Дали Македонија заслужи два клуба во новиот формат на Лигата на Шампионите?

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Па Лига Европа/ЕХФ куп/какоидаќесевика, ќе биде појака од Лигата на Шампионите како стојат работиве.

Тежок моронизам е оваа одлука да го скратиш бројот на учесници од лигата на 16 екипи. Се стремат да станат ко Евролига во кошарка. А откако Евролигата во кошарка се затвори, квалитетот на кошарката у Европа отиде у бездна.


Но за жал тоа е она што ќе го гледаме следните неколку години, затворени приватизирани лиги, кои ќе станат досадни после неколку сезони па тогаш ќе мора да се вратат по старо.
Однапред се извинувам за офф топик

И си ама и не си у право, барем според мене.
Што мислиш, зашто НБА лигата е најдобра и најквалитетна кошаркарска лига у свет ?
За на ниво на цела Европа е малце тешко да се збори за ракомет, но ако на ниво на балкан, спојување на Ракометната лига и правење 1 ЕЛИТНА лига од каде што ќе нема ниту Испаѓање ниту Влегување на нов тим, Исто како во НБА, значи тимот ти е франшиза и има загарантирано место во таа лига, квалитетот на ракометот на балканот ќе рипне минимум за 100%. Повеќе публика, повеќе пари, повеќе атракција. Ќе биде доста по добро за гледање, по квалитетно, со повеќе спонзори, повеќе финансии. Затворена и приватизирана лига во стилот на НБА, во случај на Европа би идело некако вака:
Европа има 44 држави.
Од тие 44 држави, пола ако не и повеќе баш ги заболе за ракометот, а и реално не ни имаат никаков ракомет.
Ја делиш Европа на 2 дела (Исток-запад/Север-Југ) небитно.
Ставаш по 20 тимови во група. Се Игра регуларна сезона, најдобрите 4 или 8 од тие 20 тима идат даље у Плеј Оф - По Еден Натпревар. Организираш Фајнл Фор, (Најдобрите 2 тима од Исток против Најдобрите од Запад). По 1 Натпревар нормално.
Ова е само на кратко, од врв на глава што ми дое. Исто може и во 4 дела / Конференции да се подели. Па најдобрите 2 од конференција или најдобрите 4 да идат во некој си плеј офф.
Тогаш нема да имаш НИКАКВА потреба од Лига Шампиони и слично. Веќе ЕЛИТАТА на ракометот во Европа ќе ти биде направена со Стабилни и големи Франшизи. нема да може тим да искочи, нема да може тим да влезе.
Сега нормално,Држави како Полска, Германија, Македонија, Унгарија итн. Ќе имаат и повеќе од 1 претставник, ама држави што немаат ракометна култура, и немале у последниве 10 години претставник во Лш, нема потреба уопште да бидат земени во таа лига. Сепак, ќе се бира Кремот во Европа. Ти пак секоја држава ќе си има по лоу левел лига. Ама сите добри играчи што ќе се докажат, ќе си идат „Про“ во некој од големите клубови во таа „Елитна Лига“.
А и реални да бидеме, И така и така во Лига Шампиони генерално се секогаш истите тимови.
Решението не е да се намали бројот на тимови во Лигата на Шампионите, со тоа си у право дека ќе се намали и квалитетот и ЛОШО ќе се приватизира тоа натпреварување. Но Ако се направи како што треба, ако се земат најдобрите 30-40 тима у европа и се напраи ЕЛИТНО натпреварување, и повеќе пари и поголема популарност и повеќе атракции ќе има на терен а и на трибина.
Сепак, не е исто, се виде и на вардар и на металург дека МНОГУ повеќе публика има за ЛШ отколку за Сеха Лига. А да не праиме муабет за нашава прва лига...

Океј, извинете шо ве угњавив со фантазии... :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom