Дали би донирале јајце клетки или сперма?

Дали би донирале јајце клетка или сперма за 5000$???

  • Да

    Гласови: 166 68,3%
  • Не

    Гласови: 77 31,7%

  • Вкупно гласачи
    243

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Првенствено би донирала од хумани причини-подарувам живот и тоа би го направила и бесплатно затоа што е бесценето,а мое дете ќе биде она кое ќе биде зачнато со тој што јас ќе го изберам за негов татко.
Извини девојко, ама испаѓа дека тоа дете што ќе се создаде ради твојата јајце-клетка и нечив сперматозоид, нема да е ТВОЕ дете според тебе, само зошто ти не си го избрала таткото?!
Има милион начини да бидеш хумана, одрекувањето од своето дете не е хумано.

Според мене донирањето на јајце клетка нема никаква врска и не ја овозможува таа блискост на мајката со детето што го носи во утробата кога е трудна,така да нема никаква емоционална поврзаност и чувство дека си го даваш детето на туѓинци.
Па што ако не го носиш во утробата? Тоа не значи дека е помалку твое отколку што навистина е.
Ќе биде родено и чувано од друга жена и многу нормално дека тоа дете ќе биде нејзино и таа ќе биде неговата мајка,јас сум само донатор ништо повеќе.
Кутрото дете, ако ја дознае вистината ќе живее со мислата дека мајка му ги има условите да го исчува, но дека не го прави тоа само затоа што ради хуманост решила да го даде на туѓинци. И што ако животот со тие туѓинци му е многу полош отколку животот што може да го има со вистинските родители?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Извини девојко, ама испаѓа дека тоа дете што ќе се создаде ради твојата јајце-клетка и нечив сперматозоид, нема да е ТВОЕ дете според тебе, само зошто ти не си го избрала таткото?!
Има милион начини да бидеш хумана, одрекувањето од своето дете не е хумано.


Па што ако не го носиш во утробата? Тоа не значи дека е помалку твое отколку што навистина е.

Кутрото дете, ако ја дознае вистината ќе живее со мислата дека мајка му ги има условите да го исчува, но дека не го прави тоа само затоа што ради хуманост решила да го даде на туѓинци. И што ако животот со тие туѓинци му е многу полош отколку животот што може да го има со вистинските родители?

Дали според тебе единствена опција која треба неплодни мајки да ја имаат за свое дете е да посвојуваат?
Милиони јајце клетки кои ги создаваме во текот на животот не се оплодуваат, барем донирана јајце клетка ќе значи Живот за една таква. И чисто сумњам дека после сите контроли, тестови и измачувања кои тие идни родители ги имаат пред да им се дозволи вештачко оплодување, би му приредиле лош живот на тоа дете.
Инаку, би донирала, ама не за пари, сметам дека цена на таква работа баш и не може да се стави.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дали според тебе единствена опција која треба неплодни мајки да ја имаат за свое дете е да посвојуваат?
Милиони јајце клетки кои ги создаваме во текот на животот не се оплодуваат, барем донирана јајце клетка ќе значи Живот за една таква. И чисто сумњам дека после сите контроли, тестови и измачувања кои тие идни родители ги имаат пред да им се дозволи вештачко оплодување, би му приредиле лош живот на тоа дете.
Инаку, би донирала, ама не за пари, сметам дека цена на таква работа баш и не може да се стави.
Ама секогаш ќе има луѓе што ќе сакаат да донираат, така што посвојувањето нема да биде единствена опција за неплодните луѓе.
Земи го за пример тоа што ја ни вас од форумов не можам да ве разубедам, вие пак би донирале.
И тоа е тотално ваш избор. Се` што сакам е да сте сосема свесни што правите и кои се последиците.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Сосема сме возрасни и свесни :)
П.С. Ако има евентуално твои очи, или твоја наследена шеќерна болест- не го прави Твое дете. :)
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ама секогаш ќе има луѓе што ќе сакаат да донираат, така што посвојувањето нема да биде единствена опција за неплодните луѓе.
Земи го за пример тоа што ја ни вас од форумов не можам да ве разубедам, вие пак би донирале.
И тоа е тотално ваш избор. Се` што сакам е да сте сосема свесни што правите и кои се последиците.
А зошто да ме разубедиш девојко? Чувај си ги себично твоите јајце клетки и дај Боже да си родиш многу дечиња кои гордо ќе можат да те наречат мајка,а понатаму ако они сакаат да донираат строго забрани им-I don't care како си ја планираш репродукцијата.
Моето на темата си го кажав:Дали би донирала-да,а тоа што ти не се согласуваш во ред е,ама да сакаш да ме разубедиш...мислам волјата на чинот ми е интересна:icon_lol:,тоа дека неможеш јасно е.Дискутирај си од твоја гледна точка без да пробуваш да ме просветлиш,мојот став е тој и нема да го смениш ни ти ни било кој.

Се одрекувам од јајце клетка,не од дете.
Една помалку мене ништо не ми менува затоа што понатаму ќе можам да затруднам со другите милион што ги имам,а на некого таа јајце клетка многу му значи.

Ти на пример да си родена со вештачко оплодување ќе го критикуваш донаторот(според тебе мајката) или ќе ја критикуваш жената што те родила и чувала затоа што неможела да роди па што не си посвоила дете туку ете глупости те зачнувале вештачки,па те раѓале...еее боље да си останела јајце клетка,животот не е праведен оу кутрата ти.

Детето ако дознае ќе знае дека некој донирал за да биде создадено,да има живот затоа што неговата МАЈКА неможела да затрудни поинаку и ако му се објасни се како што треба па може по некоја случајност и да биде благодарно али тоа нели у најлош случај :icon_lol:.

И еве ти уште еден пример:ти си јајце клетка и си пливкаш така во матката,едвај чекаш да дојде некој згоден сперматозоид да те оплоди(леле радости) и го гледаш плива од далечината,брз,одлучен.......и кога доаѓа при крајот решава да влезе кај онаа другата јајце клетка(ах одсекогаш знаеше дека е “лесна“ и сите сперматозоиди ги собира кај неа).
И шо праиме сега? Ти се губиш во множеството од јајце клетки и остануваш “стара мома“ неоплодена,а кога ќе си го вратиш филмот требаше тогаш да и дозволиш на мамичка да те донира на таа тетката,одкајзнаеш...можеби сега ќе имаше некој облик па и срце...пих судбина!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
А зошто да ме разубедиш девојко? Чувај си ги себично твоите јајце клетки и дај Боже да си родиш многу дечиња кои гордо ќе можат да те наречат мајка,а понатаму ако они сакаат да донираат строго забрани им-I don't care како си ја планираш репродукцијата.
Нема зошто строго да им забранувам, ќе си имаат здрав разум за да си расудуваат.
Моето на темата си го кажав:Дали би донирала-да,а тоа што ти не се согласуваш во ред е,ама да сакаш да ме разубедиш...мислам волјата на чинот ми е интересна:icon_lol:,тоа дека неможеш јасно е.Дискутирај си од твоја гледна точка без да пробуваш да ме просветлиш,мојот став е тој и нема да го смениш ни ти ни било кој.
Веруј, идејата ми беше многу повеќе да си го презентирам ставот за да ги натерам другите да размислуваат, отколку да те разубедам. Тврдоглавите се препознаваат.
Се одрекувам од јајце клетка,не од дете.
Една помалку мене ништо не ми менува затоа што понатаму ќе можам да затруднам со другите милион што ги имам,а на некого таа јајце клетка многу му значи.
Ќе имаш милион само ако живееш уште 83333333,33 години.
Ти на пример да си родена со вештачко оплодување ќе го критикуваш донаторот(според тебе мајката) или ќе ја критикуваш жената што те родила и чувала затоа што неможела да роди па што не си посвоила дете туку ете глупости те зачнувале вештачки,па те раѓале...еее боље да си останела јајце клетка,животот не е праведен оу кутрата ти.
Детето треба да е среќно што му е подарен живот, секако, но секад ќе осеќа љубопитност и потреба да дознае која му е вистинската мајка и зошто решила да ја дае таа јајце-клетка. Дали е заради парите, дали заради тоа што била у уфилмана хуманост.
Детето ако дознае ќе знае дека некој донирал за да биде создадено,да има живот затоа што неговата МАЈКА неможела да затрудни поинаку и ако му се објасни се како што треба па може по некоја случајност и да биде благодарно али тоа нели у најлош случај :icon_lol:.
Хуморов у последнава реченица не го сфаќам.

И еве ти уште еден пример:ти си јајце клетка и си пливкаш така во матката,едвај чекаш да дојде некој згоден сперматозоид да те оплоди(леле радости) и го гледаш плива од далечината,брз,одлучен.......и кога доаѓа при крајот решава да влезе кај онаа другата јајце клетка(ах одсекогаш знаеше дека е “лесна“ и сите сперматозоиди ги собира кај неа).
И шо праиме сега? Ти се губиш во множеството од јајце клетки и остануваш “стара мома“ неоплодена,а кога ќе си го вратиш филмот требаше тогаш да и дозволиш на мамичка да те донира на таа тетката,одкајзнаеш...можеби сега ќе имаше некој облик па и срце...пих судбина!
Не мешај зајадливост меѓу 2 желни за оплодување јајце-клетки, зошто секој месец излага по една јајце-клетка и сама си е во каналот.
И малце е sick начинот на кој размислуваш, од аспект на клетка.

Али нешто остана да ти кажам...прво, не си ли приметила колку е лесно да си кажеш у себе "Ова ќе го направам!", ако тоа треба да се деси по долга временска дистанца, а уствари ако истата работа е, да речеме утре, веќе почнуваш позрело да ја размислуваш и да се прашуваш "А зошто и како да го направам ова?" ?!
Второ, лесно е на форум да се даваат изјави како "никогаш" и "секако". Затоа, покажи ни дека навистина го мислиш ова што жестоко го застапуваш. Ајде кога ќе ја направиш донацијата навистина, пиши ни. И очекувам да е во скоро време, бидејќи не планирам да киснам на форумов коа ќе остарам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
До каде стигна човековата себичност,што почна да се размислува за стоп на донации на јајце клетки и сперматозоиди.Утре ќе видам како некој повикува да се забрани дарување на крв зошто може да заврши кај „погрешен“ човек.
Родител е оној кој ќе го одгледа детето во хуманист,реалист и правичен човек со разбирање за секого.А не оној кој го создал,во овој случај само донирал јајце клетка,која може,а немора да биде оплодена.
п.сЗошто имам чувство дека никнуваат теми кои повикуваат на забрани,осуди,будење на религии и традиционализам,зарем не се чувствуваат корени на фашизам?!:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас би донирал јајце клетки, ама неам, затоа донирам сперма!

П.С. за онаа умната Натуралната девојка погоре да ми појасни како тоа еднаш месечно по една јајце клетка, а имаме близнаци, тројки итн???
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
5000$ Тоа е прескапо.

Мојата сперма е ефтина а квалитетна за повеќе информации пишете пп :smee:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Нема зошто строго да им забранувам, ќе си имаат здрав разум за да си расудуваат.

Веруј, идејата ми беше многу повеќе да си го презентирам ставот за да ги натерам другите да размислуваат, отколку да те разубедам. Тврдоглавите се препознаваат.
Па да уствари,ќе личат на тебе :).

Сум размислувала за темава уште пред ти да пишеш :wink: и уште од тогаш го имам истото мислење како и сега.
Тврдоглава пошто не го менувам мојот став после твоето излагање? Секако :).

И да,незнам дали се милион или помалку,кога ќе си ги избројам ќе ти кажам колку јајце клетки имам :icon_eek:.Сигурно не е само една и од таа една да зависи мојата репродукција.
Ако се пружа многу љубов и внимание на детето ќе биде љубопитно месец дена максимум затоа што ќе сфати кој е покрај него цело време и дека не вреди да размислува за некоја икс особа која донирала САМО јајце клетка,не го родила па да го остави,така да нема зошто да се фрустрира поради тоа.
Сепак се зависи и од родителите.Ако тие го напаѓаат донаторот(ова тешко дека би било така) тогаш сигурно и детето ќе чувствува одбивност према неа.
Ова ти го пишувам од лично искуство и нема повеќе да коментирам како детето би реагирало затоа што сепак не си осетила на твоја кожа и ирелевантно е моето мислење за тоа.

За парите не е а за другото не ни можеш да коментираш затоа што не ме знаеш и не знаеш дали јас навистина и колку помагам или само се филмам по форуми.Ај некад ако се запознаеме сама ќе процениш.

Хуморот не го сфаќаш затоа што си упорна дека детето откако ќе му кажат/ако му кажат се разбира,ќе доживее незнам...пресвртница,ќе го бара донаторот за да го праша зошто го направил тоа,ќе го осудува...пишав...месец дена....не е дека нема да мисли понатаму на тоа ама се знае кои му се мајка и татко и ако му се всадени вистински вредности другото нема да му биде важно.

Извини за моето болно размислување,сакав само посликовито да ти опишам за да си го поткрепам ставот-дека не е ништо страшно,не е за осудување и дека секое создавање на живот е бесценето без разлика како тој живот ќе настане.
Одма сега без размислување би донирала јајце клетка.

:) Срце бе.Тебе ли да ти се докажувам? Уште до таму не сум стигнала :back:. Слободно живеј си го животот и исполни си го за да не киснеш на форум кога ќе остариш.
Искрено мило ми е што пробуваш да ме “вразумиш“ ама не се лути затоа што не успеваш во тоа и смени си тајтл-уопште не си open minded :helou:.

Примерче:Сакаш деца премногу.Твоите јајце клетки се неплодни.Си поднела со маж ти документи за посвојување и чекате веќе 5 години,но нема никакви добри изгледи дека во брзо време ќе дојдете на ред,а времето си поминува,луѓето стареат.....
Се појавувам јас,не ме познаваш.....ти кажувам дека би ти донирала јајце клетка бесплатно.
Твојот одговор драга е?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јас би донирал јајце клетки, ама неам, затоа донирам сперма!

П.С. за онаа умната Натуралната девојка погоре да ми појасни како тоа еднаш месечно по една јајце клетка, а имаме близнаци, тројки итн???
Немој да донираш смисла за хумор само аман,и онака не ја бива работата тоа би било стварно премногу...дури и за Македонија...
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
УШТЕ немаш донирано јајце-клетка? Најозбилно, пиши јавно кога стварно "одма" ќе го направиш тоа. :)
Значи нејќеш моја јајце клетка :nenene:?
Можеш и сама да согледаш дека сум паметна,а за убавина ќе ти пратам слика по пп сигурна сум дека ќе ти се допаднам :icon_lol: или па страв ти е да не се метне детето многу на мене :) ?

И ајде чим си запнала толку ќе пишам овде и у весник ќе биде објавена мојата донација а јајце клетка ќе ја крстам Кате :wub:.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Со задоволство... :pos2:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Значи нејќеш моја јајце клетка :nenene:?
Можеш и сама да согледаш дека сум паметна,а за убавина ќе ти пратам слика по пп сигурна сум дека ќе ти се допаднам :icon_lol: или па страв ти е да не се метне детето многу на мене :) ?

И ајде чим си запнала толку ќе пишам овде и у весник ќе биде објавена мојата донација а јајце клетка ќе ја крстам Кате :wub:.
Пак со тој good for nothing хумор.

Не можеш да ме тераш да гледам од аспект на неплодна, од аспект на клетка, или од аспект на дете.

За темава е потребно, а и ја можам да се видам само од аспект на девојка што може да избере дали да донира јајце-клетка или не. И мојот одговор сеуште е: не.

Више си кажа дека си убава и паметна, некој веќе прочитал, не се секирај, сигурно ќе се најде некој што ќе ти дае фејсбук.

И доста ми реплицираш више, ја уништивме темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom