Дали верувате во теории на заговор?

Верувате ли во теории на заговор?


  • Вкупно гласачи
    119

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Делумно верувам.
Верувам дека политиката во светот е вода од мала група (педера), кои ги диктираат случувањата.
Но, изразено ми се дебилни оние теории дека е пронајден лек за ракот, а компаниите го кријат, дека вакцините служат за намалување на светската популација, или дека на децата во градинка им додаваат флуор во млекото за да ги контролираат и да спијат. :tapp:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ништо нека не ве чуди кога се во прашање финансии.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Самото име теорија означува дека нема практичен заговор, и не се собираат мала група на луѓе за да се договарат како да се одвиваат некои работи и во кој правец.

И тука нормално се глупостите поставени како дезинфгормации и се чиста лага за кога ќе дојде човек до вистината без разлика колку нелогично да ни изгледа тоа да се отфрли од тепка. И при прашањето на тоа дали е така не следува па нормално дека е, затоа што тоа е вистина и следува сомневање во себеси во информациите кои што се вистинити без разлика колку нелогично ни изгледа тоа, затоа што логиката е наметнато мислење а не свое сопствено убедување.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Верувам, ама незнам оти ..
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Верувам,делумно.
Верувам дека има лек за рак ама не сакаат да го пласираат во јавност поради страв од губење на профитот.
Зошто верувам?Па лесно е.Директорот на жилет еима дадено изјава:Лесно е да се направи сечило кое нема никогаш да зарѓа,да собира влакна,да не се кши,да не се троши,ама каде ќе ни биде нас профиот?Така е и за ракот.Не сакаат поради тоа што имаат они многу профит од хемотерапии,цитостатици,чуда врагови,и ако се пласира тој лек,ќе снемаат профит.
Исто верувам дека политиката на светот ја држат одредена група луѓе(Bilderberg Group).
Не верувам пак дека се живи Тупак,Кенеди,Елвис.....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.472
Поени од реакции
114.331
Верувам дека постојат теории на заговор само не секои се точни. На пример кај нас и мува да прелета додека некој познат дава изјава тие ќе направат дека НЛО се спуштило додека Грујо давал интервју, а инаку масони, кули близначки, НАСА и остали теории, за нив верувам. Ех само НАСА колку тајни крие за овој свет...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Верувам дека постојат теории на заговор само не секои се точни. На пример кај нас и мува да прелета додека некој познат дава изјава тие ќе направат дека НЛО се спуштило додека Грујо давал интервју, а инаку масони, кули близначки, НАСА и остали теории, за нив верувам. Ех само НАСА колку тајни крие за овој свет...
NASA=Never a straight answer :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
мислам постои вечерва голем заговор,
сум разбрал од големи луѓе,
а и од кајгана
да се преврлите сите на темата нескафе
се очекува рекорд на број на страни за една вечер
 
В

Вештерот

Гостин
Не верувам во теории на заговор. Сум човек кој сака секоја работа да ја измери, тестира и провери неколку пати пред да ја потврди. И верувам на науката затоа што се покажала како најоптимално решение. И научниците знаат да згрешат и да постават погрешна теза, но сепак тезата ја проверуваат многу пати и ако увидат грешка ја отфрлаат. Не веруваат слепо во се и сешто без тоа да биде потврдено од повеќе експерименти и мерења.
Теориите на заговор ги сметам само како некави размислувања без поткрепа од цврсти емпирички докази. И размислувања може да има секакви, секој кој има малку време може да измисли каква сака теорија, но прашање е дали таа теорија има некаква вредност.
Значи ги отфрлувам сите теории на заговор.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Чудната смрт на Џим Морисон која сеуште не е разјаснета и е мистерија. Некој велат умрел од предозираност со наркотици, некои велат дека тоа е астма а некои велат дека е алкохол. Контрадикторните изјави на неговата девојка Памела Курсон која четири пати ја менувала изјавата.
Има уште една приказна околу мистериознава смрт на Џим. Наводно, откако починал во некој клуб, двајца локални дилери го довлечкале во станот и наместиле дека умрел таму. Фактот што никој не го видел телото на погребот и не му е извршена аутопсција побуди еден куп сомнежи.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Има уште една приказна околу мистериознава смрт на Џим. Наводно, откако починал во некој клуб, двајца локални дилери го довлечкале во станот и наместиле дека умрел таму. Фактот што никој не го видел телото на погребот и не му е извршена аутопсција побуди еден куп сомнежи.
Според Француското право во тоа време се правела аутпосија само ако на телото имало траги на насилство. А во право си за оваа теорија дека наводно бил довлечкан и оставен во станот заборавив на ова.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.388
Сите сакаме по некоја теорија на заговор. Кога ќе се отвори тема за тоа, доаѓаат милион прашања и милион различни одговори.
Моја омилена е онаа дека светот е раководен од Илуминатите, како одредени индивидуи што со диригентска палка управуваат со светот.
Има такви кои што се смешни. На пример онаа дека МВР монтира случаи за убиени деца.
Шта чеш, сите сакаме некоја теорија на заговор.
Јас играм со делумно.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Верувам, делумно. Најинтересни и да не речам најубедливи ми се теориите за Кулите Близначки, Илуминатите, Убиството на Џон Кенеди и НЛО / Вонземјанските теории.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Да, и тоа во неколку.
Дека владите на големите светски сили ја знаат и кријат вистината за НЛО-ата.
Дека 9/11 беше дело на изманипулирани исламисти контролириани од Пентагон, а по налог на Илуминатите и Вол Стрит.
Дека СИДА-та е дело на лабораториите финансирани од Билдерберг, а заради теоријата на евгеника, култот кон ариевската раса и контрола врз светската популација.
ме интересира она првото дека владите на големите светски сили ја знаат и кријат вистината за НЛО може нешто повеќе пп?
доколку знаеш нешто повеќе секако.
фала однапред
 
F

FARANG

Гостин
Svetot go kontroliraat nekolku luge ama stanuva se potesko da go kontroliras i manipuliras narodot. Ako porano toa go pravea so pari i gi diktiraa site vrednosti preku tv i vesnicite denes blagodarenie na internet i na zajaknuvanjeto na istocnite kulturi (pre se kina) koja i nemaa bas isti kapitalni vrednosti i odbiva da padne pod vlijanie kon zapadnjacive rabotite se menuvaat i mnogu brzo ke dojde vreme koga ili ke treba da gi pustat i niv vo toj krug ili da gi unistat. Islamot resija da ne go pustat ili da go limitiraat pa ako go spukaat iran toa ke bide kraj na toj problem za barem edno 200 godini a do togas ke se resat i od religiite ako e potrebno. Kina od druga strana e nezgodna zatoa sto e i sega veke dosta jaka i ne ebava ziva sila koga se u prasanje nejzini interesi. Poleka stegaat obac okulu nejze ama mislam deka tamu rabotite gi izgubija od kontrola vo 80tite koga totalno gi potcenija i se koncentriraa samo na USSR. Koj znae moze stom go resat islamot imaat lek i za niv...

Za NLO koj znae... Od edna strana veruvam od druga nisto cudno da e samo zamajuvanje na narodot. Ne li primetuvate sekogas ima sightings koga sakaat da odvelcat vnimanie od nesto. Sega se zamarame so krugovi u stip i veke ne mislime na korpata za NATO, 5te zaginati, grcija itn itn...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom