Дали е можно сам да се одјавиш од фирмата каде што си вработен?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од MaNNe, 27 јуни 2019.

  1. MaNNe

    MaNNe

    Член од:
    4 мај 2014
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    30
    Како што гласи насловот ме интересира дали е можно сам да се одјавиш од фирмата каде што си вработен газдата несака да те одјаве има ли некој начин?
     
  2. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.429
    Допаѓања:
    1.880
    Престани да му одиш на работа. Што ќе ти прави?
    Или си правно врзан за таа фирма?
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MaNNe

    MaNNe

    Член од:
    4 мај 2014
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    30
    Не одам на работа
    Само сум вработен а поради некој причини (шеми) газдата несака да ме одјаве и заглавен сум вработен таму неможам да одам никаде на работа
     
    На A__ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.956
    Допаѓања:
    3.086
    Договор за работа имаш? Во него ако е нормален треба да има стафка која по закон гласи отказ со отказен рок. Ако во договорот не е наведено поинаку таа по колективен договор е еден месец. Одиш кај адвокат или нотар и ти составува отказ според член тој и тој да биде правно издржан и после тоа тој лист (една копија и за тебе) му го носиш на газдата. Истиот МОРА да го прими (или неговиот сметководите) и да ти стави потпис за примен. Од тој датум газдата не смее да те држи пријавен повеќе од месец дена. Ова ако не можите да се разберите пријателски инаку не знам кој нормален газда ако не одиш на работа би де држел за пријавен повеќе од три дена неоправдано отсуство од работа а при тоа да мора да ти исплати придонеси и плата за период кај што ти не одиш на работа а не сакаш да одиш и бараш моментален отказ :D
     
  5. Knoppix

    Knoppix El Patrón

    Член од:
    16 април 2012
    Мислења:
    630
    Допаѓања:
    1.757
    Седи си дома додека не те одјави и на крај преку адвокат барај си ги платите. Што ќе идеш да се мачиш ако можеш нешто без да си регистриран екстра си работи. После он нека докажува дали си бил на работа и зошто ако не си бил не ти врачил отказ.
     
    На alekjov му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.639
    Допаѓања:
    32.161
    Кај и да е ќе те одјави, ама може и да заработиш тужба од газдата за тоа што имаш дадено отказ, а немаш работено колку таму време треба.


    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
  7. Morbio Inferiore

    Morbio Inferiore

    Член од:
    28 август 2009
    Мислења:
    539
    Допаѓања:
    337
    Ова е врхунац:D Колку време не идеш на работа? Ваљда бе не е луд да не му идеш а да ти плаќа придонеси..шо знам..

    Другар беше во ваква слична позиција за фирма од Нови Сад со претставништво тука, па сакаше да напушти па се тегнеа со газдите, нејќеа да го одјават. Али ова траеше 3 дена.. Мислам дека ќе добиеш отказ у брзо време кога ќе сфати дека нема поента да си пријавен а да не му доаѓаш.
     
  8. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    2.157
    Допаѓања:
    1.548
    Има ситуации кај шо луѓето не читаат по потпишуваат пред да се вработат. На пр. знам за случаи каде вработените потпишуваат договор дека пред да дадат отказ треба да го обавестат газдата 3 месеца унапред.
    Ако напуштат пред тоа адвокатот негов ке и пише тужба. А овај сигурно нема да и дава плата тие 3 месеца и така се заглавени. Нека каже другарчето од која причина е заглавен и тогај давајте му савети.
     
  9. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.429
    Допаѓања:
    1.880
    Има разно разни заврзлами. Пример имаше едно време Вработувања до 29 год. со субвенции од државата Таа ти плаќа 1 година ама после работодавецот е обврзан да го држи вработениот уште 1 или 2 год.

    И типот што беше вработен не му се допаѓаше местото па си најде друга после 9 месеци.
    Е сега ако си си пријавен така а заминеш своеволно, не смееш да бидеш под завод во наредни 2 години, ама што му е гајле кога веќе тој си има најдено работа во друга фирма.

    А пак фирмата која што и бега таквиот субвенциониран вработен е обврзана да го чува него до истек на тие 12 месеци или така нешто.

    Така да фирмата е обврзана да му пушта плати и придонеси во наредните 3 месеци иако вработениот не е кај нив.
     
  10. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    2.157
    Допаѓања:
    1.548
    Не значи дека фирмата е обврзана. Тоа е услов за да земе субвенции. Ако вработениот е незадоволен и напуште тоа си е проблем на фирмата, значи не ги заслужува субвенциите.
     
  11. MaNNe

    MaNNe

    Член од:
    4 мај 2014
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    30
    Вработувања до 29 год. со субвенции од државата и мораш да го држиш вработениот 2години можиш само замена да направиш со друг а да го одјавниш неможиш а придонесите државата ги плаќа го фана тие закон
     
  12. Limbo

    Limbo maybe an alien

    Член од:
    26 декември 2007
    Мислења:
    702
    Допаѓања:
    1.151
    дали може некако да се провери дали фирмата каде што e вработено ги користи овие мерки за него? и некој ако знае линк каде можам да ги прочитам подетално условите
     
  13. Ivica^

    Ivica^ Confident Liar

    Член од:
    14 август 2007
    Мислења:
    8.193
    Допаѓања:
    8.061
    Пријави го у трудова инспекција, ќе го исконтактираа ќе те одјави, а сам не можеш да се одјавиш.
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MaNNe

    MaNNe

    Член од:
    4 мај 2014
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    30
    Готово средено
     
  15. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.956
    Допаѓања:
    3.086
    Биди фер и кажи како го реши проблемот. Можеби некој во иднина би го имал истиот проблем и бе добил насоки од твојот случај :)
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: