Дали високите парични казни ја постигнаа целта ?

Дали високите парични казни ја постигнаа својата цел ?


  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Виена заработува 32 милиони евра од казни за паркирање
Е вака се работи, али казната мислам дека им е помала од кај нас-21 евро. А во споредба како % од плата да не збориме.

Важно држава се и си фукнционираат.
Да, ама најмалата казна им е 21 евро, а може да дојде и до 300. Станува збор за погрешно паркирање. Кај нас мислам дека се движи околу 40 евра за истиот прекршок. Разликата е што кај нас да најдеш паркинг простор во градот е еднакво на бинго добивка.
 

Eмилија

Reina Gitana
Член од
29 јули 2009
Мислења
25
Поени од реакции
4
Иидејава со покачување на цените на казните беше мн убава и пристојна барем од моја страна и мислам дека некаде функционира ама не ја достига својата цел-се уште не е на вратата на целта,сепак се ова со пока4ување на цените ми изгледа океј,супер е да се докаже на кого каде му е местото,а мислам дека и владата правилно постапува,и се сомневам на мн нешта така да дека ставаат камери во на пример крајслерите-изгледа дека да инаку немаше да бидат фатени мн корумпирани луѓе
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Кај мене да. Секогаш ставам појас, палам светла и возам ко шо требе само за да не ме фати некоја џукела.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Бинго :)

Еве и талијанците си имаат мака со општинските служби. Да не бил градоначалникот...
Градоначалникот на Венеција фатил турист кој мочал во каналот
Каде вели
Турист, кој мочал во еден од славните канали на Венеција, бил казнет откако на дело го фатил градоначалникот на италијанскиот град на водата.
"Го видов господинот како моча во каналот, и кога дознав дека не е Италијанец, го прашав дали би се осудил да го стори тоа во својата дневна соба", изјави градоначалникот Масимо Качари за венецискиот весник "Газетино". "Ја известив општинската полиција, која не пристигна веднаш, така што морав јас да го пазам", изјави Качари.
Туристот, кој бил идентификуван само како Португалец, морал да плати казна од 50 евра за непристојно однесување на јавно место.
Критичарите го обвинија Качари дека не ја штити Венеција од урбаната деградација и дека ја продаде за масовниот туризам.
Џанкарло Галан, централно-десничарски гувернер на североисточниот регион Венето, под кој спаѓа и Венеција, се жалеше на "застрашувачкиот зголемен број" на галеби и на "илјадниците" пластични шишиња што пловат низ каналите.
"Што можам против галебите? Да ги ловам со митролез? Сите приморски градови го имаат тој проблем", изјави Качари.
Градоначалникот призна дека пластичните шишиња се проблем, но рече дека градското собрание на Венеција сe уште чека на околу 50 милиони евра што ги вети централната влада за одржување на градот.
Во 2007 година Венција ја посетиле околу 21 милион туристи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom