Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Да да, баш така, неколку стотини милиони години и се е можно. На што го темелиш твоето мислење? На верување?
Ниту еден физички закон не говори ни за абиогенезата.
Ни еден закон не вели дека панспермијата не е одговорна за настанокот (ако и воопшто постои настанок)....Но кој знае
Моето мислење (не е само мое) го темелам на проста екстраполација - настанувањето на комплексни неоргански соединенија од неоргански е лесно и можно, па тогаш е можно настанување на уште покомплексни органски соединенија.
Сите физички закони се во прилог на абиогенезата, а ниту еден против!
Панспермијата не е ништо друго туку одложена варијанта на абиогенезата - живите организми кои дошле на Земјата (ако дошле) настанале некаде и некогаш. Со што? Едниот одговор (алтернативата) е Бог, а за тоа и двајцата се сложуваме дека не постои. Вториот и единствениот друг одговор (трет нема!) е абиогенезата.
 
G

galaxy

Гостин

Малку си задоцнил со регистрација на форумов. За биологија се дискутирало претходните години. Сега се префрливме на филозофија.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Негде на 2 мин и 15 с ќе ја чуеш поентата што сакав да ти ја кажам. :)....околу целта.....иако целово "образлагање" на Алан Ватс е прекрасно.
ќе го изгледам видеото, пред тоа ќе биде ли срамота да те прашам како си определен религиозно?:) ако треба и јас ќе кажам, не ми е проблем
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И пробај без вакви( :ROFLMAO: :pos::vozbud:) симболи, ништо у полза на твоите аргументи не се..
На твоите аргументи адекватен одговор се само тие симболи... некако друго ништо не ми текнува...:D
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Далеку си друже ти од било каква спиритуалност.
Без нејзе си изгубен...гуска во магла.
За среќа, далеку сум од секаква спиритуалност. Ако ја избришеш спиритуалноста, останува само здравиот разум и материјалноста. Гуската и маглата се материјални, а гуските за да не се изгубат во својот лет се управуваат не само виузуелно, туку и со земјиното магнетно поле. Таа твоја спиритуалност е маглата во која си изгубен. А бидејќи не можеш да го сетиш магентното поле на Земјата... изгубен си, тотално.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Иди една лоботомија да ти направат тогаш, не ти треба десната половина од мозокот. :)
Спиритуалноста е магијата без која си скоро мртов.
Ама тоа е, жалам што е така кај тебе...............се шалам :)
Не е сигурно така :), не пробуј да убиеш дел од тебе.
Не е срамота да признаеш дека имаш срце.
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 22:17 ---
На твоите аргументи адекватен одговор се само тие симболи... некако друго ништо не ми текнува...:D
Ама кој те прашуе што тебе ти текнува :).
А за аргументите некој друг пат, тоа беше само теза ;)
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 22:21 ---
ќе го изгледам видеото, пред тоа ќе биде ли срамота да те прашам како си определен религиозно?:) ако треба и јас ќе кажам, не ми е проблем
Никако не сум определен, нешто помеѓу агностик и гностик да речеме :).
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 22:33 ---
Сите физички закони се во прилог на абиогенезата, а ниту еден против!
Сите закони освен твојата фаворизирана логика и здрав разум :)
Дури и математиката е на твоја страна, шансите да се деси абиогенезата(по некоја случајност) се 1:10 на 100 од прилика....добри шанси има, мора да признам.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Иди една лоботомија да ти направат тогаш, не ти треба десната половина од мозокот. :)
Спиритуалноста е магијата без која си скоро мртов.
Ама тоа е, жалам што е така кај тебе...............се шалам :)
Не е сигурно така :), не пробуј да убиеш дел од тебе.
Не е срамота да признаеш дека имаш срце.

Сите закони освен твојата фаворизирана логика и здрав разум :)
Дури и математиката е на твоја страна, шансите да се деси абиогенезата(по некоја случајност) се 1:10 на 100 од прилика....добри шанси има, мора да признам.
Ако мислиш дека во десната хемисфера на мозокот е сместена само спиритуалноста и ништо друго...no comment.
Спиритуалноста и магијата се илузии за живи луѓе. Некои сериозно веруваат во тие илузии. Ти си еден од таквите. Ништо страшно, има и полошо...

Тоа расфрлање со неверојатно мали бројки за веројатноста за абиогенезата е погрешно во старт - пробај изведи ми ја таа математика, па веднаш ќе ти докажам каде грешиш (и ќе ти ставам кец). Не дека мене прв ми текнало, има попаметни луѓе што пред мене ја провалиле финтата. Јас само читам што напишале паметни луѓе. Веројатноста е мала, но не е толку екстремно мала колку што си напишал. А секоја веројатност што не е екстремно мала, итекако може да се случи еднаш во временски период од неколку стотина милиони години.
 
И јас верував во приказната за постанокот на светот едно време, уствари беше тоа индоктринација од системот. Истиот што не држи во длабоко незнаење, инфантилност и што уште не. Соочи се со вистината, свеста е таа што е причина за живиот свет, не е обратно. Ти си живиот пример, ама што да ти кажам.....твој е патот за одење.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Простете, неможам да се воздржам, толку е смешно! :vozbud:

Верниците тотално се губат и атеистите им јадат трици како цел свој живот се слепи и опседнати со невидлива бајка која им го преџвакала мозокот; а после гледаш атеисти кои го прават тотално истото само спротивно - со материјалност, докази, yadda yadda!
Верниците алергични на зборот 'доказ' - тотално селективно читаат информации; јаките атеисти смртно уплашени од зборот 'догма', распад на личноста доживуваат кога ќе се спомне.
А сега да го преточам моето моментално просветление во доказодогма:
Дури бизарно е колку сте подеднакво арогантни, манијакални, фанатични, one-sided, и ограничени. Тотално ист левел. :icon_lol: :icon_lol:

Инаку, јас сметам дека има атеисти кои дошле до својата концепција преку негирање на вера, религија, духовна институција, атеисти чиј пат бил на научна база, и остали видови. Зашто би немало и поинакви.
И патем кажано. Да, постои голем спектар на луѓе помеѓу теист и атеист. You see, точно е дека на светов и во природата постојат поларитети, ама тоа не значи дека можеш така наивно да ги аплицираш секаде, особено не на човечкото суштествување.

:icon_lol:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Простете, неможам да се воздржам, толку е смешно! :vozbud:

Верниците тотално се губат и атеистите им јадат трици како цел свој живот се слепи и опседнати со невидлива бајка која им го преџвакала мозокот; а после гледаш атеисти кои го прават тотално истото само спротивно - со материјалност, докази, yadda yadda!
И што кажа сега...

Јас мислам дека e во мода да се блада против материјализмот... Хипстерска работа.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
И што кажа сега...

Јас мислам дека во мода да се блада против материјализмот... Хипстерска работа.

Фино знаеш што кажав, ама у мода е да бидеме буквалисти. :icon_lol:
Поентата е таа, различно е хартиивчето.

Па, да заклучиш дека бладам е навреда за твоите когнитивни способности.
Но ако си навреден, многу ми е жал, не сум заинтересирана за тебе па не планирав да те навредам; си помислив дека е штета да се заколете а не сфаќате дека ко браќа од различен татко. ;) Океј? :icon_lol:
 
Те сфатив јас, само погрешно се изрази. Не сум навреден, далеку од тоа, не знам од кај го доби тој впечаток. Малку сум иритиран, читајќи ве низ форумов... една багра хипстери/псевдо-интелектуалци кои постојано ни објаснуваат како сите ние сме closе-minded и индоктринирани а тие се освестените, ние сме подеднакво ограничени а тие се над нас, и така...

Мислам, досадно стана.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Те сфатив јас, само погрешно се изрази. Не сум навреден, далеку од тоа, не знам од кај го доби тој впечаток. Малку сум иритиран, читајќи ве низ форумов... една багра хипстери/псевдо-интелектуалци кои постојано ни објаснуваат како сите ние сме closе-minded и индоктринирани а тие се освестените, ние сме подеднакво ограничени а вие сте над нас, и така...

Мислам, досадно стана.

Извини, никако не можам да те разберам како доаѓаш до заклучоков поврзан со хипстери. Постои хипстерски правец во носење заклучоци? Или нешо сликичката од лево те буни? o_O

Од 2005 сум на форумов.
Те молам не ме ставај во багри и категории по инерција, тоа е многу некултурно и незрело. Сигурна сум дека не си седнал да исчиташ се што постои од мене на кајгана.
Еве ќе те упатам: долги, доолги времиња бев настрана од ваквите теми и ним слични, ама ете утрово ептен ми дојде ќејф да кажам нешто што на некој кој е надвор од ситуацијата (нити му се засегнати личните вредности, ставови, убедувања, ниту пак е емоционално вклучен) му е мошне очигледно.
Сфаќам јас све тоа колку ви е вам сериозна темава, ама неможете да го негирате ироничниот/комичен аспект чисто ради прчење нос во лутина. :icon_lol:

Биди објективен како што делуваш дека знаеш да бидеш, и размисли дали можеби било кој дошол до тоа сознание ако се стави во улога на неутрален набљудувач кој има неповторлива шанса да согледа новини во ситуација која вие сте ја исцрпиле, веќе немате појма ни сами колку.
Толку за тоа. :X3:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Од 2005 сум на форумов.
I'm impressed. :cuc:

Одвај те дочекавме со твојот Хегелијански ум да ги обединиш спротивностите, да го споиш неспоивото и од висините на твојата убер логика дa ни го покажеш патот.

Амин.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
И што кажа сега...

Јас мислам дека e во мода да се блада против материјализмот... Хипстерска работа.
Хахахах против органските портали.
Да не се затекна загрозен?
И мора да ти признам ова хипстер ти е закон. (y)
Самиот збор ја мења реалноста дури, вака пишан нема
толкав ефект.....ама не е лошо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom