Еден мој другар гитарист еднаш ја донесе гитарата и ја уклучивме на миксета и користевме AmpliTube 4. Тој би ми помогнал околу учењето гитара, но замина да живее во Скопје.
AmpliTube 4 е нели како виртуелно појачало за гитара, но сепак незнам дали би работело исто и со Rocksmith, а искрено не ми се даваат толку пари само за тој кабел.
Сакам да ве прашам, дали гитарата што ја спомнав во постов е добра за почетници? Таа Flight EST11 3TS
Има многу изнапишано и ме мрзи се да прочитам...
Сакам само да ти кажам дека за почетник не би требало којзнае каква гитара да купиш!
Едноставно можеш да земиш готара од 1500ден.и да учиш!
Ако научиш и почнеш да се занимаваш професионално со музика,тогаш треба да земеш убава и скапа гитара!
Па ти дури насочи дека сакаш електрична!?
Јас ќе ти кажам дека најпрвин ќе почнеш да учиш на акустична,и најдобро е ако имаш до себе некој којшто ќе те учи!
Разликата од интернетот е тоа што нема да можеш се да видиш и да сфатиш!
Најдобро е акордите да ги совладаш со учител,па после се разбира дека и од интернет ќе учиш.
Ако не осеќаш многу голема желба,нема да научиш,тоа што ти имаш средно музичко,нема воопшто да ти помогне гитара да научиш!
Мој другар(сега професор по музичко)свири клавијатура,гитара нема појма!
Затоа потенцирав,..само големата желба,вежбање и упорност ќе те научат да свириш!
Тежок инструмен е гитарата за учење!
Да свириш гитара,полесно ќе научиш клавијатури,во твојот случајот,потешко!
Со среќа!