Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
што мислите за владеењето на Јосип Броз Тито неговиот живот и дело
кажете ги вашите размислувања
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.181
Поени од реакции
3.071
Јес да беше комунизам ама се си имаше свој ред и народот живееше а не како сега едвај да преживее
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
да било комунизам меѓутоа животот бил многу подобар
мене лично ми се допаѓа многу повеке комунизмот отколку демократиава
сега на ниту еден политичар не се гледа со толкава почит како кон Тито не само во границите на поранешните југословенски републики туку и многу пошироко...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.790
Поени од реакции
4.566
Комунизмот беше срање идеологија, ама титоизмот беше закон!

Некои сега ќе зборат, ако Тито беше жив, меѓутоа Тито просперираше заради студената војна, ако бил сега жив ќе завршеше како Гадафи!
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
Комунизмот беше срање идеологија, ама титоизмот беше закон!

Некои сега ќе зборат, ако Тито беше жив, меѓутоа Тито просперираше заради студената војна, ако бил сега жив ќе завршеше како Гадафи!
ова држи вода ТИТОИЗМОТ бил доличен !!!
незнам јас зошто тито просперирал меѓутоа ТИТО бил најдобро нешто што можел да им се случи на бившите југословенски републики

а и за тоа можеби си во право дека ке завршел како гадафи мубарак.... но и немора да значи како што тоа не му се случи на водачот на кореа и на уште неколкуте харизматични водачи што се останати
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Животот и делото да тито ....... па имам некоја почит дефинитивно сепак може да се каже дека имал он голем удел во градењето на нашата самостојна држава како лидер во војната бил одличен и сл. ... но тоталитарнен систем како тоталитарен систем никогаш неможе да биде "добар" за човекот , да имало убав живот во замена за немање свое мислење што мене у старт не ми се допаѓа , Во тој поглед Југославија била по хумана верзија од СССР ама пак ..... а Тито како лидер бил одличен .. и во меѓународна смисла и во внатрешна го сакале насекаде ама не ни можело поинаку(внатрешно секако) :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.790
Поени од реакции
4.566
ова држи вода ТИТОИЗМОТ бил доличен !!!
незнам јас зошто тито просперирал меѓутоа ТИТО бил најдобро нешто што можел да им се случи на бившите југословенски републики

а и за тоа можеби си во право дека ке завршел како гадафи мубарак.... но и немора да значи како што тоа не му се случи на водачот на кореа и на уште неколкуте харизматични водачи што се останати
Кинезите го држат "харизматичниот" водач на Кореа, кога Кина ќе се откаже од комунизмот како што Советскиот Сојуз се откажа, иста судбина го чека и "харизматичниот" водач :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
5.723
Го почитував друг Тито исто како и многу луѓе ;

Оние кои живееа во "неговото" време го почитуваат до ден денес. Според некои евиденции и статистики се смета дека името или самата помисла за другарот Тито (за изненадување) е повеќе пати спомнувато или се помислувало повеќе пати од колку некои други евидентни личности во секојдневниот живот во тоа време (пр. Бог, жена, децата итн.)

Тоа е можеби поради ха - це пропагандната машинерија која го направила култна личност, природно пороследени со "благодетите" кои дојдоа во post - WW2 периодот.

Несомнено заслужен е за подигање на животниот стандард на жителите на тогашна (за некои незаборавна) Југославија ама џабе.

Интересен експеримент е да се обидеш од вековни земјодели да направиш чесни поединци членови на КП и други лабораториски глувци кои гордо ќе се китат со пердуви т.з. ми смо работничка класа (делумно писмена) која работното време ефективно го трошела на кафе паузи и кафани.

Транзицискиот период покажа колку порсечниот работник од минатиот систем го разбирал или барем ги следел упатствата дадени од светиот кому(?)шиз(о)м.

Братство и единство.
Многу широка и интересна тема (посебно на Балканот) за која нема да зборувам бидејќи за тоа зборуваше еден период во историјата. *(1991 - 1995)
Тито барем се обидел или спомнал такво нешто.

Има и некои кои не го познаваат Тито лично и не го гледале на ТВ додека бил жив. (генерално внуците, децата на негогашните Југословени)

Се предпоставува дека за него слушнале од своите дедовци и родители, читале од учебник по историја, го виделе на партизанските филмови на Сител и.т.н.
Ме радува тоа што омладината на екс - Југославија користи разни извори за неговото животно дело но за жал некои проучувања велат дека најубаво било да се живее во негово време (Југославија) одколку да се слушаат приказни за неговото куче или убавините и благодетите на заедничката држава.

"Народот што има ваква младина не треба да се грижи за својата иднина" - Тито.
(гледано од денешен аспект мислам дека бил саркастичен, ироничен или пак користел абсурдна фикција.)

Јас го почитував до скоро но кога слушнав дека тој им продал програма свемира на Америте ја зедов сликата од подрумот, ја закачив на ѕид, главата му ја сместив во кацига/капа/шлем од скафандер и му доцртав бркови.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Јес да беше комунизам ама се си имаше свој ред и народот живееше а не како сега едвај да преживее
Социјализам беше,не комунизам.Комунизам немало никогаш и никаде.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Според ова што го слушам од постариве ми се чини дека е во ред, ти идело редовно плата, и било подобро за живеење отоколку сега, за сите исто било, но има некој што не го сакал тоа, да сум живеел во тоа време би кажал дали е во ред или не е, бидејќи не сум од тоа време ќе си ќутам :)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Според ова што го слушам од постариве ми се чини дека е во ред, ти идело редовно плата, и било подобро за живеење отоколку сега, за сите исто било, но има некој што не го сакал тоа, да сум живеел во тоа време би кажал дали е во ред или не е, бидејќи не сум од тоа време ќе си ќутам :)
не е муабетот за како се живеело тогаш него дали го почитуваш животот и делото на Тито како историска личност нели ..
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
не е муабетот за како се живеело тогаш него дали го почитуваш животот и делото на Тито како историска личност нели ..
точно тоа е темата , но не би било на одмет да се спомене и нешто општо за животот тогаш

според мене како и секоја работа на светот што има добро и лошо така и за Тито имал и добри и лоши страни
тогаш времето било друго во денешно време кога народот има и повеќе слобода отколку што треба , нормално дека тито не би можел да опстане
неговото валадеење имало многу слабости т.е лоши работи меѓу кои немањето на слобода на говор , што според мене и не е толку лошо... слабост било тоа што интелектуалците се истиснувале за сметка на т.н работничка класа , вистинскиот интелектуалец не вредел толку колку што би вредел денеска , мислам дека тоа било од т.н комплекс на тито што не бил образован ...
не сум роден во времето на Тито , но според тоа што сум го слушал и читал сепак мислам дека е личност која што е за почит и тоа голема почит, иако многу го ругаат
чисто се сомневам дека денеска ке бевме тоа што сме бе Тито
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Па успеал да раководи со повеќе држави и повеќе народи, а поголем број од тие народи се задоволни со неговот водење така да...респект од мене :)
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
Кинезите го држат "харизматичниот" водач на Кореа, кога Кина ќе се откаже од комунизмот како што Советскиот Сојуз се откажа, иста судбина го чека и "харизматичниот" водач :)
јас мислев на починатиот лидер (линг минг тинг незнам како беше:)) и не мислам дека е тоа заради тоа што го држат кинезите , туку заради неговиот култ
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.672
Поени од реакции
6.197
преку логорите во Сибир...граѓанската војна во Шпанија...па се до еден од водачите на Неврзаните....другарот ....имаше повеќе искуство и харизма од сите наши влади и парламент од 1990 па навака....не навлегувам во тоа дали бил добар или лош....но во секој случај е личност достојна за почит....да успееш со години да држиш под контрола 20 милиони балканци (неписмени, полуписмени, раскарани по национална и верска основа) е навистина успех и дело достојно за почит
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom