Овде не пишува дека Ева е создадена од реброто на Адам:
И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!”
А овде пишува дека животните се создадени после човекот:
Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.
И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови;
За потопот:
Пронајди ги димензиите на Ноевиот кораб, па пресметај дали во него може да се сместат толку животни заедно со храна и вода за една година. Да не те прашувам како успеал да фати толку многу животни, меѓу нив и кенгури од Австралија. Размисли колкава количина на вода била потребна и каде можела да се повлече после тоа. Дали после една година под вода ќе опстане нешто од растителниот свет. Многу, многу нелогичности.