Дали Христијаните прават така како што правел Иса а.с. - Исус?

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Добро бе неможе ли нормален муабет да си направите ...
мора ли да употребувате сере, моча, повраќа, клеца итн итн ...
Пикасо ти ли беше тој шо слуша Бах ... ваков ли говор имаат оние кои слушаат Бах ..
дај бидете покултурни ... не ви личи .. :tapp:

@Vlora
не не интересира Мухамед, не не интересира Коран, Ислам на темава ..
задржи се на темата ...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Не е до форумџиите...до религиите е...:toe:
На секоја тема,како и во реалниот живот соживотот и толеранцијата се маски под кои гори желбата да се докаже дека “оние“ од другата религија - грешат.
Монополт врз “вистината“ кој е содржан во сите религии е механизам кој неможат да го надминат.
Ако го надминат тоа би значело дека нивната религија не ја содржи вистината...дури и полошо ќе ги однесе накај атеизам...
Попусти се апелите за разумност бидејќи религијата и разумот се два света,секој за себе...

Религијата е зло кое ги дели луѓето,служи за индоктринација на пасивност и елиминација на критичкото мислење и ја лимитира перцепцијата за реалноста до многу ниско ниво.

Џабе ќе се трудиш и ќе бришеш, членовите САКААТ да се докажуваат кој е во право и на чија страна е “вистината“...тоа ти е...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не не прават.Прават делумно,онолку колку што им одговара.Затоа вербата станува толку лицемерна денес.
Патем храната,бројот на молитвите во денот или постот не те прават верник во права смисла на зборот.Тоа се само пропратни дејствија,како симболи.Ама убаво било кажано,каде ти е богатството таму ти е срцето.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не не прават.Прават делумно,онолку колку што им одговара.Затоа вербата станува толку лицемерна денес.
Патем храната,бројот на молитвите во денот или постот не те прават верник во права смисла на зборот.Тоа се само пропратни дејствија,како симболи.Ама убаво било кажано,каде ти е богатството таму ти е срцето.
Правењето на истите работи кои ги правел некој пророк пред 2000 или 1400 годиниво денешно време би значело потреба од копи-пејст на историските,социјалните и економските услови на тоа време.Или резултатот би бил приведување во соодветна институција...
Од друга страна би можело да се расправа за некои си вонвременски и вонпросторни, универзални вредности кои наводно се состојат во учењата на пророците.
До сега поминале 2000 години за христијанството,1400 за исламот и 3200 за јудаизмот.
Сосема доволно време за некаква универзална вредност да најде пат до срцата и умовите на луѓето.
Може исто така да се настапи со тврдење дека рајата е грешна-несовршена-ограничена па не ги гледа религиските вредности...
Да скратам, ако нешто е како што треба за 2 или 3 МИЛЕНИУМИ би требало да профункционира.

Она што навистина и без сомнение функционира се бескрајните поделби,војни,лоботомии,борба за моќ,експлоатација,власт и тотално пореметување на перцепцијата.

Заклучокот неминовно се наметнува - религијата е ЗЛО !

Џабе е...ете на која тема воопшто некогаш верниците дошле до некаков конзензус или барем взаемно респектирање?
Прво што гледаат е да го вреѓаат и понижуваат оној од “другата страна“...или да го убедуваат дека неговата религија не е вистинската.
Секогаш ставот (во најдобар случај) ќе им е “еве да испаднам културен и фин, па да напишам дека се ок овие другиве“ а во исто време се убедени дека нивната религија е во право...

Во најлош случај се посегнува кон други методи за “убедување“...
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Само неосновани напади. Абре луѓе Божји.. Ги ставате во кошница сите христијани заедно. Не треба така. Христијанството си има свои вредности кои не се за подценување па и затоа е најбројната религиска доминација. Христос Бог,Господ, или Иса, Пророк или не знам што според муслиманите проповедаше љубов,попусливост,смирение,доследност,трпеливост...Како треба да се молиме ни кажува многу јасно со еден случај кој Тој го прераскажал и е многу јасен.
Не треба да кажуваме дека ние сме избраните туку треба вера,понизност,искрена молитва, па макар и еднаш во неделата но од срце молење,не само да не видат дека одиме во Црква,ѓамија,синагога итн. а во срце сме полни омраза. Затоа Тој рекол:

Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?”

9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:
10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник.
11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник;
12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’
13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен.”
 
Член од
7 јуни 2010
Мислења
110
Поени од реакции
7
Правењето на истите работи кои ги правел некој пророк пред 2000 или 1400 годиниво денешно време би значело потреба од копи-пејст на историските,социјалните и економските услови на тоа време.Или резултатот би бил приведување во соодветна институција...
Од друга страна би можело да се расправа за некои си вонвременски и вонпросторни, универзални вредности кои наводно се состојат во учењата на пророците.
До сега поминале 2000 години за христијанството,1400 за исламот и 3200 за јудаизмот.
Пак ќе потсетам оти некој бега од темата како лет 3 кој ме прашува зошто ако ние муслиманите сме го следел исус не сме пиеле вино оти сме се женеле.

Ние не треба да ги правиме копи паст работите од типот на тоа што јадел најмногу пратеникот, кое време во текот на дено одел во ВЦ и др. Јас прашувам за верските обреди. Јас прашувам зошто христијаните верските обреди ги прават потполно различно од она што го правел Исус? Да не ги повторувам по илјада пати работите! Секако дека не очекувам одговор!

--- надополнето ---

Ако исламот го почитува Исуса тогаш нек се присети и на зборовите на Исус:

Оти ќе се појават лажни христоси
и лажни пророци, и ќе покажат
големи знаци и чуда, за да ги
прелажат ако е можно, избраните

Матеј 24:24
Ова за павле и петар може да се однесува!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ова за павле и петар може да се однесува!
За секој после Исус се однесува.

А кажи ми ти каде опишал Исус верските обреди.
Каде рекол каде треба колку треба да се моли?
Каде опишал како треба да изгледа верник како да влегува и излегува од храмот, што а носи на глава......
Како да се моли дали со поклон дали со клањање, каде да се сврти кога се моли...
Има ли такво нешто од оставено од Исуса? Некое конкретно упатство..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Oва е пред Исуса.
Дали има некое напаствије од Исус како треба да се ноли и клања, како треба да се влегува во храм, колку пати да се моли и колку долхго??
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Кај пишува дека Исус така се клањал?
Исус е бог
ако е исус Бог која е поентата да падне со лице ничкум и да со себе разговара?
 
Dem

Член од
25 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2
Кај пишува дека Исус така се клањал?
Исус е бог
ако е исус Бог која е поентата да падне со лице ничкум и да со себе разговара?
Па исклучиго тоа дека бил бог и поентата ќе си биде во ред.
 
Член од
7 јуни 2010
Мислења
110
Поени од реакции
7
Кај пишува дека Исус така се клањал?
Исус е бог
ако е исус Бог која е поентата да падне со лице ничкум и да со себе разговара?
Еве матеј што вели за клањањето на Исус:

„Се одалечи малце понастрана, ја спушти главата на земја и почна да се моли“ (матеј 26:39)

Сега виде дека се клањал со лицето ничкум. После ова и јас тебе те прашувам која е поентата - на кој му се клањал со лицето ничкум на земја? самиот на себе? -не ми се верува!

Еве ти матеј и за апостолите што вели:

„Кога апостолите слушнаа за ова, се фрлија од страв со лицата свои на тлото“ (матеј 17:6)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Еве матеј што вели за клањањето на Исус:

„Се одалечи малце понастрана, ја спушти главата на земја и почна да се моли“ (матеј 26:39)

Сега виде дека се клањал со лицето ничкум. После ова и јас тебе те прашувам која е поентата - на кој му се клањал со лицето ничкум на земја? самиот на себе? -не ми се верува!

Еве ти матеј и за апостолите што вели:

„Кога апостолите слушнаа за ова, се фрлија од страв со лицата свои на тлото“ (матеј 17:6)
Aj Нешто да те прашам. Ти муслиман си (Ако грешам испрај ме).
Шо те интересира зошто се извршуаат религиозни пракси у некој друга религија? Не ти ја гледам поентата? Целта на муабетов? Шо корист ти имаш од ова? Нешто ново сакаш да научиш? Чисто се сомневам...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Еве матеј што вели за клањањето на Исус:

„Се одалечи малце понастрана, ја спушти главата на земја и почна да се моли“ (матеј 26:39)

Сега виде дека се клањал со лицето ничкум. После ова и јас тебе те прашувам која е поентата - на кој му се клањал со лицето ничкум на земја? самиот на себе? -не ми се верува!

Еве ти матеј и за апостолите што вели:

„Кога апостолите слушнаа за ова, се фрлија од страв со лицата свои на тлото“ (матеј 17:6)
Mатеј не опишува обредно , ритуално молење туку момент на смртна жал, имено Исус со учениците оди во Гетсиманија и знаејќи дека се ближи моментот на смртта вели

38 Тогаш им рече Исус “Смртно е нажалена мојата душа
останете тука и бидете будни со мене“

Е сега ако приметиш Исус се молел не редовно или обредно туку во момент на голема жал па и страв од сигурната блиска смрт. Не се молел во храм туку надвор на отворено не се молел дење туку ноќе и не се само помолил туку саат време паднат ничкум се молеше (Во Библијата на Македонската православна црква пиши дека паднал ничкум а не како што ти велиш со ЛИЦЕТО ничкум) што значи дека можда и легнал спружен со телото на земја.

Од како му поминала смртана тага Матеј вели дека Исус отишол и се помолил два пати али не споменува дали клекнат, седнат, чучнатт, спружен, исправен.....

Во вториот цитат не стои дека со ЛИЦАТА СВОИ туку стои:

“И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија“

Тие не се молеа тие не клањаа само кога го слушнаа гласот божји од страв паднаа

Скоро секој кој знае дека му следи блиска и несомнена смрт нема да следи правила и процедур и веројатно како Исус ќе падне ничкум и ќе плаче, кука, вика .... можеби 2 - 3 сати

Примерот кој ти го даваш не е некое правило воспоставено од Исуса како треба да се моли, освен можеби како треба да се моли некој кој ќе биде уапсен и предаден многу брзо па осуден камшикуван и распнат н акрст.
Во таков случај можеби е тоа правилна молитва а не за секојдневни молитви кон Бог.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom