Дали во Македонија успешно може да се тужи полицаец?

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ја читам веста за јадниот Прилепчанец на кого полицајците му „објаснувале“ нешто
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=116729
и ми текна да прашам, знае ли некој успешен случај кога полицаец е обвинет и осуден за пречекорување на овластувањата или поточно кажано изживување над граѓани?

Еден мој познаник полицаец ми тврди дека во Македонија треба ептен да си со лоша среќа ако си полицаец за да бидеш осуден. Исто ми тврди дека „алфите“ кои го тепале оној камерманот на Алсат (или како беше Албанската ТВ) иако се осудени на затвор, всушност се дома на принуден одмор али сеуште земаат плата (иако намалена).
Сигурен сум дека постојат и такви случаи полицајци да бидат судени и осудени. Да се разбереме, не станува збор дали тој (полицаецот) ќе биде или не осуден, туку колку ти, јас или било кој друг како странка која ќе го тужи ќе успее тоа да го докаже на суд. Значи, товарот на докажување на делото е на оној кој ќе ја покрене тужбата (тужителот), а на тужениот да се брани, да ја докажува својата невиност во случај тужителот да има цврсти докази (материјални или нематеријални) за тоа што го тврди. Не може туку така само да си поднесам тужба против некого, па дури и да е полицаец, а судијата да го прогласи за виновен и да го осуди верувајќи ми мене само на збор. Исто така и не може полицаецот да се одбрани пред судот само со збор. А, што се однесува за тие АЛФИ кои ги спомнуваш кои се осудени на казни затвор, да не заборавиме дека тоа е првостепена пресуда од Основен суд. Потоа следуваат правни лекови кои осудениот ќе ги употреби, а тоа се жалба до повисок (Апелационен) суд, па врховен суд, што може да потрае и подолго се додека пресудата не стане ПРАВОСИЛНА. Дури тогаш осудениот може да се упати во затвор на издржување на казната. Поентата ми беше дека ете можеби на тие полицајци од АЛФИТЕ кои го тепале камерманот на Алсат (нешто што јас го осудувам) пресудите сеуште не им се правослини. Поздрав.

Јас барав легитимација на полицаец, но не сакаше да се легитимира иако се наоѓаше во моја лична сопственост. Веднаш потоа отидов кај началникот (кој всушност и ги имаше испратено без уреден налог), но не добив одговор зошто не сака да се легитимира и дали е должен да се легитимира. Единствено ме предупреди да се чувам, бидејќи можам да добијам и ќотек од нив, а потоа тие (беа тројца, другите двајца пиеле во кафеана) ќе сведочат дека сум ги нападнал, па морале да се бранат.
Пријателе Паланчански, еве ОВДЕ ти е Законот за полиција, обрни внимание на Член 33 и во иднина повикувај се на него кога станува збор за легитимирањето на полицајците. Мислам дека под поимот „да се легитимира“ спаѓа покажување на полициската значка и кажување на неговото име и презиме. А налогот го издава само судот, а тој важи само доколку полицаецот инсистира да влезе и во домот, освен во одредени случаи пропишани со закон, кога може да влезе и без налог.

Може само со ептен цврсти докази еден овде тужеше и доби ама со видео значи несоборлив доказ...Инаку тешко ти се пише.
Видео и аудио записот е НЕСОБОРЛИВ (валиден) доказ, САМО ако е сниман со претходна дозвола од Суд. Ако е без дозвола, може да биде само индиција, а не и доказ.:toe:
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
еве една моја денешна сторија............

Баш денеска се карав со полицаец и то пред полиција....
Имав работа нешто во мвр да прашам, и оти ми е блиску го земав точакот, одам таму и си го паркирам точакот така настрана да не смета, полицаецот седеше во чувара и наеднаш ми се фрли..ми вика , кај бе таму го оставаш точакот....
Убаво човекот ти викал, кај се паркира пред полициска станица или влада или парламент, оп се свртиш оп ти го нема и? После ете ти беља.

кога ке те застани цајкан смрден, ако тој те легитимира или ти прави проблеми проблеми имаш полно право и ти да го легитмираш . да да . барај му број на значка , ЗАДОЛЖЕН Е според закон да ти даде и да ти се легитимира тебе :)) . Ј
Ха? А што ако полиција ти упадне дома ( како да си нарко дилер ) во 5мин пред полнок, ти скрши врата и ти се закануваат ( со физичка ликвидација ), после истите полицајци да се бранат со тоа што имало прегласна музика, но случајот не бил заведен во дневна книга. Каде јас да се жалам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom