Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
За неверник незнам,али треба да ти фали жичка или да си со значително оштетен/намален слух за да уживаш во метал.И дај не го ставајте стариот добар рок во иста реченица со тоа срање.

Срање нели?

@ZOTE @Православен 1995 и остали што сте против оваа музика. Прво објаснете ми каква врска има музиката со религијата. Второ, кај сте слушнале во песна на Нирвана, Курт Кобејн да повикува пример да убиваш луѓе или да палиш цркви? Трето, сте ѕирнале некој спот од Ники Минаж, па кажувате дека рок и метал музиката ја расипува младината и повикува на сеопшта оргија?
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Не е проблемот во музиката, оти музикалноста е вродена човекова потреба и дар. Проблемот настанува кога преку музиката, извесни центри на моќ, се обидуваат, а многу и им успева, преку музиката да ни‘ подметнат нешта за кои музиката не е создадена, почнувајќи од идолатрискиот однос на слушателите кон музичките изведувачи па се‘ до подметнување новокомпонирани човекови миудрости и конечно, подметнување сатанизам. Од комерцијално достапните музички правци, токму рокот, особено хард рокот и неговиот дериват, познат како „хеви метал„ се нај очигледните начини за подметнување на сатанизмот кон аудиториумот. Доволно е да ја погледнеме иконографијата со која се служат „рок„ и „метал„ групите се‘ станува јасно до очигледност, почнувајќи од имињата на нивните бендови, гардеробата, имиџот па преку текстовите, начинот на изведување на музиката и конечно, нивните настапи пред публиката.
Ај не треси зелени, без навреда...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Зошто ја тупите волку незнам и не ми е јасно :) Малце разум луѓе оттргнете ги влијанијата што ви се буричкаат во глава од црквата, од стереотипови и сл. Чист разум... Музиката се базира на звук тоа знаеме, звукот содржи вибрација тоа е докажано уште многу одамна заради таа вибрација и војниците не маршираат на мост и оркестар не свири по мост итн. Има уште безброј експерименти како звукот преку неговата вибрација делува на материјата. И ние сме материја ткивата ни се материја а целите сме од ткива изградени. Како нај флексибилна форма на планетава е водата, течна агрегатна состојба. Нашето тело е во поголем процент вода. Кога една музика е пријатна на сите ни е јасно дека е пријатно и убаво делува, кога една музика е напната исто така тоа допира до нас. (Не се работи за текстот што е во песната се работи за вибрацијата пр. за напнат метал да ти е пријатен за слушање треба да си таков едноставно.)
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Ај напиши нешто паметно. Без навреда, нормално...
Вака, од тие работи што ги пиша сфатив дека нема поента да ти докажувам зошто огромно мнозинство метал бендови не подметнуваат сатанизам (настрана од Блек метал кој е отворено сатанистички) и дека повеќето од нив се или атеисти или христијани, и дека во 95% од металот се обработуваат теми од секојдневниот живот а не од некое измислено ѓубре од "религија" (ако смеам сатанизмот така да го наречам).
BTW, Брус Дикинсон повеќе ќе каже во една песна одошто било кој од нас во целава тема.

Поздрав, не планирам ништо повеќе да докажувам, што сакаш мисли си, сепак е демократија. И заборавив да напоменам, бегај од глем металци, ќе те жртвуваат на ѓаволот на полна месечина.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Ако ти имаш вера во Господ Исус Христос како христијанин тогаш си верник.
Јас така размислувам за христијаните.
Слушање на некоја музика не те прави неверник, но ако свесно пееш за смртта или сатаната тоа е како славење на сатаната. Како што некои Го слават Бог но тука во обратна насока.
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Комплетно се сложувам. А општо веќе, некој ако го сака стилот на black metal а е верник, има unblack metal. За се има алтернатива...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Се нaметнувa и спрoтивнoтo прaшaње - дaли aкo не слушaме рoк/метaл сме верници:confused::eek:?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Невообичаена е комбинацијата меѓу Мизар(рок) и Хармосини(византиско).
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Ако не верувате во Аллах и/или Исус Христос, во „втора смрт“, пекол и други работи запишани во светите книги на исламот и христијанството (предадени и учени од старо-еонските школи) - и да слушате византиско пеење, да слушате и грегоријанско пеење или пак суфи музика - пак ќе бидете неверник за оние кои веруваат во тие свети книги.

Може да бидете „грешник“ ако верувате во овие свети книги и зборовите изнапишани таму и да слушате ваква музика - и тој епитет ќе ви го даде некој друг, дел од „црквата“ од која сте дел по ваша волја.
Тука веќе не можете ништо бидејќи ние - луѓето, сакаме да покажуваме со прст наоколу :)
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Само ако слушаме турбо фолк. Се останато што е добро, квалитетно компонирано е Боженствен нектар и добро е да се слуша.[DOUBLEPOST=1450621920][/DOUBLEPOST]Музиката е уметност, а уметноста е креација. Креацијата е особина на Креаторот, секој што создава уметност се ослободува од тоа што е во него, болка, задоволство, тага, среќа. Сите тие се едно исто само со спротивни вредности. Доколку некоја музика не ти го заморува умот и не ти тежи на нервите и после не ти бучи главата слушај. Искрено мислам дека метал музиката има своја душа и зад сиот текст и аражман се крие малку повисоко ниво на интелигенција.

Ама денес по веродостојно е да се слуша музика за некоја не преболена љубов која спиела една ноќ со неговиот најверен другар, па тој одлучил да пие цел ден во кафана, одколку нешто што може да ти отвори хоризонти и направи да се почувствуваш по убаво, допрено и квалитетно.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.463
Поени од реакции
2.484
Нема врска тоа дека металот и рокот се сатанистички (со исклучок на Блек Метал)
Иначе има и христијански метал бендови со христијанска содржина , слушнете подолу.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Постои и ,,Христијански" Блек метал не само сатанистички. Како што јас знам блек металот ,,РЕволуира" во Норвешка како револуција против религијата, ама многу бендови имат и друга филозофија, а не само сатанистичка. Традицијата на еден народ е таа како гледа на работите дечко. Еден бенд и да пее за митски суштества, бабите ќе кажат, еее не слушајте тоа деца гаволска работа е, гаволот ќе го донесете дома. :place:


ОМИЛЕНА :D[DOUBLEPOST=1451036934][/DOUBLEPOST]Јас го сакам Исус Христос, ако некогаш бил, постоел таков каков што е напишано во светите книги, ама не го сакам Христијанството. Дефинитивно Исус е мојот идол, ама црквата (било која) непријател, бидејќи ми забранува да слушам квалитетна музика. А и самиот Исус вели, не е битно што конзумираш, битно е што излегува од твојата уста. :LOL:[DOUBLEPOST=1451037229][/DOUBLEPOST]Демек од треш метал не знам кој бенд беше мислам дека се викаше VENOM почнале да експериментираат со треш звукот и дошле до некој свој стил, кога во интервју ги прашале што жанр на музика свират демек случајно од кутура рекле БЛЕК, БЛЕК МЕТАЛ. И така настанал тој правец. Не сум баш сигурен во ова ама така јас знам.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom