Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Кј ке ојш пиле златно бре? Германија? Па Германија има да биде посебна приказна, кој веруваше лани ова време дека ч се истури народ таму милион до два, кој од нив го знае германскиот јазик? Колкумина од нив се квалификувани за чесен арбајт, а колкумина за бандитство киднапирање, ограбување и силување? Па таму има бре да биди бетер од див запад, ко ќе ги сместа во гета еве доволно и десет до дваесет илјади во милионски град, па кој бре нив ќе ги запри? Германија е капут.
Секогаш постои опција за повторување на историјата и за некоја Кристална ноќ. Немој тоа да го заборавиш.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Секогаш постои опција за повторување на историјата и за некоја Кристална ноќ. Немој тоа да го заборавиш.
Бидејќи имаме искуство со режими, ние веднаш ќе ја напуштиме Германија чим дојде некој што за две-три години ќе стане диктатор.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Како бе луѓе ќе бегате немаштија било.Секое лето сте у грција на одмор,преку зимо во Банско обавезно,секој викенд испаднати по кафичи,со колите си се возикате нон стоп.Па дај не ебите бе каква немаштија е тоа? Државата не ни чинела,па дај прво преиспитајте се дали вие чинете...
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280

Дај бе одмори со глупостиве жити се

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Како бе луѓе ќе бегате немаштија било.Секое лето сте у грција на одмор,преку зимо во Банско обавезно,секој викенд испаднати по кафичи,со колите си се возикате нон стоп.Па дај не ебите бе каква немаштија е тоа? Државата не ни чинела,па дај прво преиспитајте се дали вие чинете...
Претпочитам да работам за 600-700 евра одколку да безделничам по кафичите ;) примерите ама ич не ти држат вода, имаш аранжман за 50 евра било во Банско или во Грција, на крај секако си мине времето а ти остануваш со тоа што ќе го доживееш, додека просечен 20 годишник во Германија, заработува за на пример Тајланд, квалитетно, ти велиш Грција, што ни е 600 денари повратна, и еден куп други примери, државата си ја сакаме, политичарите у три лепе пичке материне нека идат!
 
A

aye

Гостин
Реално кога работите би биле малку поразлични државава и не е до толку лоша за живеење.
Заминувањето од државава за подобар живот (што е сосема нормлано) го сфаќам како лесен начин (сепак полесен отколку тука да си најдеш работа без партијска книшка) до успехот т.е подобриот живот. Гледано од една страна вреди да се напушти државава (и да би имала прилика секако би ја искористила) но од друга страна би и дала шанса т.е со малку повеќе упорност, трпение и желба може и тука да се дојде до степен да се има добра работа како и приходи кои би биле доволни за еден нормален живот.
 
Овде да имаш работа за (не)нормален живот треба или дедоти да бил владика или лижач кај едните или другите за 150 евра плата. Не познавам искрено чоек шо успеал а не е политички определен

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Како бе луѓе ќе бегате немаштија било.Секое лето сте у грција на одмор,преку зимо во Банско обавезно,секој викенд испаднати по кафичи,со колите си се возикате нон стоп.Па дај не ебите бе каква немаштија е тоа? Државата не ни чинела,па дај прво преиспитајте се дали вие чинете...
Одмор у грција со јадење и пиење од дома, само морето го користите. Одмор у грција, ама седнати по кафани и опивање по дискотеки.
Толку е немаштија, што во една банкротирана држава не можеме да си дозволиме ручек во кафана.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Кога некој вака размислува, уште ако е и млад човек, е лоша работа. Луксуз било одење 10 дена во годината со кола полна пиперки, маргарини, зејтин и шеќер. Седнати странци низ грчите кафани, јадат, пијат...нашинец ќе си купи гиро и го критикуваат мислиш праел оргии.
Ако некој ги пропуштил податоците за нашиот луксузен живот

Само една четвртина од граѓаните во државата (25,53 отсто) одат на годишен одмор како туристичко патување надвор од местото на живеење заради разонода, покажала анкетата на Државниот завод за статистика за тоа колку често и на каков тип патувања се решаваат Македонците. Парите се причината зошто нашите државјани на одмор заминуваат најретко во цела Европа (таму речиси три четвртини од граѓаните биле на одмор).

Дури 77,13 проценти од граѓаните изјавиле дека не одат на годишен одмор поради тоа што немаат доволно пари, а по околу 4 отсто не одат на одмор поради проблеми со здравјето, деловни причини или поради тоа што немаат потреба.
Просекот на граѓани што патуваат заради релаксирање би бил уште помал да не се научниците, пратениците, министрите и директорите, како и обичните државни службеници што патуваат двојно повеќе отколку обичните граѓани. Така, според типот на работа што го имаат тие што одат на годишен одмор, најмногу на релаксирачко патување одат научниците и експертите (дури две третини од нив заминуваат на годишен одмор), тие и трошат најмногу (по 1.600 денари дневно), а нивниот одмор трае 13 дена. Следуваат пратениците, министрите, директорите во јавните претпријатија и раководните државни службеници (на одмор одат половина од овие категории на граѓани). Од обичните државни службеници на одмор заминуваат 32 отсто. Почесто од просекот патуваат и униформираните граѓани (41,7 проценти).

Македонците ретко одат и на еднодневни излети и службени патувања. На излет одат само третина од граѓаните, а половина од нив тоа го прават само еднаш до три пати годишно. На службено патување заминуваат само 1,68 од граѓаните. На ваков тип патување биле околу 4 отсто од пратениците, министрите, директорите, дипломатите и раководните државни службеници и три отсто од обичните службеници.

Сличности со европските туристи
Сами си ги организираат патувањата.
Поголемиот дел од жителите на ЕУ претпочитаат самите да го организираат одморот. Дури 53 отсто од Европејците го резервирале својот одмор преку интернет. Во Македонија дури 96,61 отсто од граѓаните сами си го организирале годишниот одмор, а остатокот преку туристички агенции

Најчесто патуваат со автомобил
Патувањата во Европа се реализирале главно со автомобил или мотор. Сепак, во 2011 година е забележено благо зголемување на користењето авионски превоз (46 проценти). На одмор македонските граѓани најчесто патуваат со автомобил (70,5 отсто). Автобусот го користат поретко од една третина од граѓаните. Со авион патуваат само 0, 62 отсто од граѓаните, а со воз на одмор не отишол никој.

За 1 одмор трошиме околу половина од европскиот просек, граѓаните лидери во државата лидер на балканот и пошироко.

Просечниот Европеец на летување троши по 335 евра, а Грците, иако одмораат подолго, трошат помалку, 206 евра по човек. Најголеми трошаџии се жителите на Луксембург, со 748 евра по човек, а Германците се поскромни и трошат по 469 евра. Најмал трошок прават Романците, по 104 евра.
 
Последно уредено:
A

aye

Гостин
Овде да имаш работа за (не)нормален живот треба или дедоти да бил владика или лижач кај едните или другите за 150 евра плата. Не познавам искрено чоек шо успеал а не е политички определен

Sent from my iPhone using Tapatalk
е баш за ова го пишав тоа погоре, научени сме поточно внесено ни е во глава дека во државава се функционира само со врски ок не го негирам тоа но доколку некој сака да успее тука нема да бара причини зашто не може, а ќе бара начини како да дојде до целта.
Фала богу не сум политички определена ниту па имам родители на високи функции, а уште помалку па познати, од државава па и власта видов само глад и болка и за нејзин инат би останала тука не за да страдам туку за да докажам дека можам да успеам и да се издигнам од дното во кое паднав без да избегам.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Jas na primer poznavam mnogu lugje sho uspeale iako ne se politicki opredeleni,poznavam i takvi shto duri se sopstvenici na firmi a za politika ne se zamaraat.Toa se samo vasi mislenja deka ako ne si VMRO-vec i nemozes rabota da najdis.Pa dobro tie sto se od SDSM site doma sedat ?
Rabota ima za toj sho saka da rabote.Ne treba nikoj da ceka da dojdat od doma da go soberat i da vi dadat 300 evra plata.Vo drustvoto sme 6 drugari,i site imame ubav zivot.Na nieden od drugare roditelite ne se politicki opredeleni,nitu pak vraboteni od nekoja partija.Na sekoj eden drugar roditelite mu se obicni rabotnici i zimaat po 200 evra plata a nekoi i pomalce,pa do sega nikoj ne se pozalil deka nema pari.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Вреди и тоа како вреди !
Со девојками сме надвор од МК 11 месеци за тие месеци спечаливме за купување стан и солидна кола,наредна недела си идиме и апсолутно не жалам.
П.С ке склопам една ,книга'-состав за тоа како дојдовме до овие пари !
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855

Ама да го исполниш ветувањето.
 
Член од
29 јануари 2016
Мислења
26
Поени од реакции
5
Тој што е успешен ке успее секако секаде.
Вреди за тој што мисли на своите деца да им створи шанса за успешна иднина.
Тие што немаат муда да се иселат, ке седат каде што се и ке кукаат-лажно само по кафаните и по скоро сите викенди поминати во Грчка, Бугарија и слично...
Па некој мора и тоа да го прави.:D
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Па добро бе луѓе,а зошто сите размислувате за трајно иселување?
Одете,спечалете пари и вратете се.Ќе си отворите некоја фирмичка или некој локал,ќе си бидите сам свој газда а воедно и ќе вработите некој,и давајте му 250 евра плата,немој помалку.Животот во нашата земја според мене е добар.Многу пати во животот сме биле без денар дома па никогаш не сме кукале како повеќето од вас,напротив,ќе отидам некаде ќе поработам.4та година сум средно,до сега никогаш не сум побарал пари ни за одмор ни за викенд преку лето,се сам сум си платил.Не дека моите можеби немале во тој момент,едноставно не ме интересираше.Работа и присѕоен живот има за тој што сака и му се работи.А вие мрзите продолжете да кукате,а кога ќе отидете во странство одеднаш ќе си засукате ракави и ќе станете "највредни" работници..
И да,јас никогаш не би ја напуштил државава.Може и ќе ги мразам политичарите,но државата никогаш не ми згрешила ништо.Неможам да напуштам нешто кое моите дедовци со крв го пратиле..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom