Ја гледам кога можам, т. е. кога ќе ја фатам, бидејќи недела наутро... Најчесто се будам со емисијава.
Не би се одлучила на ваква варијанта за уредување на домот. Прво бидејќи го именуваат како "реално шоу", значи оди пред камери, и второ, сакам самата да си го средувам просторот.
Не секогаш ми се допаѓа крајното решение, постојано имам по некоја замерка, ама сепак, интересно ми е. Покрај тоа што "висам" со часови над италијански и француски магазини за уредување на ентериер...
И од овде може по некоја убава идеа да се извлече. Исто места за кои не знаев дека постојат во градов, а за кои прв пат чув на емисијата.
Инаку, мислам од септември дека повторно ќе се емитува, па редовно ќе си ја пратам.
На страна тоа што е лето, водителката беше бремена колку што знам.