Да не ми откажеше другарот за патување во Германија, до сега уште ќе ми беше глупо да одам сам некаде. Така да, му благодарам
Негативни страни: Moже да е досадно на моменти бидејќи нема со кој да си правиш муабет, со кој да планираш нешто или да тепаш време.
Позитивни страни (бар за мене):
Сам си организираш кој ден кога ќе станеш, каде ќе одиш, што ќе јадеш, што ќе посетиш, кога ќе се вратиш.
Никој не те брза, никој не те влечка.
Ти одлучуваш на кое место колку ќе се задржиш и дали ќе го посетиш (ваќа ќе мораш со некој друг, за да балансираш)
Ако си комуникативен, и како што рекоа ако државата е попријателска, лесно можеш да сврзеш муабет со локалци, или пак да најдеш некој како тебе што патува, и нема ништо лошо во тоа.
Битно е само да си направиш план за да ти биде исполнет денот. На одмор за да лежам на плажа, не би одел сам. Ама за прошетки, викенди, екскурзии или места каде што има што да се прави, немам никаков проблем.