Процесот на доаѓање до информацијата е предизвикот, нели? Со интернетот само е зголемен бројот на достапни информации од кои оној кој сака, анализирајќи што повеќе ќе пронајде некоја „научна вистина“ или податок. Оној кој не сака, ќе го отвори првиот линк - и тоа ќе е тоа.
Интересот е во прашање. Исто како и во библиотека...имаш еден извор од кој ќе научиш, или 200 извори од кои ќе студираш. Изборот е пак твој.
Интернетот не може да не заглупави ако не го користиме глупаво (решавајќи квизови за Кога ќе умреме или Кој е подобар Слаткар или Брус Вилис). Ако го користиме за стекнување на корисни знаења, та-даам. Баш има тотално спротивна улога од „заидиотување“.
Знаеш како Серпико, во право си за тоа дека со интернетот е зголемен бројот на достапни информации, и дека тој што сака сега може да стекни далеку повеќе знаења.
Меѓутоа јас , ти , и сите други, сме растени во поинакви услови, ние сакале неќеле сме биле приморани да го користиме мозокот. Сега сваќаме дека сето тоа било позитивно за нашиот интелект. Знаејќи го тоа, еве и децата наши така ќе ги воспитуваме, колку ќе примат не знам...
Меѓутоа, што по 100-200 години, дали тогаш ќе има, еве да речам колку денеска што има, луѓе што ќе сакаат да го користат интернетот за стекнување на знаења. Јас СЕГА чуствувам, дека за некој работи не го уклучувам мозокот, а што би се случило тек по Х години.
И Let face it, и ти си сведок на тоа колку се користи интернетот за идиотски квизови.(за мене за тебе се идиотски, за тој што ги решава...)
И некој спомна, демек, колку и да правиме муабет, никогаш нема да знаеме, нити пак да докажиме. Никој не рече да докажуваме, форум е, си правиме муабет, да видиме кој, што мисли:smir: