Не зборам за тебе, размисли добро што напишав. Еве земи пример јас сум во врска со девојка која има партнер и таа на мене ми тропа зелени дека не го сака дрн дрн и не се грижи за врската и сега по твоја теорија мене не треба да ми е гајле затоа што она не се грижи зошто па јас да се грижам и ке си речам ај шо ме гајле ке си бидам јас со неа. Тоа е нешто подло и ниско за мене. Утредента ке дојде дечкото ке ми ги скрши забите, а јас нема да имам никаков изговор со тоа што ке речам па таа сакаше со мене. Уште повеќе ке ме тепа тогаш. Го знам ова од искуство, девојката што ми беше имаше љубовна врска со мојот најдобар другар иако бевме на момент раскинати ама ја сакав и таа го знаеше тоа и другарот мој, сега тој бега од мене како од оган, но ке си го добие тоа што го заслужил.