Како прво да кажам дека на анкетата гласав дека не би одбрала вечен живот, и уште се држам до то мислење.
Што е поентата на живото. Најопшто земено, се раѓаш, оставаш потомок и умираш нели? Во живото се' е така. Се' си има свој почеток и свој крај. Целата филозофија на животот е таа. Да не тупам многу ама ете уште ми текнува една мисла шо ми дојде во основно кога требаше да пишиме некој состав по македонски "Животот е како лавиринт, и ние се движиме по линијата наречена судбина која секогаш завршува на точно определено место, на местото каде што почнала". Е сега ајде да замислиме дека имаме вечен живот. Точно дека никој нормален човек не би сакал да умри. Сите сакаат да живеат што подолго. Ќе го надминиме фактот дека сите шо ги сакаме умираат, оти животот продолжува, и сигурно на луѓе на кои му умираат личности шо ги сакаат, не се самоубиваат и слично, значи тоа можеме да го преживееме. Но, сепак, колку би можеле да водиме 'нормален' живот? Ако знаеме, и сме сигурни, дека животот ни е ограничен, и дека баш немаме цела вечност да живееме, тогаш гледаме да го искористиме времето што е можно повеќе. А ако знаеме дека имаме цела вечност, мислите дека пак би живееле исто? Нема шанси. И сигурно ќе сакаме да пробаме се' и сешто. Ќе се дрогираме, ќе крадиме, ќе се излежаваме буквално со векови, и се' друго шо ќе ни падне на памет. За здосадвање ете да речиме дека нема да ни сe здосади оти нели, се развива нова технологија, ќе измислат еден куп работи итн. Ама, по толку време ќе ни се здосади да бидеме 'добри' ова она. Мислам дека никој не би можел да живее цела вечност, и да не искуси баш се од живото, па и да види како е да се убие чоек, и сите тие такви работи. Шо добиваме со то? Прво, не даваме никаков продонес кон светот. Па ете да речиме и дека едно време можи ќе работиме едно друго, ќе направиме нешто, ај. Ама сигурно нема цела вечност да сакаш да работиш. Како што реков, ќе сакаш да пробаш се' и сешто. И ај сега, колку луѓето ќе те сакаат? Немојте сега да велите дека ако има некој бесмртен чоек, и прај шо сака, дека вие ќе го сакате. Па сега, ете ќе го надаминам проблемо дека сите роднини, пријатели ќе умираат, ама да бидам тотално сама? Според мене тоа воопшто не е нормален живот и воопшто не би сакала да живеам така.
И да би одбрала нормален живот, и би ја одбрала смртта наместо она ^^. Сите умираат, зошто јас да бидам посебна? Според мене смртта е дел од животот. Секако, одкако ќе си го проживеам животот онака како што сакам, и онака како што било наменето.