Само неосновани напади. Абре луѓе Божји.. Ги ставате во кошница сите христијани заедно. Не треба така. Христијанството си има свои вредности кои не се за подценување па и затоа е најбројната религиска доминација. Христос Бог,Господ, или Иса, Пророк или не знам што според муслиманите проповедаше љубов,попусливост,смирение,доследност,трпеливост...Како треба да се молиме ни кажува многу јасно со еден случај кој Тој го прераскажал и е многу јасен.
Не треба да кажуваме дека ние сме избраните туку треба вера,понизност,искрена молитва, па макар и еднаш во неделата но од срце молење,не само да не видат дека одиме во Црква,ѓамија,синагога итн. а во срце сме полни омраза. Затоа Тој рекол:
Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?”
9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:
10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник.
11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник;
12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’
13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен.”