Дали барањата на Грција се апсурдни?!

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Би сакал оваа тема да биде збир на сите грчки глупости кои ги имаме слушнато и прочитано. Мислам дека би имале голема корист кога би ги кажале пред сиот свет. Мислам дека ние Македонците сме единствени кои добро ги познаваат своите соседи и нивните намери, затоа мора да му помогнеме на цел свет да ги види во вистинско светло.
Ве молам постирајте ја секоја вест со слична содржина. - Негирање на се-Македонско !

Како што вели хрватката Гилер која ја посети Северна грција , со цел да се сретне со припадници на непризнаеното македонско малцинство во грција.
- Кога нема информации, тогаш не се знае што да се прави. Така е и со луѓево во Европскиот парламент. Ним Грција им вели: "Ние немаме проблеми, немаме малцинства, зошто тогаш да создаваме проблеми кога тие не постојат?"
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=9AAAFE963710BB46B6043A5682B7959E



Грција бара да се повлече македонското вино во Германија

Грција бара вината произведени од македонски винарии со ознака "Македонско вино" кои се пуштени во промет во Германија веднаш да се повлечат од рафтовите, бидејќи е спорна ознаката за географското потекло. Нашиот јужен сосед се повикува на официјалната банка на податоци на вино на ЕУ, според која вината од грчкиот регион Македонија се признати како вина со заштитени географски податоци.
Грчката амбасада дури пратила и допис до германскиот синџир супермаркети ЕДЕКА со кој ги предупредува дека ќе се соочат со судски постапки ако овој производ не го извадат од асортиманот.
"Вашата фирма веројатно без знаење на горенаведената наредба продава вино со име 'македонско вино'. Овој производ се произведува во Бившата Југословенка Република Македонија (ФИРОМ), а не во Грција и е со низок квалитет", стои во дописот од грчката амбасада.
Владата на Македонија по грчката офанзива за македонското вино, вчера не знаеше кои конкретни мерки ќе ги преземе за да го одбрани домашниот производ. Дознаваме дека вчера бил одржан состанок на кој присуствувале претставници од минстерставата за економија, за земјоделство и за надворешни работи, но било решено со официјален став да се излезе дури в понеделник. В понеделник ќе се произнесат и претставниците на винарските визби, кои вчера само кратко искоментираа дека проблемот е политички, а не во географските податоци.
"Деновиве ќе биде донесена мерка на кој начин ќе се реагира. Проблемот е економско-трговски, но и политички. До тогаш мора да се провери дали има основа за реагирање или нема", ни изјави вчера Петар Чулев, портпарол на МНР.
Од Министерството за земјоделство велат дека до германската компанија која го прави увозот на виното веќе се испратени извадоци од Законот со кои се регулирани точните ознаки на виното и сортите грозје.

06-02-2010
http://www.vest.com.mk/?ItemID=724F59F8C2BCB84BA8E073B69C2E51F6
 

k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Грција бара да се повлече македонското вино во Германија

Тешко тие германија не му даде помош бакнотираја за леб ке умрат ќе го повлече виното,нема грешка...
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
„Име си е име“

Грчката хистерија и притисоците за неприкажување на исладскиот документарец за името Македонија и за македонскиот народ, ја обиколуваат целата земјината топка. Откако грчката дипломатија пред три месеци со силни закани успеа да го спречи исландскиот амбасадор во САД да го прикаже филмот во Вашингтон, сега грчката дијаспора врши силен притисок врз државниот театар во Сиднеј да ја откаже презентација на овој документарец. Во писмото испратено до директорот на театарот, прогрчкиот австралиско македонскиот советодавен совет бара откажување на промоцијата на филмот закажана за 26 февруари затоа што содржел пропаганден и високо чувствителен материјал што можел да предизвика етнички тензии во хармоничното австралиско општество. Филмот, според оваа грчка организација, бил опасен и затоа што ја промовирал идејата за Обединета Македонија. Вака грчката дијаспора во Австралија ги објаснува причините зошто филмот на исландскиот патеписец не смее да се прикаже на петтиот континент.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=57922

Наместо Македонија земјава да се вика Вардарска




Зошто да им го дадеме името Македонија на лажните Македонци? – прашуваат од ЛАОС. Членовите на ултра десничарската партија, побараа одговор од алтернативниот министер за надворешни работи зошто воопшто се преговара за сложено име. Соседната земја е провокативна и грчката влада треба да ги врати позициите од 1992. –рече вечерва во парламентот членот на ЛАОС, Аивалиотис.
- „Зошто господине министре, не тргнеме од поранешната основа, да кажеме дека како основа го прифаќаме само името Вардарска? Името кое беше и официјално за земјата до 1945.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=58163
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Игнорирајте глупости.
Македонија треба и ќе остане на принипите на непроменливост на името, идентитетот и јазикот.
Нема ништо да се промени, разговорите се залудни, едноставно се одоговлекува се додека некоја од државите престане да постои.
Единствена причина зошто не ги прекинавме преговорите во ОН е за да не испаднеме некооперативни.
Па се маткаме и Нимиц лапа пари за нешто кое не може да се реши.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Грчката дипломатија ќе бара одговор од француското министерство за надворешни работи за начинот на кој француските институции и се обраќаат на Македонија во последно време. Тимот на Папандреу незадоволен што Наместо поранешна југословенска република како што е официјално призната од Франција коресподенцијата кон официјално Скопје сега се одвива под уставното име. Според неофицијални информации на канал 5 пред десетина дена претседателот на Франција Николас Саркози на својот македонски колега му напишал писмо во кое му се обраќа како на претседател на република Македонија.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=58484

Македонскиот јазик е словенски и е сличен на бугарскиот, не може да го прифатиме македонскиот народ оти и ние се чувствуваме како Македонци. Вакви биле реакциите на грчката страна за време на заседавањето на Советот на Европa. Групата грчки пратеници предводена од Дора Бакојани негодувале за усвоената резолуција со која се бара признавање на македонскиот јазик, народот и малцинството во Грција. Идентично ова резолуцијата го бара и од Бугарија – земјата да го признае македонското малцинство како посебен народ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Македонскиот јазик е словенски и е сличен на бугарскиот, не може да го прифатиме македонскиот народ оти и ние се чувствуваме како Македонци. Вакви биле реакциите на грчката страна за време на заседавањето на Советот на Европa. Групата грчки пратеници предводена од Дора Бакојани негодувале за усвоената резолуција со која се бара признавање на македонскиот јазик, народот и малцинството во Грција. Идентично ова резолуцијата го бара и од Бугарија – земјата да го признае македонското малцинство како посебен народ.
Уште еден доказ дека името нема врска со она што навистина го бараат.

Некој спомнуваше постојано дека сме гркофобични, дека ние сме у ствари виновни, дека измислуваме или преувеличуваме...дека сме не знам што... лошо е кога свој толку те напаѓа и мораш првин нему да му објаснуваш дека не е така...као да живее којзнае каде.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се излегува на виделина, полека но сигурно!
Ве молам постирајте ги сите глупости од грчката страна, кои ги имате прочитано и кои ќе ги слушнете и прочитате во иднина. :smir:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Сега за сега, ова ми е "play of the day", ама има време до вечер, може ќе падне уште некоја глупост:pos2::
Можеме да се договориме со помош на некое име од типот „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“, изјави Лукас Цукалис, претседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Специјален советник на претседателот на Европската комисија во интервјуто за чешкиот весник „Хосподарске Новини“ на прашањето како ослабената позиција на Грција во меѓународните односи ќе влијае на одбраната на традиционални интереси во прашањата како што е спорот околу името на Македонија.


извор: Н.Македонија

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315101142375&id=84&setIzdanie=21934
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Дали господата што го предадоа нашето име сваќаат сега што значи кој стигне да се потсмева со нешто што треба да биде свето и интимно прашање на еден народ.
Кој стигне лицитира со нашето име.
И како ја викавме таа политика, хмммм, ах да, мудрата политика на претседателот Глигоров кој створи оаза на мирот во која кој стигне урина во неа.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Економските проблеми на Грција не и пречат на надворешната политика на земјата – рече грчкиот премиер. Папандреу повтори дека земјата има цврсти позиции во однос на прашањето за името што ги претставува секаде, било во САД, било во Европската унија.

И покрај големите економски проблеми со кои се соочуваме, нема шанси да ги промениме нашите позиции. Цврсти се нашите ставови и цели. Веруваме во нашите политички позиции,како што се црвените линии во однос на ФИРОМ, рече Јоргос Папандреу, претседател на владата на Грција


На синоќешната расправа во грчкиот Парламент за програмата за стабилност и развој, неизбежно беше да се спомене и проблемот со името. Лидерот на ЛАОС, побара објаснување од опозициската Неа демократија, дали се променети позициите на партијата од 1993 година.

- Конечно да се каже која е таа црвена,сина линија? Ќе го дадеме името и изведените зборови? Да или не? Затоа што,ако добро се сеќавам во 1993 година падна владата на Неа демократија, на Мицотакис, токму од оваа причина. Вие другите правете што сакате,ние како ЛАОС,името Македонија и изведените зборови не ги прифаќаме, вели Јоргос Караџаферис – претседател на ЛАОС.

Караџаферис рече дека ги поддржува напорите на владата во однос на економските проблеми, но во однос на позициите за името, ултрадесничарската партија е на спротивната страна.

Во Македонија постојат сомневања во искреноста на нашите напори за спроведување на Агендата 2014-та, смета Димитрис Друцас. Причината за сомнежите на македонскиот народ Друцас ја гледа во медиумите.
Алтернативниот министер за надворешни работи вели дека средствата за јавно информирање ја претставуваат Грција како непријател.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=58760

-Е сега димитрисе дркаче... да те потпрашам онака пријателски, ние сме параноични заради нашите медиуми или пак ве гледаме како непријатели заради вашите изјави (како онаа погоре од караѕсверис) !? Па дури и да не изјавувате , па и нашите медиуми да не ги пренесат вашите изјави, ние - МАКЕДОНЦИТЕ знаеме дека само вакви работи имате во тоа кефалите!
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Пак се занимавате со овие педерите:tapp:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Да не се преувеличува четврточниот инцидент во Атина и да не се користи за политички цели, бидејќи тој не ги одразувал чувствата и однесувањето на грчките граѓани – изјави грчката амбасадорката Александра Пападопулу откако во МНР и беше врачен остар протест. Амбасадорката вели оти оние кои скандирале во Атина не биле дел од Армијата, туку биле чувари на крајбрежјето. Ниту во МНР, а ниту пред новинарите не го употреби зборот извинување.

- Ова е изолиран инцидент. Не треба да го преувеличуваме.
Треба да се осуди и секако е осуден, но тој не ги претставува грчките граѓани, однесувањето на грчките граѓани, менталитетот на грчките граѓани и чувствата на грчките граѓани.(!!!??? не лаже нас или се лаже самата :toe:) Ве молам не го преувеличувајте.
Тоа е само изолиран настан и овој настан не треба да се користи за политички неповрзани цели. Тоа никому не помага (тоа не ви помага вам - сигурно), изјави грчката амбасадорка Александра Пападопулу.

Амбасадорката Паапдопулу вели дека Грција веќе презела мерки. Првиот човек на единицата бил суспендиран, а се испитувале и останатите учесници кои скандираа против македонскиот и албанскиот народ во Атина. Доколку навистина имало такви скандирања сите инволвирани ќе биле казнети. Македонија денеска официјално реагираше на четврточните провокативни извици “Тие се Скопјани, тие се Албанци, од нивната кожа ќе си направам облека“ при марширањето по атинските улици. Македонија до сега три пати реагираше за провокациите за време на грчките маршеви во Солун и Атина.


 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако това не е лицемерие и наглост от грчка страна не знам што е. :vozbud:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Би сакал оваа тема да биде збир на сите грчки глупости кои ги имаме слушнато и прочитано. Мислам дека би имале голема корист кога би ги кажале пред сиот свет.. - Негирање на се-Македонско !
http://www.fockhead.com/index.php?key=Σκοπιανό&page=1
Порака: да им ги попушат на „Скопјаните„ :pusk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom