат таа работа доброволно.

На врв на тоа како бонус го имаат волонтерското културолошко робство, и интерсите се завршени, заради големиот фактор кој го играат албанците во Македонија јас мислам дека нема што повеќе да постигнат така да официјалните српски стратегии кон македонија се на пауза веќе одамна, така да доколку јас би бил србин не гледам зошто би се замарал да тупам по форуми.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.931
Поени од реакции
56.088
Како не била тоа историска цел на Србија. Премногу си давате на значење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom