Дали Христијаните прават така како што правел Иса а.с. - Исус?

Член од
7 јуни 2010
Мислења
110
Поени од реакции
7
Ние муслиманите велиме дека Иса а.с.-Исус бил муслиман (муслиман-покорен, предаден на Бог) вие велите дека бил незнам и јас што да кажам.

Е сега, зошто ги правите работите (павлесијанство) кои не ги правел Исус и кои не ги велел и обратно!

Не се следи Исус!

Еве:

1:Исус никогаш не јадел свинско - вие јадете

2:Исус носел брада од верски причини-ние носиме (кај нас е сунет; обврска од пратеникот) а вие не! ако алудирате на поповите, тогаш зошто сите свештеници во христијанството освен православните не носат?

3:Исус скоро никогаш не влегувал во Храмот без Јармулк(Верско капче)-Муслиманите носат исти такви капчиња кога одат во џамија.Дали Христијаните кога одат во црква?

4:Исусовите ученици одржувале редовни дневни молитви(Библија 3:1)-Муслиманите редовно ги одржуваат 5-те дневни молитви. Дали Христијаните?

5:Исус постел нешто повеќе од еден месец(Матеј 4:2).-Муслиманите постат во месец Рамазан.Дали Христијаните постат некој месец?

6:Исус ги поздравувал луѓето со зборовите“Мирот нека е на вас(Јован 20:23).-Муслиманите се поздравуваат со зборивте “Есселаму Алејкум“ или во превод“Мирот нека е на вас“ што е исто како Исусовите зборови.Дали Христијаните се поздравуваат така?

7:На Христијаните им е наредено да не зборуваат за ништо во иднина без претходно да речат“Ако Бог сака“(Библија 4:12)-Муслиманите секогаш изговараа“Иншаллах“ што значи“Ако Аллах сака“.Го прават ли тоа редовно Христијаните?

8:На Христијанките им е наредено да ги покриваат главите(Коринтјаните 11)-Муслиманките ги покриваат со шамии главите.Дали Христијанките?

Дали исус со своја уста рекол јасно и гласно: јас сум бог, јас сум син божји, јас сум еден од трите лица на господ. Не толкување на милионсмислени зборови.

Исус му се молел на Господ ничкум со главата во земја (во библијата го има), дали тој проповедал христијаните да се молат на нозе со свеќа во раката или да седат во столици и да го слушаат свештеникот?

Дали исус ја прекршил заповедта на Господ кон Муса а.с.-Мојсие:Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение ---

Значи дали тој со своја уста рекол: правете слики од мене, од луѓе други, од ангели и поклонувајте им се и служете му?

Дали Исус проповедал нешто за крстот? Дали на пр. рекол: о верници крстете се со прстите?
Дали рекол за христијанските храмови на нив да се става крст, да се наредат еден куп икони, Дали рекол на нив да има камбани?

Дали со своја уста рекол: религијата која ја проповедам е христијанство, или: да се вика христијанство?

Дали тој својата мајка ја нарекол јасно богородица (значи човек кој родил бог) или дали рекол луѓето да ја викаат богородица?

Исус на Бог му со обраќал со „Еллах“ Вие велите Господ не е Еллах туку е Исус! Зошто не го правите она што Исус го правел?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Многу убаво кажано и убави споредби направени само ај допиши одоздола

Муслиманството е бледа копија на ЈУДЕИЗМОТ и е УКРАДЕНА РЕЛИГИЈА
пошто многу убаво си пиша дека све си имате исто ископирано од евреите
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698

Исламот е изменета верзија на јудеизмот?
Како лоша кинеска копија...
 
Исус е и наш божји пратеник и живеел и му се молел на Господ исто како и ние. Но ме чуди зошто вие живеете и се молите различно од него?

--- надополнето ---

Исламот е изменета верзија на јудеизмот?
Како лоша кинеска копија...
Ако имате аргументи одговорете на прашањата. Постави тема за копии и др. работи и таму ќе дискутираме. Овде ако имаш контрааргумент одговори? А пошто немаш сигурно ќе се префрлаш на други работи
 
S

skywalker12

Гостин
се се глупости.шо ако се молиш?шо ако не јадеш свинско месо?Уживајте во животот и к..р да не ве боли.ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ..(барем сеа засега)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
се се глупости.шо ако се молиш?шо ако не јадеш свинско месо?Уживајте во животот и к..р да не ве боли.ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ..(барем сеа засега)
Уф, брат, 100% си во право... и тоа во заградата.... знаеш, технологијата напредува. :)

--- надополнето ---

Ако имате аргументи одговорете на прашањата. Постави тема за копии и др. работи и таму ќе дискутираме. Овде ако имаш контрааргумент одговори? А пошто немаш сигурно ќе се префрлаш на други работи
Како прво, во религиите аргументите се малку.
Како второ, одговорав на постот на добро познат.
Како трето, во право си, сега ќе добиеш одговор.

Денес поголемиот дел христијани, не следат тоа што правел Исус, (и остали светци), но некогаш следеле. Тоа било се до таканаречените темни години (dark ages).
Откако луѓето се разбудиле, се свестиле и увиделе дека големото влијание на религијата врз нивните животи е лошо (особено за напредокот) полека ги отфрлиле тие обичаи, следења... увиделе дека животот може да понуди многу повеќе отколку религијата.
Не дека не постојат денес луѓе што го прават тоа.... туку тие се многу ретки. И тоа е добро.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Зошто христијаните не одат по вода и не знаат да претвораат вода во вино?
Затоа што муслиманите не се придржуваат кон постапките пророкови...секс со 9 годишни девојчиња на пример...:kesa:
Или сепак се придржуваат ? :vozbud:
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Ние муслиманите велиме дека Иса а.с.-Исус бил муслиман (муслиман-покорен, предаден на Бог) вие велите дека бил незнам и јас што да кажам.

Е сега, зошто ги правите работите (павлесијанство) кои не ги правел Исус и кои не ги велел и обратно!

Не се следи Исус! Муслиманите повеќе го следиме а христијаните воопшто не!
Еве:

1:Исус никогаш не јадел свинско - вие јадете

2:Исус носел брада од верски причини-ние носиме (кај нас е сунет; обврска од пратеникот) а вие не! ако алудирате на поповите, тогаш зошто сите свештеници во христијанството освен православните не носат?

3:Исус скоро никогаш не влегувал во Храмот без Јармулк(Верско капче)-Муслиманите носат исти такви капчиња кога одат во џамија.Дали Христијаните кога одат во црква?

4:Исусовите ученици одржувале редовни дневни молитви(Библија 3:1)-Муслиманите редовно ги одржуваат 5-те дневни молитви. Дали Христијаните?

5:Исус постел нешто повеќе од еден месец(Матеј 4:2).-Муслиманите постат во месец Рамазан.Дали Христијаните постат некој месец?

6:Исус ги поздравувал луѓето со зборовите“Мирот нека е на вас(Јован 20:23).-Муслиманите се поздравуваат со зборивте “Есселаму Алејкум“ или во превод“Мирот нека е на вас“ што е исто како Исусовите зборови.Дали Христијаните се поздравуваат така?

7:На Христијаните им е наредено да не зборуваат за ништо во иднина без претходно да речат“Ако Бог сака“(Библија 4:12)-Муслиманите секогаш изговараа“Иншаллах“ што значи“Ако Аллах сака“.Го прават ли тоа редовно Христијаните?

8:На Христијанките им е наредено да ги покриваат главите(Коринтјаните 11)-Муслиманките ги покриваат со шамии главите.Дали Христијанките?

Друга работа која се однесува на проповедањето.
Кај муслиманите основен Извор е куранот(божјата книга која ангелот габриел му ја предал на Мухаммед с.а.в.с.) а потоа и сунетот (традицијата-предавањето на Мухаммед с.а.в.с. - тоа е се она што тој изрично го дозволил или забранил, се она што молчешкум го одобрил и се она што со неговиот начин на живот ни покажал како треба да биде) Бидејќи Господ ни вели дека пратеникот Мухаммед ни е најголем пример како треба да живееме (во склад со куранот)

Кај христијанството има една друга димензија - се се прави спротивно!

Дали исус со своја уста рекол јасно и гласно: јас сум бог, јас сум син божји, јас сум еден од трите лица на господ. Не толкување на милионсмислени зборови: тку јасно како во куранот?

Исус му се молел на Господ ничкум со главата во земја (во библијата го има), дали тој проповедал христијаните да се молат на нозе со свеќа во раката или да седат во столици и да го слушаат свештеникот?

Дали исус ја прекршил заповедта на Господ кон Муса а.с.-Мојсие:Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение ---

Значи дали тој со своја уста рекол: правете слики од мене, од луѓе други, од ангели и поклонувајте им се и служете му?

Дали Исус проповедал нешто за крстот? Дали на пр. рекол: о верници крстете се со прстите?
Дали рекол за христијанските храмови на нив да се става крст, да се наредат еден куп икони, Дали рекол на нив да има камбани?

Дали со своја уста рекол: религијата која ја проповедам е христијанство, или: да се вика христијанство? ние велиме дека Тој проповедал ИСЛАМ (покорност, предаденост кон бога).

Дали тој својата мајка ја нарекол јасно богородица (значи човек кој родил бог) или дали рекол луѓето да ја викаат богородица?

Исус на Бог му со обраќал со „Еллах“ , ние муслиманите му се обраќаме со „Аллах“ - тоа во превод значи: „единствен бог“ . Единствена разлика меѓу Еллах и Аллах е првата буква која се однесува на јазичните разлики меѓу арапскиот и арамејскиот јазик! Вие велите Господ не е Еллах туку е Исус! Зошто не го правите она што Исус го правел?

Во куранот до детали јасно се разработени сите работи! Исто проповедал и Исус, но павла....
1. Од кај знаеш ти дека исус не јадел свински, во библијата никаде не пишува дека свинското е забрането.
2.Сите муслимани ли носите брада? Верските лица во христијанството носат брада (поповите,свештениците,монасите) а за другите никаде не е кажано дека треба да носат брада.
3.Не влегувал исус со капче во храмот, ако си гледал ти на филм тоа е друго.
4.Тоа е индивидуално прашање, дали сите муслимани се молат 5 пати на ден. Во христијанството со молитвата се заблагодаруваш на бог за неговите добрини, или побаруваш нешто од него, се молиш за ближните, за проштевање итн.
5.Во Христијанството има Божиќни пости, велигденски пости, пости за прочка и други некои кои не ги знам. Најдолгиот пост е 40 дена. Исто така се пости и секој петок.
6.Тоа е благослов за спокојство во народот, не било никаков посебен поздрав.
7.8.Како тоа 'им е наредено' христијанството ништо не наредува, десете божји заповеди се тие кон кои се придржува христијанството. Ако сакаш почитувај ги и биди праведен христијанин, ако не никој не ти наредува ништо.

И како може да проповедал ислам? Христијанството настанува од Исус а после 300 години настанува Муслиманството.

--- надополнето ---

Зошто христијаните не одат по вода и не знаат да претвораат вода во вино?
Затоа што муслиманите не се придржуваат кон постапките пророкови...секс со 9 годишни девојчиња на пример...:kesa:
Или сепак се придржуваат ? :vozbud:
Да знаеш дека од вода вино што незнаеме да претвараме многу ми е криво :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
И како може да проповедал ислам? Христијанството настанува од Исус а после 300 години настанува Муслиманството.
Да те поправам, исламот настанува 600 години после христијанството. :)
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Да те поправам, исламот настанува 600 години после христијанството. :)
Епа за 600 години треба да очекуваме муслиманството да дојде на рамниште на денешното христијанство, а тогаш ние којзнае колку напред ке отидеме :)
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Што сакаш да докажеш со споредбиве, кои поголем број ти се неточни дури и глупи. пример:

-исус не јадел свинско- кај си го прочитал ова дека исус НЕјадел свинско или пак јадел, или пак јадел крави??
-за брадата 80% од муслиманите не носат бради(ова го гледам зошто стално сум низ тетово) освен вахабистите кои задолжително носат
-Исусовите ученици одржувале редовни дневни молитви и христијанските свештеници одржуваат редовни дневни молитви.
-Дали Христијаните постат некој месец? да постат: пред велигден, божик и други поголеми празници.
.........................
Ако сакаш да докажеш дека муслиманите повеќе се придржуваат и ја почитуваат верата мене не можеше да ме убедиш зошто гледам со свои очи како живеат, еве ти неколу примери:
90% пиат алкохол ко сунѓери кога ќе им се укаже прилика, за дрога да не зборуваме што се се дешава низ западна македонија, проституција ....... па нели овие работи им се забранети на муслиманите. За ова со свинсково а бе стално се по македонски кафани на ќебапи иако знаат дека дека во нив има и свинско, баш пред недела дена бев во кафана со двајца другари кои се муслимани си нарачавме мешана скара увијачи свински со сланина, бивтеци....... се свинско, јас коњак тие по два не можев да ги стигнам.

Сакам да кажам дека повеке правилата на ниедна религија не се почитуваат во целост и мислам дека тоа е добро. Животот е прекраток за да се живее според правила кои ги напишал некој си човек пред векови наназад.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Би било добро пред да дискутирате на одредена тема малку да си го освежите знаењето (Google на пример)

Доколку се ослободиме од предрасудите и величењето на своето и негирањето на се останато може да ни се случи да ни се отворат очите да ја согледаме вистината и да сватиме дека цело време сме верувале во глупости. Голем број членови на форумов воопшто не си ја познаваат својата религија (ни од историски ни од религиски аспект), а упорно се спорат со се што се разликува од нивните уверувања.

Наспроти општоприфатеното мислење дека евреите се првите монотеисти, историски гледано тие често скршнувале од верата во ЕДИНСТВЕНИОТ, се оддавале на идолопоклонство, па пророците често морале да интервенираат и да ги враќаат на правиот пат. Дури и божјите заповеди укажува на тоа. "Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене".

Низ целиот Стар завет кај христијаните (Тората кај евреите) се проткајува една семејна лоза (машка линија). Интересно станува кај Аврам (Abraham, Avraam). Тој и неговата жена Сара долго време не можат да имаат деца. Па според тогашните закони Сара дозволува Аврам да има дете со нејзината слугинка. Детето се вика Ишмаил (Исмаил). По некое време затруднува и Сара и се раѓа Исак. На 99 години Аврам има обраќање од Бог во кое добива наредба да се обреже, како и да бидат обрежани сите машки членови од неговиот клан (возрасни, деца, робови). Аврам и Исмаил(тогаш 13 годишен) се обрежани во еден ден. Исак е обрежан на 8 ден од раѓањето. Затоа евреите се обрежуваат на 8 ден, а муслиманите на поголема возрас.

Во стариот завет се следи само семејната лоза на Исак (евреите).
Пророкот Мухамед потекнува од семејната лоза на Исмаил (муслиманите).

И муслиманите и евреите и христијаните го сметаат Аврам за свој предок.

Исус се раѓа како евреин, на 8 ден е обрежан според еврејскиот закон, носи молитвено капче, ја исповеда еврејската (јудеизам) вера, распнат е на крст како евреин и положен е во гроб како евреин. Во ниту еден момент Исус не проповеда нова религија, дури и самиот (според Новиот Завет) вели дека ниту една буква од законот (еврејскиот религиозен) нема да биде сменета. Следствено на тоа Исус ги почитува еврејските закони и не конзумира свинско, а и друга храна која е забранета со еврејскиот закон.

За разлика од тогашните еврејски свештеници кои на сметка на "законот" го занемаруваат "човекот" , Исус во центар на своите проповеди ја има љубовта, простувањето, разбирањето....го има "човекот".

За ширење на христијанството како религија најзаслушен е Павле (Савле) кој христовото учење почнува да го шири и меѓу неевреите. Благодарејќи на напливот од различни култури и различни предходни верувања на преобратените христијани, христијанството се повеќе губи од своите корени, и прераснува во она што го имаме денес. Микс од религиозни догми и верувања со изгубена суштина. Пораките на Исус за почит, за љубов, за проштевање, за толеранција....денес се само реченици кои се изговараат од празник на празник но не се применуваат....дури и од оние што го пропагираат христовотo учење.

570 години по раѓањето на Исус се раѓа пророкот Мухамед. Тој го проповеда јудеизмот и неискривеното христијанство (Ислам или неискривена односно некорумпирана вера). Во тоа време јудеизмот и христијансвото се далеку од своите изворни корени. За разлика од пророците пред него, Мухамед покрај со духовните закони, се зафаќа со реформа на опшеството во кое живеел и утврдување на световни закони. За жал умира без да остави директен наследник. Како и многупати предходно (ист е и примерот на христијансвото) Исламот од религија на љубов, мир, разбирање се претвора во религија на моќ искористена од поединци за остварување на лични амбиции и држење во покорност на обичниот човек.

Поради крутите норми и правила исламот не е до толку подложен на искривување како христијанството но сепак и тој ја загубил својата суштина.

Според светите книги БОГ-АЛАХ-ЈАХВЕ (или наречете го како сакате) е твотрец на се, но и христијаните и муслиманите и евреите тоа го игнорираат и се навредуваат меѓу себе, се повредуваат меѓу себе се убиваат меѓу себе....ја уништуваат божјата креација.

Почнете да се почитувате...еден ден ќе сватите дека има повеќе сличности кои не поврзуваат отколку разлики што не делат....бидејќи основата на секоја религија е љубовта кон БОГ, а најдобар начин да ја изразите таа љубов е да ја сакате и почитувате неговата креација.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Или како што би кажал чичко Ниче "Последниот христијанин беше распнат на крст". Не е доволно само да се декларираш себе си како христијанин или муслиман или евреин или марсовец....

Да зборувам на сите човечки
јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар
што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

Да имам пророчки дар и да ги
знам сите тајни, да ги имам сите
знаења за сите работи, а и така силна
вера, што и планини да преместувам,
- ако љубов немам, ништо не сум.

И да го раздадам целиот свој
имот, да позволам телото да ми изгори,
- штом љубов немам, ништо не ми користи.

Љубовта е долготрпелива, полна
со добрина, љубовта не завидува,
љубовта не се превознесува, не се
гордее,

не прави што е непристојно, не
бара свое, не се срди, не мисли зло,

на неправда не се радува, а на
вистина се радува,

се` извинува, во се` верува на
се` се надева, се` претрпува.

Љубовта никогаш не престанува,
а другото, ако се пророштва, ќе
престанат; ако се јазици – ќе замолкнат;
ако се знаења – ќе исчезнат.

Оти по нешто знаеме и по нешто
пророкуваме;

а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.

Кога бев дете, зборував како
дете, како дете мислев, како дете размислував;
а кога станав маж, го
оставив детинското.

Сега гледам нејасно како во
огледало, а тогаш – лице во лице; сега
знам нешто, а тогаш ќе знам како што
сум познат.

А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта;
најголема меѓу нив е љубовта.

Ова се зборови на Павле

а денес во религиите има се осем љубов
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Све све , само не ми е јасно како ке сакаат "нешто" од кое се плашат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom