Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Христос е змијата - Луцифер,
што го ослободува човештвото од стегите на злиот Демиург,
ционистичкиот Јехова
од "стариот завет".
Одлучете се по која книга ќе се водите.
Отецот на Исус е непознат Бог.
Не е чудовиштето од стариот завет.
Христос е Синот на Живиот Бог, Отец, Пантократор, и го направи она што не успеа Адам, слободно, личносно да го поврзе човекот и сето создание со Бог.
Така во тој случај, Адам ќе станеше Адам Христос, бог по благодат(Божјата енергија), што е призив од Бог и за сите нас. :)
Автоматски споено мислење:

Што да прочитам?
Со кого се женеле синовите на Адам?
Со кого се женеле внуците на Ное?
Зарем тоа не е инцест?

Повторно не одговори како можело во тој кораб да се сместат толку животни заедно со храна и вода за сите. Го избегнуваш тоа прашање затоа што нема одговор.
Околу инцестот:
После потопот Сем тргнал на запад, Хам на југ, Јафет на исток. Се разделиле. Значи дека нивните синови се женеле со своите сестри.
Провери си го податокот колку луѓе живееле пред потопот. Не е можно да биле 8 милијарди. Од Адам до Ное се само (околу) 10 генерации.
Библијата е контрадикторна за оние што ја читаат, толкуваат “однадвор“ т.е. без разбирањето,толкувањето преку и во Црквата како Автор на Библијата, тоа е суштинско, елементарно нешто што се подразбира. Имено Библијата, Стариот и Новиот Завет, се пишувани во Црквата преку Светиот Дух, оттаму единствено автентично разбирање може да произлезе од Црквата, тоа никако не значи дека останатите не смеат, немаат право итн., да читаат, толкуваат, напротив, но сепак треба да се земе предвид автентичноста, лишеност, редукционизам..., без таа основа. :)

Од таа позиција, потоа пристапуваме со одредено „предразбирање“, како важен израз во херменевтиката, бидејќи човекот не толкува како „табула раза“, но со извесна свест, во нашиов случај, Христијанска.
Стариот завет не е полнота на Вистината, туку насетување на доаѓањето на Вистината, Христос...
Затоа, нерелеванто е да се толкува од нашата, актуелна хуманистичка перспектива наративи од минатото, особено од С.З., тоа се сосема различни конетксти, нивоа на свест, етика, егзистенција...

Ова никако не значи дека Бог ги одобрува, бидејќи допушта(но никако не сака) да се случуваат, но ги допушта заради Божјата педагогија да го ослободи човекот од смртта, еве да земеме пример со гнасниот пример(од наше гледање) со Лотовите ќерки, кои сексуално општат со својот татко откако ќе го испијанат, од нив се произлезени два народа Моавците и Амонците.
Но, како ги третира библијата? Народи кои војуваат со Израилот, ПОГАН непријател, род ИНЦЕСТЕН, ШЉАМ...

Исто така треба да земеш во предвид дека во тоа време полигамијата, левиратскиот брак, робовладеачките односи..., Стариот Израил ги дели тие норми со останатите народи од тоа доба. Парадоксално, денес пак сме сведоци на декадентната, деструктвина, глобалистичка политика која сака да го владее целиот свет, токму на такви норми, принципи кои ги користат за својата опскурна цел.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
444

Во самиот кораб имало боксови за сместување на пооделните животни, храна секако дека Ное набавил за себе и за своето семејство како и за животните.Впрочем за тоа имал време цели 120 години додека го градел ковчегот и се подготвувал за потопот Во ковчегот имало уште многу место и за оние кои би поверувале во предупредувањето и би сакале да се спасат.Но за жал такви немало.Сите се потсмевале и подигрувале со Ное.Откако почнал дождот и се затвориле вратите веќе било доцна.
Она што те соблазнува, а тоа е начинот на кој морале првите луѓе да создадат поколение, а кое ти го нарекуваш инцест, мене воопшто не ме соблазнува и не ме прави да се посомневам во веродостојноста на библијата или во божјата добрина и правда. Впрочем гледаме дека и полигамијата во старо време била нормална работа дури и озаконета, за што можеме да читаме не само во боблијата, туку и во други историски книги, како на пример Хамурабиевиот законик. Денес се озаконети во некои земји дури и истополовите бракови, па и црквата дава благослов на тоа, но тоа не значи дека Бог гледа со одобрување на тоа!Не би требало да бараме раски во супата која е совршено зготвена и има совршен вкус.А ако веќе бараме, нешто и ќе најдеме и за жал цела супа за нас после ќе нема вредност и ќе си останеме гладни во тој поглед.
.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
оттаму единствено автентично разбирање може да произлезе од Црквата,
Исто како што и муџахедините се единствените што можат автентично да си го толкуваат куранот, па да ги релативизираат или пак буквално сфаќаат повиците за колење на неверниците.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Исто како што и муџахедините се единствените што можат автентично да си го толкуваат куранот, па да ги релативизираат или пак буквално сфаќаат повиците за колење на неверниците.
Оние што убиваат во името на Бога се луѓе кои имаат фунаменталистички пристап кон верата и кога ќе го достигнат стадиумот на фанатизмот, го сведочат демонот автентично, кој е невидлив, но преку овие нелуѓе(демони) станува и тоа како видлив.
Официјалниот Ислам се оградува од нив, како што јавно се оградија и од оние во последните настани во Франција...
Овој твој став е провокација, некултура..., треба сериозно да го преиспиташ своето непознавање на религиите, бидејќи стануваш соучесник со оние деструктивни геополитички, светски манипулатори кои го негираат човечкото во себе воедно и Божествениот призив.
 
Тоа што само вие имате право автентично да толкувате свети писма не е провокација, ама моето прашање за тоа е провокација. А, зошто воопшто и треба толкување на свети писма? Зошто не сме добиле чисти и кристално јасни свети писма, кај кои нема да има простор за различни толкувања и манипулации?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Христос е Синот на Живиот Бог, Отец, Пантократор, и го направи она што не успеа Адам, слободно, личносно да го поврзе човекот и сето создание со Бог.
Така во тој случај, Адам ќе станеше Адам Христос, бог по благодат(Божјата енергија), што е призив од Бог и за сите нас. :)
Автоматски споено мислење:

Библијата е контрадикторна за оние што ја читаат, толкуваат “однадвор“ т.е. без разбирањето,толкувањето преку и во Црквата како Автор на Библијата, тоа е суштинско, елементарно нешто што се подразбира. Имено Библијата, Стариот и Новиот Завет, се пишувани во Црквата преку Светиот Дух, оттаму единствено автентично разбирање може да произлезе од Црквата, тоа никако не значи дека останатите не смеат, немаат право итн., да читаат, толкуваат, напротив, но сепак треба да се земе предвид автентичноста, лишеност, редукционизам..., без таа основа. :)

Од таа позиција, потоа пристапуваме со одредено „предразбирање“, како важен израз во херменевтиката, бидејќи човекот не толкува како „табула раза“, но со извесна свест, во нашиов случај, Христијанска.
Стариот завет не е полнота на Вистината, туку насетување на доаѓањето на Вистината, Христос...
Затоа, нерелеванто е да се толкува од нашата, актуелна хуманистичка перспектива наративи од минатото, особено од С.З., тоа се сосема различни конетксти, нивоа на свест, етика, егзистенција...

Ова никако не значи дека Бог ги одобрува, бидејќи допушта(но никако не сака) да се случуваат, но ги допушта заради Божјата педагогија да го ослободи човекот од смртта, еве да земеме пример со гнасниот пример(од наше гледање) со Лотовите ќерки, кои сексуално општат со својот татко откако ќе го испијанат, од нив се произлезени два народа Моавците и Амонците.
Но, како ги третира библијата? Народи кои војуваат со Израилот, ПОГАН непријател, род ИНЦЕСТЕН, ШЉАМ...

Исто така треба да земеш во предвид дека во тоа време полигамијата, левиратскиот брак, робовладеачките односи..., Стариот Израил ги дели тие норми со останатите народи од тоа доба. Парадоксално, денес пак сме сведоци на декадентната, деструктвина, глобалистичка политика која сака да го владее целиот свет, токму на такви норми, принципи кои ги користат за својата опскурна цел.
..немав намера да коментирам повеќе на оваа тема но твојата духовна "поткованост" не останува незабележана
...Исус влегол во Ерусалем на магаре,а неговите денешни следбеници возат BMW од 70000 евра
...Декадентноста,Неморалот,Манипулациите со пари треба прво да ги бараш во редовите на Свештенството кое со сите сили и по секоја цена го браниш...или и тие аномалии се вдахновени од Светиот Дух!??
...се прашувам само кој им го дал тоа право да толкуваат нешто што не е за толкување.Светиот Дух сигурно не!
...и за крај,Исус рекол: Јас сум Патот,Вистината и Животот...а не рекол:Јас им давам право на Свештенството да ме толкува за Народот да разбере:)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.811
Поени од реакции
7.185
Папава нешто кажал:

He says, “We cannot return to the false securities of the political and economic systems we had before the crisis.” стариот изгледа бил лажен, иако тие го изградија :lolzz:
...calling for the world to “build a better, different, human future.” :aplauz:

Е сега мене ме буни, дали тоа значи дека ќе дојде, па затоа мораат да изградат нов систем, за да не не казни, или нема да дојде, па мора ние сами да градиме нов систем, зашто се повеќе почнаа да губат верба и во религија и во државниот систем :toe:
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
444
Тоа што само вие имате право автентично да толкувате свети писма не е провокација, ама моето прашање за тоа е провокација. А, зошто воопшто и треба толкување на свети писма? Зошто не сме добиле чисти и кристално јасни свети писма, кај кои нема да има простор за различни толкувања и манипулации?
Всушност сме добиле.Светото Писмо е кристално чисто и јасно и никој нема ексклузивно право да го толкува.Тоа се толкува самото себе.Изгледа проблемот е во нас самите кои не сме се потрудиле да ги отвориме неговите страници и сериозно со детска доверба да побараме светлина и мудрост од него.
 
Има мудрост, точно. И никој нема екслузивно право да го толкува, точно.

Ама како на пример јас да го толкувам ова: „Thou shalt not wear a garment of divers sorts, as of woollen and linen together“? Како чиста глупост? Или како совет за подобар живот на тие што живееле пред 2000 години во пустината таму негде, па следствено на тоа да го изигнорирам?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Папава нешто кажал:

He says, “We cannot return to the false securities of the political and economic systems we had before the crisis.” стариот изгледа бил лажен, иако тие го изградија :lolzz:
...calling for the world to “build a better, different, human future.” :aplauz:

Е сега мене ме буни, дали тоа значи дека ќе дојде, па затоа мораат да изградат нов систем, за да не не казни, или нема да дојде, па мора ние сами да градиме нов систем, зашто се повеќе почнаа да губат верба и во религија и во државниот систем :toe:
:)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Тоа што само вие имате право автентично да толкувате свети писма не е провокација, ама моето прашање за тоа е провокација. А, зошто воопшто и треба толкување на свети писма? Зошто не сме добиле чисти и кристално јасни свети писма, кај кои нема да има простор за различни толкувања и манипулации?
Убави ти се прашањата за почетник, размисли, прочитај..., понуди одговор па ќе видиме како ќе оди муабетот(y)
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
444
Има мудрост, точно. И никој нема екслузивно право да го толкува, точно.

Ама како на пример јас да го толкувам ова: „Thou shalt not wear a garment of divers sorts, as of woollen and linen together“? Како чиста глупост? Или како совет за подобар живот на тие што живееле пред 2000 години во пустината таму негде, па следствено на тоа да го изигнорирам?
Тоа е стих од книга 5 Мојсеева, или Повторени закони.22 глава, 11 стих. Немој да носиш облека исткаена и од волна и од лен.- Како да го разбереме? Онака како што е напишан. Зошто? Јас лично сеуште не знам но оставам на Бога во свое време да ми го појасни и овој стих иако е само обично упатство кое требало Израелците да го послушаат .Не морам да се мачам и да го толкувам со својот ограничен ум.Но, веројатно треба да се земат во предвид тогашните(пред 3500 години) услови за живот, хигиенските околности, начинот на изработка на облеката.Пример во истата оваа книга има детални упатства за Евреите како да постапуваат при појава на заразни болести, упатства за карантин и лекување, кои ги користи и денешната современа медицина .
 
Така е. Тогаш немале секојдневен пристап до туш, па затоа и си сецкале кожинка. Среќа, ние како христијани сме биле мудри низ историјата, па сме сфатиле дека нема логика да го правиме тоа. Исто и со свинското и со сите други глупости како ова со волната.

Прашањето ми е зошто има луѓе што ги земаат здраво за готово ваквите, денеска неприменливи, напатствија, под превезот на „право на толкување“? И зошто светите писма не се откриле во една попроста форма, применлива за сите времиња, па подоцна да ни се откриваат како свето писмо v2.0. medieval.exe кога ќе ни затребаат временски, епохални совети кои ќе бидат глупост во иднината? Што фали на формата што ја имаат 10-те заповеди?

Убави ти се прашањата за почетник, размисли, прочитај..., понуди одговор па ќе видиме како ќе оди муабетот(y)
Одговорот е едноставен: исто како што куранот не е од збор до збор даден од Алах, така ни библијата не е од збор до збор мислата господова, туку кој како стигнал си пишувал, бришел и парафразирал, со цел да му одговара нему. Затоа и сета таа поетичност и можност за 2235 различни интерпретации. Затоа нема логика да бараме толкување, а уште помалку пак „екслузивно право“ над „автентичното“ толкување.
 
А кој вели дека тие напатствија оттогаш немаат важност и сега. Кога веќе го спомна свинското, многу малку христијани знаат дека Библијата го забранува милениуми пред да го забрани Куранот, и тоа важи и денес.Свињата си е свиња и тогаш била и денес е истата, чистач и сештојад и е нечиста за јадење.И современата медицина има детални студии зошто е тоа така и го забранува свинското месо на своите пациенти.Тоа за карантинот иако тогаш не знаеле што е бактерија сепак со верба во Божјиот збор и упатства го слушале, и важи и те како и денес.Но бадијала е да правиме муабет.Земете и читајте ја Библијата, зошто во неа не е откриен само планот на спасение преку Исуса Христа, туку има и историја, медицина, меѓучовечки односи и многу други совети од повеќе сфери на животот.Библијата е универзална Божја реч, и јас жалам, како што беше и овде предходно спомнато, што црквата или водачите на црквата(или на некои цркви) ја мистифицирале и го присвоиле правото да ја толкуваат забранувајќи на поединецот сам да ја чита и разбере, онаква каква што е.
 
Да не спомнеше библија, ќе мислев дека зборувам со муслиман. Не јадеш свинско? Исти се условите на фармите денеска и на ораниците во Израел пред 2000 години?

Дали во библијата се спомнати компирите и нивната штетност ако се јадат живи? Или не знаеле тогашните писатели за компирите и Јужна Америка, па не ги спомнале?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom