Дали би војувале за нашата земја ?

Би отишле ли во војна за нашата земја ?

  • Да

    Гласови: 57 19,4%
  • Не

    Гласови: 172 58,5%
  • Само во одредени услови

    Гласови: 65 22,1%

  • Вкупно гласачи
    294
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
ти со гејмпад или на тастатура би војувал за твојата земја?
и кога, дали и зашто не, беше у војска?
А од кога е твоја грижа дали и кога јас сум бил во војска ?

Гледај си го твојот двор, а на туѓите коментари добредојден си да коментираш дали се согласуваш со нечиј став или не, и да објасниш зошто се согласуваш или не се согласуваш со таквиот став.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817

Тоа беше само логична реакција на твојот пост, во кој бараш да се служи војска, треба да се служи и сл., па си реков, штом си толку опстоен во таа идеја веројатно си служел и ти самиот. Во РМ може доброволно да се служи.
 
Е па не си ја разбрал поентата на коментарот.

Поентата ми беше дека младината со секоја нова дегенска генерација допира нови дна, а тоа е штетно не само за нацијата, туку и за младите.

Потребна им е` дисциплина, а војската е добро место за стекнување на дисциплина.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911

Точно така се согласувам ,ќе мора да се врати задолжителен воен рок и задолжително БАНКЕТ како во старите времиња. Ама ете сдс хунта ИЧ не помислуваат а камоли оружја и опрема

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817
Точно така се согласувам ,ќе мора да се врати задолжителен воен рок и задолжително БАНКЕТ како во старите времиња. Ама ете сдс хунта ИЧ не помислуваат а камоли оружја и опрема

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
Банкети нема и пропадна земјава.
Кажи му на Мицковски за наредни избори у програма да стаи обавезни банкети.
 
Не е проблемот само во плавите жолтици, туку и во пвеводбениците.

Едно се полицијата и во специјалните единици кои секогаш можат да се полнат со партиски пулени, а друго е војската, каде што секогаш има стандарди и услови кои мораат да се исполнат.

Дури и во Нацистичка Германија војската задржала одреден степен на независност, а независност во вооружените сили никогаш не е добредојдена во држава во која на секои избори постојано се менуваат едни криминалци со други криминалци, бидејќи ако војската биде независна, може да им текне на војниците или на офицерите во иднина да расчистат со криминалците од власта и од опозицијата - и за ова има пример од Нацистичка Германија: неуспешниот обид за атентат врз Адолф Хитлер на 20 јули 1944, спроведен од страна на луѓе кои одлучиле дека дојдено е времето да расчистат со Хитлер и нацистите.

Затоа имаме војска само за паради и за циркуски настапи.
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Банкети нема и пропадна земјава.
Кажи му на Мицковски за наредни избори у програма да стаи обавезни банкети.
Мешаш баби-жаби , а знаеш ли што е Банкет?

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Банкети нема и пропадна земјава.
Кажи му на Мицковски за наредни избори у програма да стаи обавезни банкети.
Овој Pane-G е во класата на Баче, Ireal, Fringe, Valvoline, така?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Е па не си ја разбрал поентата на коментарот.

Поентата ми беше дека младината со секоја нова дегенска генерација допира нови дна, а тоа е штетно не само за нацијата, туку и за младите.

Потребна им е` дисциплина, а војската е добро место за стекнување на дисциплина.
Луѓето се по среќни, по кооперативни и продуктивни, веројатно со повеќе позитивни промени во нивното однесување во средини кадешто авторитетите прават работи со нив, наместо да им прават работи на или за нив. Првично се почнува од фамилијата како основна клетка.

Иако мислам дека има позитивни промени во однесувањето сепак, служењето на воениот рок не е баш добар пример (во твојот случај решение) каде ќе се потикне и негува социјалната дисциплина.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Кои глупости тресе декстеров, човек се учел на дисциплина во војска, како да не. Човек се учи на дисциплина дома, ти ако не си го воспитал детето нема тој офицерот за тебе да го воспитува, кога ќе излезе од таму тој пак ќе биде ист разгален мочко. Порано така ги воспитувале децата затоа биле повоспитани за разлика од денешните родители кои им удоволуваат за све.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Е па не си ја разбрал поентата на коментарот.

Поентата ми беше дека младината со секоја нова дегенска генерација допира нови дна, а тоа е штетно не само за нацијата, туку и за младите.

Потребна им е` дисциплина, а војската е добро место за стекнување на дисциплина.
Е ова ти е генијална идеја, ги гледаме секој ден поранешните војници кои виа банкет отишле во ЈНА или АРМ, тоа све пуца од дисциплина, на 50 години делуваат како да имаат 90, да потрчаат 200м ќе умрат. Или заборавиле нешто или живот пише романе.

Имаш општество кое вреднува и подржува крадење, подмитливост, подобност и системски уништува чесност, вредност или принципиелност, овој се фатил за војска. Со работа на било кое работно место од реален сектор стекнуваш далеку повеќе дисциплина него во касарна.
Како прво треба вечерни школи, како тие после војната за описменување, да се учат возрасни на основни морално-етички правила, до таа мера е скапано општество и држава, Либерија сме, немаме никаква ама баш никаква најава за било каква еколошка свест, умираат по Скопје луѓе ко муви ради загадување а сега ќе имаме и рудници каде што ќе се умира, едино што го држи ова општество ти се кредити од запад, по нешто од дијаспора пара што влегува и легални дроги и алкохол, скоро и да нема возрасен што не е на некои апови за да може да го протурка денот некако.

Кој курац некој би го бранел ова гомно од општество, треба да е ненормален.

А во таквата војска ќе одат само етнички Македонци или и овие другиве ќе добиваат обука?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Луѓето се по среќни, по кооперативни и продуктивни, веројатно со повеќе позитивни промени во нивното однесување во средини кадешто авторитетите прават работи со нив, наместо да им прават работи на или за нив. Првично се почнува од фамилијата како основна клетка.

Иако мислам дека има позитивни промени во однесувањето сепак, служењето на воениот рок не е баш добар пример (во твојот случај решение) каде ќе се потикне и негува социјалната дисциплина.
Среќата е минлива, додека борбата за живеење или преживување во тешки ситуации трае се` до последниот здив.

Војската не продава среќа, туку дисциплина, која очајнички е потребна кај денешната младина.

Поентата на служењето на задолжителен воен рок не е во тоа да биде среќно искуство, туку дисциплинирачко искуство.

Е ова ти е генијална идеја, ги гледаме секој ден поранешните војници кои виа банкет отишле во ЈНА или АРМ, тоа све пуца од дисциплина, на 50 години делуваат како да имаат 90, да потрчаат 200м ќе умрат. Или заборавиле нешто или живот пише романе.

Имаш општество кое вреднува и подржува крадење, подмитливост, подобност и системски уништува чесност, вредност или принципиелност, овој се фатил за војска. Со работа на било кое работно место од реален сектор стекнуваш далеку повеќе дисциплина него во касарна.
Како прво треба вечерни школи, како тие после војната за описменување, да се учат возрасни на основни морално-етички правила, до таа мера е скапано општество и држава, Либерија сме, немаме никаква ама баш никаква најава за било каква еколошка свест, умираат по Скопје луѓе ко муви ради загадување а сега ќе имаме и рудници каде што ќе се умира, едино што го држи ова општество ти се кредити од запад, по нешто од дијаспора пара што влегува и легални дроги и алкохол, скоро и да нема возрасен што не е на некои апови за да може да го протурка денот некако.

Кој курац некој би го бранел ова гомно од општество, треба да е ненормален.

А во таквата војска ќе одат само етнички Македонци или и овие другиве ќе добиваат обука?
Па добро, поранешните војници барем имаат материјал за пишување на романи, додека денешната младина ни тоа не го има. Да ги биваше за фикција, досега ќе изградеа кариери во Холивуд.

На младите им треба дисциплина - без разлика од која националност или вероисповед се`.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Среќата е минлива, додека борбата за живеење или преживување во тешки ситуации трае се` до последниот здив.

Војската не продава среќа, туку дисциплина, која очајнички е потребна кај денешната младина.

Поентата на служењето на задолжителен воен рок не е во тоа да биде среќно искуство, туку дисциплинирачко искуство.
Нема да стекнеш тоа што го бараш - социјална дисциплина.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Нема да стекнеш тоа што го бараш - социјална дисциплина.
Нема потреба да се стекнува со задолжително служење на воен рок тоа што веќе го постигнаа Фејсбук и ајфонот - социјална анти-дисциплина.

Поентата на задолжителното служење на воен рок е да се стекне дисциплина која ќе ја пробуди младината од сајбер-комата во која живее.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom