Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Па добро бе луѓе,а зошто сите размислувате за трајно иселување?
Одете,спечалете пари и вратете се.Ќе си отворите некоја фирмичка или некој локал,ќе си бидите сам свој газда а воедно и ќе вработите некој,и давајте му 250 евра плата,немој помалку.Животот во нашата земја според мене е добар.Многу пати во животот сме биле без денар дома па никогаш не сме кукале како повеќето од вас,напротив,ќе отидам некаде ќе поработам.4та година сум средно,до сега никогаш не сум побарал пари ни за одмор ни за викенд преку лето,се сам сум си платил.Не дека моите можеби немале во тој момент,едноставно не ме интересираше.Работа и присѕоен живот има за тој што сака и му се работи.А вие мрзите продолжете да кукате,а кога ќе отидете во странство одеднаш ќе си засукате ракави и ќе станете "највредни" работници..
И да,јас никогаш не би ја напуштил државава.Може и ќе ги мразам политичарите,но државата никогаш не ми згрешила ништо.Неможам да напуштам нешто кое моите дедовци со крв го пратиле..
Точно е дека во Скопје (за другите градови не знам), секогаш може да се најде работа во која еден млад човек може да поработи на одреден период и да заработи пари со кои не само што ќе си добие џепарлак, туку ќе може да си приушти да си купи и некое парче облека или да си плати одмор.
Но, проблемот ќе настане кога ќе треба да основаш семејство. Со платата добиена од работите кои може да ги работи секој помлад човек (келнер, шанкер, вработен во некој маркет како продавач/разнесувач на стока, чистач итн.) тешко дека ќе можеш да издржуваш цело семејство. Тоа ти се работи од кои заработуваш од ден за ден, но на подолг рок ништо не можеш да си ветиш. Проблемот е што како што ќе старееш, толку потешко ќе ти биде да најдеш периодична работа и на ваквиот тип на работни места.
 
Т

Триптико

Гостин
Читам, зошто сме размислувале за трајно заминување. А за какво да размислуваме? Одиш некаде: цивилизирано
уредено
систем кој функционира
нема мамин/татин/партиски син/ќерка
знаеш имаш работа, не знаеш, ќе научиш и ќе имаш
колку вредиш, толку ќе заработуваш, здравство средено
...скоро Утопија.
И кој е резонот да се вратиш овде? Кој?
Да те шупчи кој стигне?
Да отвориш фирма и вториот ден да ти дојдат 10 инспектори и да те затворат?
Да сакаш да инвестираш голема сума пари и да те преебат низ правни лавиринти?
Да ти доаѓа Грујо на сечење лента? Да му одиш ти (не само кај него) на баци рака?

Ма иди бре у курац. И ти со такво размислување и тие комплет како држава. Само метеор ќе ја среди работата. Ама ја немаме ние таа среќа.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Како бе луѓе ќе бегате немаштија било.Секое лето сте у грција на одмор,преку зимо во Банско обавезно,секој викенд испаднати по кафичи,со колите си се возикате нон стоп.Па дај не ебите бе каква немаштија е тоа? Државата не ни чинела,па дај прво преиспитајте се дали вие чинете...
Колкав процент се тие луѓе бе друже?
Скопје со се периферија има можеби 800 илјади накај милион. Скопје реално нема капацитет да ги услужи тие луѓе доколку средната класа не ни беше во ваква очајна состојба. За туристи ич да не ги ставаме во равенката.

Ситуацијата во Македонија е очајна колку побрзо се реализира тоа толку подобро зошто луѓево сеуште даваат глупи примери од типот излагање по кафиќи и одмор во Грција не ми е јасно.

Тие работи би требало нормални да се, еден одмор во Грција е мочани 200 евра и пак пола Македонија не може да си го дозволи, а на запад само за ВЦ толку трошат.

П.С Еве ти пример, викенд кафана една маса и мојата типацот Албанец од Америка дојден и муабетот зошто имало толку малку луѓе, а атмосферата пријатна камин запален мераци.

Вика таму секој викенд сите кафани до една фул биле(колку е вистина не знам ама ако не друго си имаат стандард за такво нешто)

Е сега и он знае ама објаснувањето е дека 9 од 10 пријатели многу им се фаќа две пива да платат пошто немаштија е.

П.С2 Не знам што не е јасно во 30% невработеност?
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Еве се ќе ви кажам.Најпрво тебе другарче,шо ме праќаш у курац (ќе се спуштам на твое ниво и ќе ти речам СЕСТРА ДА ТИ ЕБАМ).Неможе човек шо не познаваш да праќаш таму кај шо не треба.
Па еве вака.Јас сум "провинцијалец" и сум горд на тоа.Горд сум што со мојот труд допринесувам во исхраната на македонците.
За некој месец полнам 19 години.Со моите години (не лажам,а и немам потреба од тоа) сум работел како калфа на струјоинсталатери,сум работел како келнер во хотел,сум работел како глетувач,сум работел и на товар на праски.Заработката никогаш не ми била битна,бидејќи како келнер работев 12 саати во хотелот за мизерни 450 денари.Но не се жалам,тие 450 денари ми се доволни за да си купам тоа што ми е потребно.Јас сум скромно дете,израснато во тотална сиромаштија.Во семејство во кое пари никогаш немало (иако мојот пра-пра дедо бил најголемиот чорбаџија во Кавадарци),но сркогаш била присутна љубовта и толеранцијата.Па јас за никои пари на светот не би си заминал од моето родно место.Знам како е и да се има,а како е и да се нема.Претпочитам да немам и да живеам во мојот град и мојата држава,отколу да живеам во туѓина.
Парите за мене не претставуваат ништо,денес ги имаш утре ги немаш.
Голема почит до тие што се согласуваат со мене,а за тие што ме праќаат у курац имам да покажам само среден прст !!!
 
Член од
21 март 2014
Мислења
510
Поени од реакции
366

Со среќа со животот во Кавадарци.

Проблемот е во луѓето. Ме нервира нивото на „интелигенција“ и нивото на „цивилизираност“ кај луѓето.
А за тие шо се прават патриоти како овој горе сеуште не разбрале дека животот е суров и дека мора да се бориме за некои работи без разлика дали ќе предадеме нешто или некого. Така е пишано да мора сите да си бараме најдобри услови. Ете јас ќе кажам колку и работа да имам тука и да направам успех пред да заминам јас повторно ќе си бегам од проста причина а тоа се луѓето кои ме опкружуваат. Сакам успех,резултати тоа е доказ за успешна држава. Единствено во што сме (бевме)успешни се талентираните млади поединци кои успеале да направат некој успех на интернационално ниво и нормално и тие почнаа да бегат(на прсти се бројат тие што имаат успеано а останале во Македонија). Како да останем кога не познавам македонски бренд кој е лидер во својата област(Освен МАМАс со нивниот ајвар). Како да останам кога не постои медиум кој не е корумпиран(сите телевизии ама до една примаат пари од некоја партија... ). Како да останам кога во Македонија за неколку години албанскиот би станал официјален. Како да останам кога за мојата работа никого не интересира ама баш никого ... И после се ова да останам ?
Ти остани си слушај си турбо оди секоја година во Грција биди мајстор за леб и паштета. И твоите потомци „сигурно“ ќе знаат кој си бил ТИ како што ти знаеш кој бил твојот пра - пра дедо.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Јас ќе си останам и ќе правам што јас си сакам.Не е мој проблем што ти си се опкружил со такви не интелигентни луѓе,барај си попаметни во иднина.А што мислиш ти во странство ќе отидеш и Господ ќе бидиш? И таму ќе работиш некоја обична работа и таму нема никој да те познава.И досадни сте веќе со тоа ,,тие што се прават патриоти",па зарем е лошо да си патриот? Јас не се правам патриот,јас сум патриот.А и ме чуде што воопшто сваќате под поимот патриот.
Јас дадов мои мислења, ако сте намислиле да си одите слободни сте никој не ве држи.Само ќе видите дека и во тоа странство парите не растат на дрво,туку треба работа.
Во меѓувреме, пред да заминеш земи прочитај ги книгите на Коста Петров.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Па зависи што цел имаш во животот ако се задоволиш со ниско квалификувана работа, ако од светот сакаш да видиш само Македонија и соседните држави тогаш зошто да не. Како што спомна Bridger важно е да се вклопуваш во средината.
Нормално дека насекаде треба работа, но Македонија и да си доктор на науки ќе бидиш платен како административец што става печати цел ден и завшил средно.
Насекаде ако си лош, си мрзлив или немаш никакви цели во животот ќе бидиш никој и ништо, но има многу држави во светот каде што системот им функционира супер и ако си добар и успешен ќе бидиш некој и нешто и ќе те познаваат многу луѓе.
Важно е да си на местото каде што ти се допаѓа, јас ако сум зацртал дека сакам да сум астронаут нема што да правам Македонија, ако сум зацртал дека сакам да работам на шалтер во министерство за финансии тогаш ќе е најдобрата држава за мене.
А и да те попрам, не е денес парите ги имаш утре ги немаш, ова правило само во сиромашни и корумпирани земји како Македонија важи. Зошто само кај нас можи денес да имаш успежна фирма а утре да дојдат да ти ја затворат и да те казнат пошто си против позицијата на власт. Или си најдобар во тоа што работиш но иди директорот и ти вика готово те отпуштаме, не си со власта плус син ми само што завржи факултет па треба да работи.

Ќе зборуваме кога ќе си на 30 и ете да речиме си женет и имаш две деца, кога ќе видиш на кое ниво е образованието или ете да подпораснат и завршат факултет и ти ќе им велиш оди работи калфа оди работи шанкер таму се парите, или чекај 4 години да се смени власта па јас знам еден пријател ќе те пикни администрација.

После подолго време кај нас ќе останат само партиски службеници и оние кој што размислуваат како тебе, арно е не ми треба поќе , несакам јас повеќе ,сум се родил да живеам ниска класа. Седи арно е се живеј и вака.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Во однос на финансии е веќе глупо да се расправа дали вреди, барем за мнозинството.
А очигледно е дека понудата и побарувачката сеуште си го прават своето. Се додека има луѓе во Скопје кои без проблем би се нафатиле било што да работат за 200 - 300 евра, па и помалку, и се додека квадрат на новоизградени згради во некои населби е над 1000 евра дефинитивно имаме сеуште реален капацитет за одлив на луѓе.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
510
Поени од реакции
366
Причината која ме изнервира е следнава. Живеам во Струмица и мојот родител е професор по математика веќе 23 години од кои 22 работеше во Валандово. Дојдоа денови кога плацот пред нашата куќа се продаде, а на татко ми му беше ветено дека ќе биде префрлен. Е сега типот кој што го купи тој плац е брат на газдата на Струмка и веќе познатата Жито Струмица е негова. Неговиот братучед е нешто во урбанизација и сега тој си направи план и од нашиот пат(што го имаме ние местото бидејќи е наш плац) ни остави само 2м15 цм кадешто на пример не може да влезе кола и имаме проблем со дрвата. Меѓутоа татко ми отиде да се буни. И нормално си доби повик во вид на закана за тоа како тој нема да ја добие работата ако почнува судски процеси. И ајде сега ? Ние глупи сме да останеме ?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Јас ќе си останам и ќе правам што јас си сакам.Не е мој проблем што ти си се опкружил со такви не интелигентни луѓе,барај си попаметни во иднина.А што мислиш ти во странство ќе отидеш и Господ ќе бидиш? И таму ќе работиш некоја обична работа и таму нема никој да те познава.И досадни сте веќе со тоа ,,тие што се прават патриоти",па зарем е лошо да си патриот? Јас не се правам патриот,јас сум патриот.А и ме чуде што воопшто сваќате под поимот патриот.
Јас дадов мои мислења, ако сте намислиле да си одите слободни сте никој не ве држи.Само ќе видите дека и во тоа странство парите не растат на дрво,туку треба работа.
Во меѓувреме, пред да заминеш земи прочитај ги книгите на Коста Петров.
Не може патриот да подржува банда разбојници кои му нанесоа на својот соптвен народ толку зла, во име на личен ќар.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
..
А очигледно е дека понудата и побарувачката сеуште си го прават своето. Се додека има луѓе во Скопје кои без проблем би се нафатиле било што да работат за 200 - 300 евра, па и помалку, и се додека квадрат на новоизградени згради во некои населби е над 1000 евра дефинитивно имаме сеуште реален капацитет за одлив на луѓе.
и што напиша сега ?? па ако нема кадар не значи дека мора да се качи цената на трудот, ќе се преселат компаниите таму каде се помали трошоците... не зборувам само за странските, па и наши компании го селат бизнисот... знаеш ли колку е сатнина во Блгарија ??
Па имавме и порано, доаѓаа и од Блгарија а и од Србија тука да работаат.
А што станува со армијата мигранти, ако тие почнат да работат во Германија ??
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
I dont wanna leave, but i need to .... :([DOUBLEPOST=1455886349][/DOUBLEPOST]
live at Alexander the Great. :icon_lol:
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Не вреди да се напушти ама не вреди ни реклами за здрава исхрана на МРТ да се гледаат, а народ рмба од 6 до 6, за без пари! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom